Русија не прифати да игра во пријателски термин
Натпреварувачкиот календар за Б-групата од квалификациите за ЕП-2012 останува според ждрепката што беше направена во Тел Авив
Желбата на македонскиот фудбалски селектор Мирсад Јонуз да ги проретчи двојните квалификациски обврски во Б-групата од квалификациите за ЕП-2012 нема да се оствари. Понудата од ФФМ до носителот во групата Русија, првата меѓусебна пресметка есенва,
во рамките од 4. коло, наместо на 12 октомври да ја поместат во пријателски термин на 17 ноември, не е прифатена.
- Од Москва ни возвратија на нашиот предлог дека не прифаќаат ваква рокада во натпреварувачкиот календар. Во Скопје ќе дојдат да гостуваат според распоредот што беше направен со ждрепката во Тел Авив од страна на УЕФА, вели Игор Климпер генералниот секретар на ФФМ кој на крајот од минатиот месец писмено побара согласност за поместувања во календарот.
Македонија во Б групата ќе игра со Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора. На средбата во Москва делегациите не најдоа заеднички јазик за договорен распоред, па работата ја заврши УЕФА со ждрепка во Тел Авив. Новиот квалификациски циклус Македонија според ждрепката ќе го почне со четири средби во два двојни термини (вторник-петок). На 3 септември годинава ќе гостува кај Словачка, а четири дена потоа (7) ќе биде домаќин на Ерменија, додека пак на 8 октомври гостува кај Андора, а на 12 ќе ја пречека Русија.
Преостанатите шест квалификациски обврски остануваат за идната година. Од нив само пресметките со Република Ирска ќе се играат во одвоени термини на 26 март и 4 јуни 20011 година. Другите четири средби ќе бидат во двојни термини во септември и октомври како и на стартот од квалификациите есенва.
- Добро е да договориме да играме квалификациски натпревари и во пријателските термини. Македонија може многу повеќе да пружи и да забележи подобри резултати кога игра само еден меч. Два натпревари за само четири дена се голема обврска и товар за репрезентацијата, беше коментарот на селекторот Јонуз пред составувањето на календарот.
Еден од адутите на селекторот Јонуз во стратегијата чекор по чекор до баражот, не е исполнет. Јонуз со своите избраници низ подготовките што
на 29 мај и 3 јуни ќе ги имаат на неутрален терен во Австрија, со Азербејџан и Романија и на генералната проба на 11 август, нагости кај Малта, ќе треба да се подготват за изненадувањето што го најавија по ждрепката за составот на групите во хор со челниците на ФФМ