Македонска фудбалска репрезентација

Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Епа варијантата сам одлучи по ова што ќе ти го кажам ... Македонија имаше само 1 шут во рамки на гол и 1 покрај гол ... Акција не сврзавме, немавме средина отсечена ни беше а Романците ептен многу напаѓаа само што или беа глупи или ептен немаа среќа да реализираат .. :vozbud:

И ти уствари знаеш што кажа??? НИШТО!!..Кажи дали имале убави шанси Романциве за да не напунат, не дали ја воделе топката цело време.
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Одигравме доста зрело, покажавме карактер дека можеме да играме машки до крај малку дефанзивно но тоа е дел од тактиката на Мирсад...
Ми се допаѓаат новите освежувања во тимот, можни се многу комбинации и ротации со нив. Браво за Македонија! :vozbud:
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.743
Поени од реакции
1.003
Нема врска тоа, луѓе се, не роботи, еве една оноа апла точна работа што ја има кажано Мурињо пред година дена, кога фудбалерите излегуваат на теренот не постојат млади и стари играчи, не постојат освојувачи на '' златна топка '', нема нови играчи, кога излегуваат на теренот се што гледаме е 11 играчи против 11 играчи и сите се еднакви на стартот.

Бар на физички план да зајакне играч не е некоја филозофија, се е до тренинг методот, е сеа Јонуз дали е кадарен бар во тој поглед да ги ујача и да ја гледаме Македонија во едно асално светло 90+мин незнам, ке видиме од наредниот квалификациски циклус, до тогаш, стандард за нас македонците, ке бираме некој трет фаворит на големите натпреварувања, во случајов светското. :)

--- надополнето ---


Не го гледав мечов, не сум кадарен да коментирам, али што подразбирате вие под дефанзивна игра ? Противникот да напаѓа и да создава милион шанси и факторот " 0 реализација '' да е пресуден ? Или тимот да се брани и да го неутрализира оној кој напаѓа во креирањето на прилики за гол ?

Која варијанта денес ја гледавме ? Тоа ме интересира ...
Денес ја гледавме првата варијанта шо ја напиша...имавме среќа шо не примивме најмалку 2 гола ( имаа и една статива Романците во прво полувреме )...како и да е победа си е победа , без разлика дека не заслуживме да победиме...и не е проблемот тоа дека цело време игравме дефанзивно...најголем проблем беше тоа што не сврзавме повеќе од 3 додавања , а за шанси па ич да не правам муабет...се кладам дека поседот на топка беше над 70 % за Романците...од тоа шо го видов само Попов , Нурединоски и двата наши централни бекови изиграа колку толку во ред...сите други беа дрва невидени...со вака слаба игра ништо не правиме на следните квалификации.
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Тоа ти е македонската неблагодарна работа, кога имаме и резултат, да не си задоволен бидејки си играл дефанзивно цццц
Епа како да си задоволен кога репрезентацијата има игра која не ветува иднина... која не ветува настап на големо натпреварување. Факт е дека победивме, и тоа ме радува... ама факт е и дека романците имаа лош ден. Ако продолжиме да играме вака, со ваква тактика тешко дека ќе мрднеме од местото на кое што сме сега.
Сепак ова беше пријателски натпревар на кој беа пробани повеќе играчи и се пробуваа повеќе комбинации. Во текот на квалификациите очекувам течна игра и поофанзивна иако мислам дека ќе остане проблемот со средниот ред каде што речиси на секој натпревар потфрлуваме.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Па тоа е финтата бе Carter ! Имаа доста шанси али не знаеја да ги реализираат ... Или директо во Нурединовски ќе шутнеа или во гол аут ...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Добро е, од овие балканскиве ривали ги тепавме конечно и Романците после Турција и Хрватска.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Kade moze da go vidime golot i nekoj HIGHLIGHTS lugje ..ajde nekoj neka dade link pls:)
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
цццццццццццццццц групно гушкање при завршуванњето на средбата,во главна улога Јонуз,ја победија веле силата во фудбал РОМАНИЈА,со прекрасна и доминантна игра во текот на целиот натпревар:vozbud: ццццц
Па да плачат ли ?? незнам што ти е филмот паметен се направи што,ај да сереш да изгубевме ама сега:toe: без Пандев,со играчи кој не играле заедно или првпат или ретко играат и во составот како Куртиши,Савич,Тричковски,Алими,Ибраими,Илиовски и Шиков победивме епа ај да не се радуваме..Не изигравме како што треба лоши проигрувања али имавме среќа и победивме..игра се брише резултат се пише :smir: Инаку пак не мачи многу средината..Величе и кога игра во топ форма пак не е некој креативец повише накај дефанзива е...ни треба креативец,Попов одличен,Баже не е за во репрезентација Деспотовски колку и да игра со срце и да дава се од себе некако мора да имаме подобар ако сакаме подобри резултати,истото го мислам и за Славчо.Нурединовски некако посигурен ми е од Пачовски,Новески и Митревски супер си беа за другите не ги ни видов многу многу незнам што да кажам.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
За Нурединовски се согласувам !!! Посигурен, поснажен, повисок ... Едино во рефлекси е малце послаб ... мислам ...:tapp:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Прво едно големо .!. за нашиве ТВ. Штом Digi пренесуваше, сигурно можеле да ја земат и нашиве утакмицава.

Глеав само последните 30 минути, и со оглед на играчите со кои игравме, ова е супер резултат. Ма да и Романциве немаат некојси јак тим. Сега го немаше Пандев и неможеше игра подај му на Пандев, затоа очекував топката да шара, но видов дека некои од нашиве не знаат ни да подаваат. Немаше никаква идеа кај нас. Ебати тактиката на Јонуз, тој ако имаше смислено тактика за денеска ја идам за хуманитарец у Палестина.

Најдобра варијанта е Марио да се врати поназад, да игра како СМ, а Пандев ќе мора да игра позади напаѓачите зошто немаме средина. Шумуликовски и Деспотовски се дупки, дури ни во дефанзива не играат ко што треба. Формација 4-3-1-2 би ни одговарала, Попов е доволно квалитетен да прави продори, а и Лазаревски и Тодоровски не се лоши во тоа. Само се мислам дека Јонуз ќе игра со 4-3-3.
Али во квалификациите битен е резултатот, а не играта, така да и вака да тепаме ќе бидам задоволен.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
цццццццццццццццц групно гушкање при завршуванњето на средбата,во главна улога Јонуз,ја победија веле силата во фудбал РОМАНИЈА,со прекрасна и доминантна игра во текот на целиот натпревар:vozbud: ццццц
Италија има колку ти душа сака вакви победи, титули на СП и ЕП освојувале овака па шо сеа да жалат ли. Грција цело ЕП во 2004 го изигра овака со победи од по 1-0 и на крај си ја земаа титулата.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не го гледав дуелов и не можам да коментирам многу, но во секој случај за рејтингот се добри победите против повисоко пласирани репрезентации.

Со ваков шарен тим, без дел од главните играчи, нормално е да нема којзнае каква игра, не знам што мрчите.

Ако јас се прашувам, попрво би избрал да имаме секој меч тиња игра и да се пласираме на некое првенство, него како до сега, 100 пати да гледаме одлична наша игра со многубројни шанси, и на крај пак да останеме со празни раце. Преку таквое ми е од игра без резултат.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Попов во Њукасл најверојатно догодина
 

Kajgana Shop

На врв Bottom