Сонови, толкување на сонови

Член од
17 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
2
Не си во право, ако си некогаш читала за луцидно сонување тогаш се ке ти биде јасно за мојава теорија. Нашата потсвест складира слики и мемории од она што сме го доживеале во текот на денот и е еден вид на кеш меморија, се ресетира после одреден период. Значи сонуваме само тоа што сме го искусиле или виделе во последните 24 часа =)
Апсолутна вистина. Инаку луцидно сонување е кога во моментот на сонувањето сме свесни дека сонуваме а контролата на сонот е дел од луцидното сонување кога можеме да ги контролираме работите, но тука сепак се работи за вештина.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
56
Поени од реакции
10
Нашата потсвест складира слики и мемории од она што сме го доживеале во текот на денот и е еден вид на кеш меморија, се ресетира после одреден период. Значи сонуваме само тоа што сме го искусиле или виделе во последните 24 часа =)

Се согласувам, ама не ми е баш јасно што е работата со оние кои велат дека соновите им се исполнуваат. Многу нелогично а интересно.
Се надевам познавате некој таков...
 

Annastasija

Do Not Disturb Me ! Ok ?!
Член од
15 септември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
Веројатно можам сега да се убацам у темава и да си побарам толкување на нешто што ми се случува веќе три години... Еве ја последната ситуација, од пред два дена...

Се наоѓам во римско време, се движам по дрвен мост. Од мојата лева страна - војник, кој ме води на мојата венчавка. Под мостот еден куп војници, а истиот е соединет со една огромна палата. Спуштам поглед надолу и гледам дека ја немам десната нога - него некој железен уметок. Тоа е првата аномалија по која сваќам дека сум во луциден сон, па се обидувам да превземам контрола и да креирам нова ситуација, но не успевам, па единствено решение ми е да се разбудам. Креирам дупки во мостот и намерно рипам од едната. (Рипање секогаш ми резултира со будење ).

Еве го чудното: Добивам неверојатно реално чувство дека сум будна. Си велам ок, будна си. Кога се обидувам да ги отворам очите, тоа е невозможно, толку многу ми се тешки. Се обидувам да викам, но немам глас, тоа го правам со некој внатрешен. Добивам чувство на вкочанетост, тотална парализа на телото, како некој да стои над мене, болка во градите, забрзано дишење, страв дека умирам, немир, тежина. Слушам се што се зборува околу мене, будна сум, а не сум, а будењето е невозможно. Најневообичаено од се, е тоа што некој или нешто како да извлекува дел од мене, на надвор.
Колку повеќе влече, толку повеќе давам отпор и толку повеќе боли.
После неколку такви наврати, се откажав и потполно се опуштив. Чувството беше како некое тонење, пропаѓање, проследено со страв. Откако дозволив да ми се одземе делот од мене, или што и да е тоа, осетив неверојатно чувство на мир, спокој, олеснување, како никогаш до сега во животот. Си помислив - или сум будна или сум мртва. Ми прелета мисла да идам до кујна, и скоро не си се ни доискажав, стигнав до таму со неверојатна брзина. Ја видов сестра ми која погледна накај мене, но како да не ме гледаше, на што се чудев. Го спуштив погледот надоле и наместо себе видов белузлава - прозирна силуета одвоена од паркетот. Првата мисла ми беше - Боже што направив, морам назад. И исто онолку брзо како и првиот пат, се вратив во мојата соба, каде се видов себе си како спијам. Невидено збунета, цело време си повторував како морам да се вратам, морам, морам. И оддеднаш се врати чувството на болка, тежина, се она што го опишав погоре. Будењто сеуште тешко, но на крајот успев со едвај отварање на очните капаци, како да ми беа залепени.

Морам да напоменам дека бев свесна во текот на целиот сон и дека жими очи беше нешто сосема поинакво од луциден сон - порелано од неговата неверојатна реалност. Не постојат зборови да го објаснам ова.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
ако стигнал до некоја цел тогаш некој конечен успех односно нешто ќе заврши со успех, но ако постојано трча а не стигнува до некоја цел тогаш се работи за некоја тешка ситуација, работа и сл за која ќе мора да вложи многу труд.

кај татко ти сонот е многу оригинален и реален што мене повеќе ми звучи како вишок на енергија од која треба да се ослободи, а тоа може да е како резултат на покачени килограми или недоволна активност ( спортување ) во реалниот живот.
Стигнува до целта и пак назад се враќа од каде што почнал да трча. Не дека тоа е некоја патека за натпреварување, туку од едно место до друго.
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Се согласувам, ама не ми е баш јасно што е работата со оние кои велат дека соновите им се исполнуваат. Многу нелогично а интересно.
Се надевам познавате некој таков...
Тоа се настани кои се неизбежни со реалноста, и се тесно поврзани со нашите мемории од минатото кои можеме да ги наречеме како дежа ву. Значи ако денес сонував дека возам со колата и удрам во дупка, и по некоја случајност тоа се случи во реалноста тоа е само затоа што порано сум бил по тој пат и знам како е да се удри со гумата во дупката. =) Како што кажа членот погоре луцидното сонување е вештина и многу ретко некој ја совладува таа вештина, и кога заспива сонува што тој сака, си ги контролира своите соништа, но ниту еден од соништата од луцидното сонување не се остваруваат затоа што ние ги контролираме, додека овие нашите се рандом сонови и е објаснување за тоа што некои велат дека им се остваруваат но кога навистина не е така !
 
Член од
17 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
2
Океј, се извинувам затоа што се уфрлам со неповрзан пост во дебата за Фројд ... али, што значи да се сонуваат три прекрасни бели мачиња? :pipi:
Тоа е резултат на твоите желби односно љубовта и симпатиите спрема мачките.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Се согласувам, ама не ми е баш јасно што е работата со оние кои велат дека соновите им се исполнуваат. Многу нелогично а интересно.
Се надевам познавате некој таков...
http://www.scribd.com/doc/12932839/sigmund-freud-tumacenje-snova1 ова е линк од книгата на Фројд “Толкување на соништата„ и таму на стр 14 или 15 види што пишува за некој си Делбеф и ред други.

--- надополнето ---

Тоа е резултат на твоите желби односно љубовта и симпатиите спрема мачките.
а што ако не ги сака има луѓе кои не сакаат мачки а сепак ги сонуваат што ќе протолкуваш?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
56
Поени од реакции
10
Тоа се настани кои се неизбежни со реалноста, и се тесно поврзани со нашите мемории од минатото кои можеме да ги наречеме како дежа ву. Значи ако денес сонував дека возам со колата и удрам во дупка, и по некоја случајност тоа се случи во реалноста тоа е само затоа што порано сум бил по тој пат и знам како е да се удри со гумата во дупката. =) Како што кажа членот погоре луцидното сонување е вештина и многу ретко некој ја совладува таа вештина, и кога заспива сонува што тој сака, си ги контролира своите соништа, но ниту еден од соништата од луцидното сонување не се остваруваат затоа што ние ги контролираме, додека овие нашите се рандом сонови и е објаснување за тоа што некои велат дека им се остваруваат но кога навистина не е така !
Да, така е, но која е веројатноста да се случат настаните чиј што симбол сме го виделе во сонот а притоа сме имале некое ново искуство дотогаш непознато, на пр. непознати места, луѓе, ликови, итн?
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
http://www.scribd.com/doc/12932839/sigmund-freud-tumacenje-snova1 ова е линк од книгата на Фројд “Толкување на соништата„ и таму на стр 14 или 15 види што пишува за некој си Делбеф и ред други.

--- надополнето ---



а што ако не ги сака има луѓе кои не сакаат мачки а сепак ги сонуваат што ќе протолкуваш?
тогаш ги мрази мачките, мора да има некое силно чувство кое е врзано со мачките, а тоа е или љубов кон нив или омраза.

--- надополнето ---

Да, така е, но која е веројатноста да се случат настаните чиј што симбол сме го виделе во сонот а притоа сме имале некое ново искуство дотогаш непознато, на пр. непознати места, луѓе, ликови, итн?

тоа е речиси невозможно, јас еднаш сонував дека Lindsay Lohan ке добие рак. Не ме прашувај зошто но пред тоа ја гледав неа на телевизија како се шеткаше со цигара во раката. И замисли си пред некое време кажаа дека Lindsay има шанса да добие рак порадо честите фарбања на косата. Но јас го сонував тоа со добро објаснување ја видов како пуши цигара и самата моја потсвест цигарето го поврзува со рак на белите дробови. Сепак е прецизно но се базира на настан кој сум го искусил во минатото. =)
 
Член од
17 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
2
http://www.scribd.com/doc/12932839/sigmund-freud-tumacenje-snova1 ова е линк од книгата на Фројд “Толкување на соништата„ и таму на стр 14 или 15 види што пишува за некој си Делбеф и ред други.

--- надополнето ---



а што ако не ги сака има луѓе кои не сакаат мачки а сепак ги сонуваат што ќе протолкуваш?
јас не ги сакам мачките и често се случува да ми се појавуваат на сон и тоа во 99.9% од случаевите ги гледам како негативна појава односно ме напаѓаат,прават штета во куќата и најчесто се црни.
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
јас не ги сакам мачките и често се случува да ми се појавуваат на сон и тоа во 99.9% од случаевите ги гледам како негативна појава односно ме напаѓаат,прават штета во куќата и најчесто се црни.
Гледаш како погодив дека ги мразиш =)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Тоа е резултат на твоите желби односно љубовта и симпатиите спрема мачките.
патем појасни какви желби. Подобро толкување даде Skylark од тебе, а мене погоре ми велиш дека мојот сон не е поврзано со никаква желба! :pos2:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А да го ѕирнеше некој сонот од погоре :) баш да ве видам на дело...
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
А да го ѕирнеше некој сонот од погоре :) баш да ве видам на дело...
кој сон оној на анастасија? тој само може голем психолог да го протолкува толку уникатен сон е што само експерт може да и даде објаснување. Јас и дадов репутација за сонот најдобар сон досега,многу мистериозен и интересен. Јас да сум на нејзино место би се консулотирала со некој психолог.

--- надополнето ---

Гледаш како погодив дека ги мразиш =)

уствари тој го толкуваше сонот на Лејди Сатори така да прашање е дали таа ги сака?
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
кој сон оној на анастасија? тој само може голем психолог да го протолкува толку уникатен сон е што само експерт може да и даде објаснување. Јас и дадов репутација за сонот најдобар сон досега,многу мистериозен и интересен. Јас да сум на нејзино место би се консулотирала со некој психолог.

--- надополнето ---




уствари тој го толкуваше сонот на Лејди Сатори така да прашање е дали таа ги сака?

oh, what the hell =) исто е пак е поврзано за мачки, спеак мора да имаш силно чувсство кон нив за да ги сонуваш и ниеден психолог на оваа планета не може да протолкува сон за тоа какво значење има тој, затоа што никој сон нема значење за кое ние мислиме. Соновите се наша креација и не се создадени од некоја трета сила за да не упатат на некои правци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom