Македонска фудбалска репрезентација

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Што е со Васоски бе ?
Зар уште е повреден.. ?
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Аееееее, зашо бе Митрески се повредил, неговото отсуство може многу да ни расипе :(
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Митрески ќе осуствува до крајот на сезоната (а тоа е за месец-два), а репрезентацијата ќе има квалификациски дуели дури во септември... така да... ништо страшно.
Васоски се врати пред некој месец, и по само неколку одиграни меча повторно се повреди. Јбг, тоа е :toe:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Тоа што ни беше најдобро одбраната сеа и тоа ќе биде слабо со овие повреди..малери сме ама ај белким ќе најде добри замени очекувам Мојсов да влезе на место на Митревски.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не може Стерјовски да игра за Македонија, има еден куп настапи на официјални натпревари за Австралија :)
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Не може Стерјовски да игра за Македонија, има еден куп настапи на официјални натпревари за Австралија :)
Мислев ако никогаш не играл за Австралија. А инаку, не верувам дека би придонел многу. :) (според сегашната форма.)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Sion mu vraci otkaz na Mitreski
Makedonskiot internacionalec od redovite na Sion, Aleksandar Mitreski dobi otkaz od svojot klub poradi, kako sto soopstija od svajcarskiot prvoligas, neprimerno negovo odnesuvanje i poseta na kazino i pokraj nekolkute opomenuvanja od strana na rakovodstvoto na klubot.
Kako sto prenesoa svajcarskite mediumi, Mitreski zaedno so uste eden fudbaler od Sion e osloboden od obvrskite poradi toa sto nokjta na 26ti mart posetil lokalno kazino vo Svajcarcija pred natprevarot so Bazel, koj timot go ocekuval na 27mi mart.
Sepak, advokatot na nasiot fudbaler najavuva tuzba protiv vakvata odluka na rakovodstovo poradi sto istata, kako sto istakna, e apsolutno nepravedna i neopravdana koja e sprotivna na dogovorot za sorabotka megju dvete strani zatoa sto Mitreski ne go narusil osnovniot profesionalen kodeks na klubot dopustajki si nedozvoleno odnesuvanje nokj pred vazen prvenstven natprevar so sto otkaz e dopusten so odluka na upravata na klubot.

izvor: Makedonski Sport
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.551
Поени од реакции
7.102
Дарко срам да ти е дарко :pos2:



 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
По речиси половина година откако беше повикан за пријателскиот натпревар, што лани на 11октомври го одигравме против Катар (2:1), фудбалерот на српскиот прволигаш Војводина Марио Ѓуровски, конечно, ќе добие македонско државјанство.
- Марио в недела ќе пристигне во Скопје со комплетираните документи, по што ќе започне забрзана процедура околу вадењето на македонско државјанство. Верувам дека се ќе биде во ред и со ангажирањето на Марио Ѓуровски ќе ја засилиме конкуренцијата во репрезентативниот среден ред - информира селекторот Мирсад Јонуз.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мислев ако никогаш не играл за Австралија. А инаку, не верувам дека би придонел многу. :) (според сегашната форма.)
Играше и на Светското 2006 за Австралија, сосема солиден играч од средината на теренот, а за сегашната форма врска немам.
Тоа што ни беше најдобро одбраната сеа и тоа ќе биде слабо со овие повреди..малери сме ама ај белким ќе најде добри замени очекувам Мојсов да влезе на место на Митревски.
Има де време до септември ќе се опорават до тогаш. Иако факт е дека мора да се бара замени во одбраната, Седло е веќе на залез, Васоски за жал не може никако д асе опорави, Митрески исто така во години.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Русија не прифати да игра во пријателски термин

Натпреварувачкиот календар за Б-групата од квалификациите за ЕП-2012 останува според ждрепката што беше направена во Тел Авив
Желбата на македонскиот фудбалски селектор Мирсад Јонуз да ги проретчи двојните квалификациски обврски во Б-групата од квалификациите за ЕП-2012 нема да се оствари. Понудата од ФФМ до носителот во групата Русија, првата меѓусебна пресметка есенва, во рамките од 4. коло, наместо на 12 октомври да ја поместат во пријателски термин на 17 ноември, не е прифатена.

- Од Москва ни возвратија на нашиот предлог дека не прифаќаат ваква рокада во натпреварувачкиот календар. Во Скопје ќе дојдат да гостуваат според распоредот што беше направен со ждрепката во Тел Авив од страна на УЕФА, вели Игор Климпер генералниот секретар на ФФМ кој на крајот од минатиот месец писмено побара согласност за поместувања во календарот.

Македонија во Б групата ќе игра со Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора. На средбата во Москва делегациите не најдоа заеднички јазик за договорен распоред, па работата ја заврши УЕФА со ждрепка во Тел Авив. Новиот квалификациски циклус Македонија според ждрепката ќе го почне со четири средби во два двојни термини (вторник-петок). На 3 септември годинава ќе гостува кај Словачка, а четири дена потоа (7) ќе биде домаќин на Ерменија, додека пак на 8 октомври гостува кај Андора, а на 12 ќе ја пречека Русија.

Преостанатите шест квалификациски обврски остануваат за идната година. Од нив само пресметките со Република Ирска ќе се играат во одвоени термини на 26 март и 4 јуни 20011 година. Другите четири средби ќе бидат во двојни термини во септември и октомври како и на стартот од квалификациите есенва.

- Добро е да договориме да играме квалификациски натпревари и во пријателските термини. Македонија може многу повеќе да пружи и да забележи подобри резултати кога игра само еден меч. Два натпревари за само четири дена се голема обврска и товар за репрезентацијата, беше коментарот на селекторот Јонуз пред составувањето на календарот.

Еден од адутите на селекторот Јонуз во стратегијата чекор по чекор до баражот, не е исполнет. Јонуз со своите избраници низ подготовките што на 29 мај и 3 јуни ќе ги имаат на неутрален терен во Австрија, со Азербејџан и Романија и на генералната проба на 11 август, нагости кај Малта, ќе треба да се подготват за изненадувањето што го најавија по ждрепката за составот на групите во хор со челниците на ФФМ
 
Член од
6 април 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
neka go zemat tanevski od leh,togas ke primaat pomalku golovi
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Седлоски ja завршува играчка кариера




Македонскиот репрезентативец во редовите на австриски Матесбург ова лето ќе стави крај на својата професионална кариера, но ќе продолжи да биде во стручниот состав на тимот

Интернационалната кариера Гоце Седлоски ја почна во 1996 година кога отиде во сплитски Хајдук од прилепска Победа, а играше и за ангилскиот лигаш Шефилд за подоцна повторно да се врати во Хрватска, но овојпат во екипата на Динамо.

Македонскиот интернационалец во својата кариера настапуваше и за Дијарбакирспор во Турција, а од 2006 г. е фудбалер на Матесбург од Австрија.

Селдоски дебитираше во првиот состав на Македонската фудбалска репрезентација во 1996 година,а досега има одиграно 99 натпревари, бројка која го прави фудбалер со најмногу настапи во нашата селекција.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
СО НОВА ФУНКЦИЈА
Седлоски од фудбалер ќе стане директор

Фудбалерот со најмногу настапи во репрезентацијата на Македонија, Гоце Седлоски, по завршувањето на сезоната во австриската Прва лига, ќе стави крај на богатата фудбалска кариера. Долгогодишниот капитен на македонскиот национален тим е единствениот странец што од раководството на Матерсбург доби понуда да остане во клубот како функционер. Се уште не е познато која ќе биде неговата следна работна задача, но, неофицијално, се работи за една од директорските функции во Матерсбург. - Гоце Седлоски го заслужи тоа со максимално коректниот и чесен однос кон клубот, долгогодишната верност и одличните игри. Тоа е нешто што ретко се наоѓа кај луѓето, а Македонецот го поседува тоа - се вели во клупската изјава објавена на веб-страницата на Матерсбург. Триесет и седумгодишниот Седлоски со прекинување на активната кариера ќе стави крај и на богатата репрезентативна кариера. Во црвено-жолтиот дрес има одиграно 99 натпревари и постигна осум гола. Му надостига само уште една средба за да дојде до фамозната бројка од 100 натпревари во репрезентативниот дрес, што најверојатно ќе се случи на еден од двата наредни пријателски натпревар што Македонија ќе го одигра со Романија и со Азербејџан и тоа на неутрален терен во Австрија. Со тоа Седлоски ќе стане единствениот македонски фудбалер што одиграл 100 натпревари за македонската фудбалска репрезентација.

извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2001&ArticleID=139052
 

Kajgana Shop

На врв Bottom