Македонска фудбалска репрезентација

Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Судијата ви е крив а?

Или можеби требаше да трпи симулирање повреда во 85та минута при резултат 0:0, лежење на терен, и магично заздравување при излегувањето од теренот.
 
Член од
15 април 2010
Мислења
24
Поени од реакции
0
Судијата ви е крив а?

Или можеби требаше да трпи симулирање повреда во 85та минута при резултат 0:0, лежење на терен, и магично заздравување при излегувањето од теренот.
Мхм, судијата ни е крив, тебе не ти е ?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Мхм, судијата ни е крив, тебе не ти е ?
Не, Пичков. Овај Шиков.

И јас сум крајно разочаран од резултатов ама да бидеме реални момци.
Поаматерско симулирање повреда не сум видел во животот.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
За сите што не им е јасно, овој доби втор жут заради тоа што се врати на терен без судијата да дозволи. Иако мислам дека е престрога одлука да се даде жолт за тоа. Пошто гледам некој пишуваат дека било за симулирање.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.879
Поени од реакции
16.091
Ристиќ во прва постава против Ерменија.:smir:
...ако не го увиде тоа на овој натпревар Јонус нека си поднеси оставка...мизерија тешка беше Наумовски.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Заборавив да спомнам. Шкртел многу си даваше за право, wannabe асистент судија.
Ќе го припитоми Дрогба у ПЛ, не му се секирајте
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Добра беше тактиката се отиде по бод со можнос некоја контра да фатиме вие ако мислите дека сме Бразил тоа е друго.

Се беше добро но судијата не реши на крајот а и си немаме среќа во 90 минута гол ни дават.
Сум гледал и поголемо лежење по терен па судијата не делел жолти освен на голман нека продолжи 10 минути ако мислел дека се задржува а тој црвен.
И што пљукате по играчите и Јонуз незнам...
Прочита некој репортот од Седлоски за Словачка дека се спремаме да играме дефанзивно?
И бод да земавме супер ќе бевме пошто јаки биле словаците на домашен терен.
Викам јаки пошто со нас беа дупка жива,заслуживме најмалку бод.
А оној коментаторот повеќе сум го пцуел од судијата,по мртво коментирање не сум слушнал до сега.
Алооо Македонија играше,оди види Хрватине што прават кога им игра Рватска.Фаил најголем!Фифа бетер од фаил е....


Ги делам мислењата цитирани погоре потполно.

Целта беше бод како добар резултат.

Можностите ни се толку и нашите таа цел ја реалзираа наполно и ЌЕ ја реализираа доколку небеше црвениот картон и несреќниот гол.
Гледано според изгледите за гол ,би рекол дека дури бевме и подобри ,бидејќи барем малце да не послужеше среќата можеше лесно да победиме.

Е сја то е то...

Како нација треба да создадеме позитивна атмосфера, нетреба да плукаме по момците кои го носат дресот на националната фудбалска репрезентација без разлика дали лично сметаме дека го заслужуваат или не.

Сепак репрезентацијата е институција и така треба да се однесуваме кон неа, доколку барем малце имаме почит кон земјата и самите себеси се идетификуваме како Македонци.

Понекогаш реалната критика придонесува за подобување на работите, ама константното плуќање никогаш.
Посебно не пред натпревари и не меѓу кфалификациски циклуси.

Така да...
јбг..пораз ко пораз, составен дел од играта...нетреба многу да не вознемирува и да не поколеба силно да ја подржуваме репрезентацијата на наредниот натпреват.

Јонуз е селекторот тој одговара за лошите резултати ,па да го оставиме да го составува тој тимот !
Наше е да создадеме позитивна атмосфера....еуфорија со која ќе покажеме колку ја сакаме Македонија и на момците ќе им ја пренесеме таа позитивна атмосфера во наредните походи!

Ова вечерва останува завршена приказна. Минато.

Да се насочиме кон новиот натпревар , со сите сили да се обидеме да победиме !
 
Член од
15 април 2010
Мислења
24
Поени од реакции
0
Ристиќ во прва постава против Ерменија.:smir:
...ако не го увиде тоа на овој натпревар Јонус нека си поднеси оставка...мизерија тешка беше Наумовски.
Богами, пријатно се изненадив колку подобро играше Ристиќ од последен пат коа го гледав кога играше за репрезентација. Дефинитивно треба да биде стартер наредна.
А Шиков, не фала.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Ај што симулира повреда па после уште се прави будала и изиграва курац. Секоја чест за асистенцијата на Хамшик, како само го пројнаде.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ристиќ во прва постава против Ерменија.:smir:
...ако не го увиде тоа на овој натпревар Јонус нека си поднеси оставка...мизерија тешка беше Наумовски.
Наумовски цела кариера е тешка мизерија. Ристиќ е многу подобра опција, а средниот ред треба под хитно на ремонт.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Судијата ја расипа цела утакмица маме му ебам гроб да нема :nerv:
 
M

mercenary

Гостин
Не ми е криво што се браневме и игравме на бод ама барем да се браневме како што треба.Јасно беше како ден дека опасноста доаѓа само од Шток а Јонуз не превзема ништо за да ја засили десната страна...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.923
Поразот ни е апсолутно заслужен според мене, еве и зошто мислам така:

1. Словачка не не надигра како екипа и уште три дена немаше да не надиграат, да имавме саглам тренер кој ќе знаеше да ги искористи нивните слабости. Имаа посед на топка, назад беа за греота, плачеа за да примат гол. Немаше кој да тргне да го даде.
2. Во ситуација кога зачестија контрите од наша страна и Пандев, Ристиќ и Тричко почнаа да прават проблеми, Јонуз немаше онакви да игра на победа, го извади Тричко и го уфрли Грнчаров. После тоа се играше на еден гол - нашиот.
3. Нашите задржуваа топка уште од прво полувреме. Ни една екипа која не игра со противник 6 класи подобар од неа не го прави тоа. Наместо да ги казнуваме за грешките, ние лежевме. Црвениот картон на Шиков е АПСОЛУТНО ЗАСЛУЖЕН. Дечкото се испонаша како прав аматер. Симулираше повреда и лежеше на терен, судијата му дозволи. Се влечкаше до аут линија, каде одеднаш рипна како препороден и се затрча да влегува. Сум видел многу такви картони и судиите не пијат масло. Арно му е. Друг пат нека мисли со главата и нека се влечка уште 10 секунди пред да се затрча да влезе.
4. Селекторот треба да ја смири тензијата за да може екипата сконцентрирано да го доигра натпреварот. Пандев и останатите направија притисок колку што требаше со цел да се украде време. После тоа, нашиов селектор се јуначи и добива црвен, и го прави хаосот уште поголем.
5. Следува казната, како и обично.

Ние можеме да бидеме нервозни колку сакаме ама тоа не помага, како што рече некој погоре, филмов трае 20 години. Најстрашно од се е што не можеме да научиме од грешките, туку ја вергламе истата приказна:

1. Дека сме оштетени
2. Никој не не сака
3. Немавме среќа
4. Ќе видат они во Скопје ако не заборавиме до тогаш
5. Убаво би било да се користат шансите...

И ред други глупости што се репризираат од 1993 наваму.

Ако мислите дека не сме заслужиле пораз, ваш проблем. Нервозата им ја разбирам на сите, нервозен сум и јас. Не од поразот, туку што не можеме да го сватиме ова:




За пофалба се нашите фудбалери, кои се борат, даваат се од себе, имаат желба да направат нешто. Не се тие виновни што нашиот фудбал го водат луѓе кои не се достојни на задачата.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
ШИКОВ од неискуство го направи тоа ама срамота е да се плука по играчите и по Јонуз одигравме сосема солидно Словаците имаа би рекол повеќе ДУПКИ ВО ОДБРАНА што НЕ ГИ ИСКОРИСТИВМЕ.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.901
Поени од реакции
7.430
Јонуз е толку дебилен човек..тоа е неверојатно...не го става Марио да игра...го стаил Георгиевски...пу да ти ибам зелкарот стави 6 во одбрана и пак им избега тој..посрана работа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom