- Член од
- 29 август 2008
- Мислења
- 152
- Поени од реакции
- 5
Би сакал да знам доколку некој знае да ми го протолкува овој сон што го имав бидејќи навистина ме интересира што се крие позади тие сцени во мојата потсвест.
Додека бев Крушево, имав можност да се запознаам со родителите и пријателите на Тоше ПРоески и неговите најблиски роднини. Додека престојувавме Крушево, речиси секој ден го посетував гробот на Тоше и му оставав по некој подарок, но најчудното беше што:
- Првиот ден кога го посетив, таа ноќ го сонував Тоше како потпишува автограми среде маса од луѓе кои ги држеше обезбедувањето, а јас бев веднаш до Тоше (обезбедувањето не ме извлече назад во гужвата).
- Следниот ден исто го сонував Тоше кај што прегрнувам, а и тој мене, а потоа тој заѕвони на вратата од неговата куќа и мајка му ја отвори и го прегрна во солзи. Потоа се разбудив.
- Третиот ден го сонував Тоше како седи на маса со мене и правиме муабет во врска со тоа што се случи и неговата кариера, а тој само ми одговори: ,, Ме викнаа“. И се разбудив.
- Четвртиот ден ја сонував неговата фамилија расплакана, меѓусебно прегрнати додека гледаа во мене, а јас само немо ги набљудував, како да не можев да заплачам.
Другарите ми рекоа дека сум бил опседнат со Тоше откако го посетив гробот (што делумно е во право бидејќи нема ден оттогаш да не ги слушам и пеам голем број од неговите песни и да зборувам за него). Но, доколку постои некој што може да го протолкува овој ланец на сонови кои ги сонував додека бев Крушево би му бил многу благодарен.