Сонови, толкување на сонови

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Пред неколку вечери сонував како низ дома ми се шета еден голем пајак и како да идеше по мене, а јас цело време бегав од него (иначе навистина имам огромен страв од пајаци), имаше и некои другари и рдонини ако добро се сеќавам и ме гледаа од страна како бегам од пајакот и ми се смееја...
А сношти сонував како сум бил на нешто како забава некоја и имаше едно девојче таму, познаничка со која не контактираме многу, одвреме навреме така по некој муабет и тоа, иначе многу јака е... и едно време ме викнала дојди малце со мене и се сеќавам како ме носеше како низ некои ходници, се до една соба и седнавме така на земја и правевме муабет. Одеднаш ме залапа и почнавме да се муваме, ама толку беше реално што ми се чинеше во реалниов живот се немам со некоја толку добро лапано. Пореално чувство не сум имал досега на сон. И таман тргна на арно така, се разбудив (во 2 и пол попладнето :))...
Некој да знае да ги протолкува соновиве??? Благодарен однапред.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сонував мртви луѓе,не ја дознав причината поради која се убиени,знам само дека беа од друга вера (муслимани).Имаше отсечена глава на една жена со шамија која ме гледаше во сонот.Имав грозно чувство,но не газев крв,само го гледав тој ужас околу себе.
Што е ова?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
имав некој дилеми дали ке живем или не пред некоја година кога сон сонив ваков...

стојам јас на поле големо, рамно порамно ко пелагонско...на крајот од полето, мал рид...таму далеку

одеднаш длабок глас, строг но некако утешлив, познат, ми збори а не можам да го видам....погледни на ридот

гледам на ридот а таму Александар од мермер, се извишил поголем од ридот....


ке ме бидне за нешто или ке скинам конци на 33 години... ме копка со години??? кој ти знае... ке треба да почекам за да видам
 
D

Daftie

Гостин
Пред неколку вечери сонував како низ дома ми се шета еден голем пајак и како да идеше по мене, а јас цело време бегав од него (иначе навистина имам огромен страв од пајаци), имаше и некои другари и рдонини ако добро се сеќавам и ме гледаа од страна како бегам од пајакот и ми се смееја...
А сношти сонував како сум бил на нешто како забава некоја и имаше едно девојче таму, познаничка со која не контактираме многу, одвреме навреме така по некој муабет и тоа, иначе многу јака е... и едно време ме викнала дојди малце со мене и се сеќавам како ме носеше како низ некои ходници, се до една соба и седнавме така на земја и правевме муабет. Одеднаш ме залапа и почнавме да се муваме, ама толку беше реално што ми се чинеше во реалниов живот се немам со некоја толку добро лапано. Пореално чувство не сум имал досега на сон. И таман тргна на арно така, се разбудив (во 2 и пол попладнето :))...
Некој да знае да ги протолкува соновиве??? Благодарен однапред.
За првиот сон - пајак значело пари ко што знам јас, па сега комбинирај ти со стравот и големината на пајакот...
А за вториот сон, јас би рекла дека треба да си фатиш женска:helou:
имав некој дилеми дали ке живем или не пред некоја година кога сон сонив ваков...

стојам јас на поле големо, рамно порамно ко пелагонско...на крајот од полето, мал рид...таму далеку

одеднаш длабок глас, строг но некако утешлив, познат, ми збори а не можам да го видам....погледни на ридот

гледам на ридот а таму Александар од мермер, се извишил поголем од ридот....


ке ме бидне за нешто или ке скинам конци на 33 години... ме копка со години??? кој ти знае... ке треба да почекам за да видам
Аман бре човек, не размислувај одма така...
А што ти зборел Александар?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас го сонував првиот мој дечко и тоа во ходникот од бившото мое школо кое нема допирни точки со него.
Ме фатил за рака и ми рекол: Се врати да си ја бараш маката?

И што би значело ова?
Некој да го протолкува сонов?:nesum:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
Ја си го сонував сегашниот дечко сум го прашала шо ке биде со нас и ми одговорил дека треба да си најдам друг и ептен тешко ми падна на душичката .... :nesum:
 

nelo

Смрта е сигурна, животот не е!
Член од
29 мај 2008
Мислења
109
Поени од реакции
0
Ретко сонувам, а и кога сонувам имам само кошмари, но пред еден ден сонував како пукале во мене и тоа во црква и така лежејќи на земјата полумртов се разбудив. Кога се разбудив местото каде што во сонот ме погодиле со куршумот ми беше здрвено... Што може да значи тоа?
 
D

Daftie

Гостин
Ја си го сонував сегашниот дечко сум го прашала шо ке биде со нас и ми одговорил дека треба да си најдам друг и ептен тешко ми падна на душичката .... :nesum:
Според мене, тоа значи дека многу се сакате и долго ќе идете:smir:
 

BOBI_KOSA

Ишишан, Заклан
Член од
16 април 2008
Мислења
359
Поени од реакции
9
Еве една интересна работа. Јас на пример знам дека сонвам нешо и знам да го контролирам. Така нели ви се има случено во сон да неможете да трчате брзо, е јас се вртам обрато и трчам наназат.Или во сон ко ќе немозам да дишам знам дека устава ми е ставена на перница. Незнам како ама тоа е тоа.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ај ја да ви кажам еден сон...ќе се потрудам накратко да го раскажам ама многу е чуден...

Значи се спремам да идам на гости ама пред да отидам на гости требаше да се погрижам за едни близначиња машко и девојче (од по една година)...знам дека не беа мои децата ама јас се грижев за нив и само мене ме сакале а и јас ги сакав нив. Се погрижив за децава и требаше да влезам и да се избањам и таман да влезам туку се појавува кај мене дома на врата еден бездомник и ја замолува мајка ми да му дозволи да се избања кај нас и мајка ми го пушта. Човеков влезе во купатило а мене ме фати хистерија и ја почнав да се дерам и да вриштам викајќи дека каснам, треба да одам и дека ќе ми ја потроши целата вода а за мене ќе нема и татко ми се обидуваше да ме смири само да не викам и отиде да разговара со човекот. Во тој момент дојде кај мене жената на бездомникот сета насолзена во очите да ми се извини и да ме замоли да не викам... леле колку се мразев себеси во тој момент не сте свесни... и не знам што бидна...

Наеднаш се најдов со друштвово и заминавме кај едно езерце.Всушност во сонов мој тоа беше реката Вардар ама наликуваше на езерце. Мене ме натераја да влезам внатре незнам зашто. Јас влегувам во рекава и туку наеднаш околу мене се појавуваат сите мртви кои некогаш се удавиле во Вардар. Не можев да излезам од што имаше толку мртви тела до мене... и некако успеав да излезам...

Само што излегов се најдов на една ливада сосема сама, а на ливадава имаше еден гроб и еден татко над гробов кој настојуваше да го врати својот мртов син внатре, а овој со сета сила настојуваше да излезе надвор. Детево имаше околу 4-5години. Одеднаж од дете прерасна во возрасен човек т.е. во оној кој би бил доколку не умрел толку млад.Татково некако успеа да го врати назад во гробот и ја затвори плочота одозгора но во рака му остана едната патика на детево и почнаја да се слушаат гласови во стил-дај ми ја патиката... Татково успева некако да ја пушти патикава во гробов без притоа да излезе детево и ја се наоѓам како го гледам паѓањево на патикава внатре во гробов иако сум надвор а гробов е затворен... во тој момент гледам едно 4-годишно детенце со плави косичиња и си викам-а еве го син ми (кој бил мртов ама сеуште не бил роден самошто јас сум знаела уште предвреме што го очекува)...

Многу морничаво е... и знам дека е долго иако се потрудив да го скратам колку што можам сонов... Ве молам ако некој знае да ми каже што значи...
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Вчера сонував како ме бркале двајца кловнови со ролерки, но неможеа да ме фатат, т.е се разбудив. Има ли некакво значење сонов или се се должи на тоа што вчера ја прочитав цела тема за кловнови на Кајгана?
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Не знам дали значи нешто сонов, ама беше малце чудно...
Го сонував брат ми како дух и само јас можев да го видам, никој друг. И сега за да "oживее" јас му ја повторив бројката 31 четири пати и бројот 4 триесет и три пати.. и не беше веќе дух, и после и сите останати го гледаа. Имаат некакво значење бројкиве и целава работа со дух..?
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Вчера сонував како ме бркале двајца кловнови со ролерки, но неможеа да ме фатат, т.е се разбудив. Има ли некакво значење сонов или се се должи на тоа што вчера ја прочитав цела тема за кловнови на Кајгана?

Хмм, да, тоа најверојатно значи дека ке те изеде некое големо колаче:vozbud:
ОК, шала на страна сонот најверојатно се должи на тоа што пред тоа си читал за кловнови и мене така некогаш, пример читав на кајгана за куќи опседнати со духови, па цела ноќ сонував дека сум во некоја опседната куќа, ме бркале духови и слично...:toe:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Пред некоја вечер сонував дека сум правел сообраќајка со скутерот, имало многу народ и врнел силен дожд...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom