Позитивно бев изненаден од пристапот во второто полувреме на нашите фудбалери. По раниот гол мислев дека ќе паднат психички и дека ќе примиме уште некој, но сепак се бореа до крај и затоа и беа наградени со аплауз.
Голот го примивме многу ефтино, не смее да се прави такви грешка во одбрана, како што ја направи Новески. Во останатиот дел од натпреварот одбраната беше на добро ниво, Русите не створија ниту една конкретна шанса. Факт е дека не дадоа можеби максимум, и сакаа рутинирано да го добијат овој меч, но верувам дека во второто полувреме не им беше сеедно заради притисокот кој го наметнавме.
Во среден ред Деспотовски беше доста активен на овој меч, Ибраими солиден, Тричко во прво полувреме имаше добри пробиви, а Ѓуровски не толку забележителен, но имаше неколку добри пасови.
Ристиќ внесе свежина во тимот, но сепак лично не би ставил 2ца крупни напаѓачи заедно во нападот затоа што немаат брзина за нешто поопасно освен нафрлени топки. Илчо изигра доста солидно, но едноставно никогаш не ми се допаѓал како играч и нема да го сменам тоа мислење преку ноќ. Навистина се бори и се тоа, ама претерува со неговите фаули во напад (иако дел нереално досудени), а и постојано паѓа и се обидува да изнуди некои евтини фаули. Пеналот во никој случај не требаше да го шутира на исто место како со Ерменија.
Генерално, се се сведува на тоа дека не знаеме да дадеме гол. И во изминатите циклуси многупати сме биле сведоци на одлични партии од нашите фудбалери, доста шанси но на крај од секој циклус ние немаме ни 1 гол во просек на натпревар. Се дури не се смени реализацијата, нема напредок.
Теоретски на хартија сеуште сме во игра за некоја позиција погоре, но факт е дека овој циклус е речиси загубен и не е лоша идеја да има некоолку освежувања од младинската екипа во пролетниот дел од квалификациите.