Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ја мислев овие појаки се, ослабнале од пред месец - два или па Јонуз ја најде стратегијата? :pos:
 
Добра акција на Пандев и Тричко ама ај заборае топката. :(

Инаку ние имаме одбрана и напаѓачи, кај нас не гледам везњак некој, или нешто што е најпотребно во денешниов фудбал, атакинг мидфилдер и плејмејкер.

--- надополнето ---

Абе ја мислев овие појаки се, ослабнале од пред месец - два или па Јонуз ја најде стратегијата? :pos:
Словачка јаки, оти? Дека ја победија Италија? :icon_bigg
 
Средниов ред ни е тапа!
Значи никаква креативност,никакви додавања до напаѓачите,ама баш ништо.
Македонскиот Џерард алијас Величе Шумуликовски е очаен.Ја стварно не знам зошто уопче Јонуз го вика за репрезентација.
А,и Пандев е слаб.Искрено освен утакмицата со Шпанија,Пандев никогаш не играл брилијантно за Македонија.
 
Абе ја мислев овие појаки се, ослабнале од пред месец - два или па Јонуз ја најде стратегијата? :pos:

Стратегијата е јасна: ќе се браниме дури можеме, ако го примиме ќе нападнеме. Како и секогаш :pos:

Шала на страна, добро играме одбрана, но мора и да размислуваат за контри, очигледно одбраната им е ранлива на Словаците. Играва ни одговара затоа што во средината не ни треба да водиме борба, секако сме многу послаби таму. Само назад и контри, нема друго.

--- надополнето ---

[QUOTE='Боби[Мкд]
Словачка јаки, оти? Дека ја победија Италија? :icon_bigg[/QUOTE]

Па ја мислев дека е доволно тоа да ги прогласиме за јаки ама ене ја Италија губи од Естонија :pos:
 
Ајде да напрајме петиција Величе да не заигра никад за Македонија.Или да отвориме група на фејс!
Ама озбилен сум.

Сега Пандев да ја смиреше подобро топката и да им го закачеше на словациве ќе им влезеше вода в уши.
 
Ах таа средина, креативност=0
Само добро е сепак, се носиме колку толку иако не убиваат со посед на топка, не ми изгледаат нешто особено словациве. Уш една топка Пандев така да му помине и ги добиаме сигурно.

Ајмо НАПРЕД НАШИ!!!

П.С. Многу наши навивачи таму бе, само они се слушаа :)
 
Не мудросувајте многу има уште едно полувреме и се надевам дека сега сме свесни дека мораме и во второ да играме. Мене искрено не ме плашат толку нападите на Словачка факт е дека не сме потценети ама мислам дека Словациве немаат некоја голема мотивација и желба по успехот на СП и затоа играат вака би рекол развлечено. Само да не направиме кикс во одбрана и може да рачунаме на поволен (нерешен) резултат или дај боже да свирнеме некоја контра.
 
Ајде да напрајме петиција Величе да не заигра никад за Македонија.Или да отвориме група на фејс!
Ама озбилен сум.

OK. Кажи прво кој да игра наместо него и зошто?
Труба сме во средина, да вртиме како сакаме, немаме играчи што можат да се носат таму. Само од нервоза можеме да си пишуваме тука ама за проблемот нема решение.
 
едно блиц прашање: Само кај мене е тиња преносот????
 
Задоволен сум од прикажаното,само нека продужат вака или подобро.Овие нема шанси да не дадат гол освен ако не си дадеме автогол..нема никој у наш шеснаесетник.Цело време кружат како Баерн што кружеа против Интер.:) Да искористиме една шанса од контра како таа на Пандев и ќе тепаме.
 
Мора Ѓуровски да влезе во игра како замена за еден од овие 3-ца, да им ебам “креативноста“. Инаку го обравме бостанот.
 
Би го ставил Тасевски,Лазевски би го стаил лев бек,а Попов би го ставил понапред во среден ред да делува по левата страна.
Или пак Гроздановски.
Тројца играчи кои подобри би биле од овој волов.
 
Тешко ќе биде.
Многу борба и дуели видовме...
Се надевам дека дефанзивците ќе издржат и во второ,засега се најдобри.

Можеби место наумоски ќе треба некој побрз да ставиме ,можда Марио...не ни вреди на скок-дуели да играме оти малце прилики за нафрлени топки имавме ,да не речам ИЧ !

Мораме да ја рашириме играта по страните ако веќе играме со Наумоски или Ристич како замена ,или ако Марио влезе место него ,строго по средина и на дриблинг или дупли пасеви...

Тричкоски онака солидно игра...
Попов можда физички најспремен е ,али дефинитивно понекогаш му недостига координација..
Пандев тоа што го изигра беше солидно..

Ајде да стискаме палци и да се надеваме на поволен резултат.

Словациве се навистина добри ,имаат неколку ептем добри деца ,али дефинитивно не се неранливи и непобедливи вечерва!!!
 
Како и да е, да сумираме, во овие 20 нешто години од кога постои репрезентацијава, 4 поврзани паса се немаат сеуште случено :icon_lol: Го чекам тој момент со душа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom