Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не можев на време да пишам коментар, па еве сега :)

Зарем оној натпревар со Катар може да го смета т.н. селектор и стручњак Јонуз, заедно со оние од ффм како успешна генералка и добар резултат!? Овој Јонуз да може ќе закаже натпревари и со Бахами, Тахити и цела Микронезија на Градски само за да победи минимално против вакви "велесили". Овој натпревар беше одлична можност да проба некои помлади играчи, а што направи муфљусов!? Па истиот тим ги изигра и квалификациите, јас не видов ниту една новина, штета што син му не го викна да игра :tapp: Метсу покажа како се прави тим за иднина, 80% од тимот му беа играчи родени 88-89 и 90 година, а овој нашиов ги пробува Седлоски, Митрески, Новески... :tapp: Капак на се е што и нив едвај ги победивме :)

Овие квалификации ни беа златна шанса, убедливо најслабата група што некогаш ни паднала, но после овие квалификации се уверив дека дефинитивно не не бива за фудбал. Следните квалификации пак ќе се заебеме уште во првите 2-3 кола и после ќе почнат да градат екипа за светското првенство 2018година, кога ќе дојде и 2018 година ќе прават за 2026 и се така до недоглед...

ТОЧНО!!! а тој самиот рече дека ке проба некои играчи. јас само се прашувам зошто на ваква утакмица не беа викнати танески, мијадиноски, наумов, неџипи, муарем (од младите, убаво игра и треба да се проба), стјепановиќ и сл. седло игра на стара слава, митрески е потрошен роба, средниот ред неинвентивен, стојков УЖАС... ваква пријателска и не ни требаше.
а со ваква група шо не влеговме бараж...но цоммент...скроз си во право...подобра група не ни можевме да побараме!
 
Што се замарате со репрезентација уште, не ве сваќам?!?!?!
Како може Јонуз и такви "стручњаци" да гледате и да се нервирате за негов интерес и ќејв, кој од тоа си врти пари!Само љочови зима у репрезентација и кој му плати, како што праеше и со младинската репрезентација!!!Па до кога вака бе луѓе, нели гледате дека сите идат напред само ние тонеме заради 2-3ца коштаплери кој гледаат свој интерес!!!Една Србија видете до кај стигна со фудбалот, у секоја лига има по 2-3ца срби.Нашите место да праат играчи да вложуваат они гледаат прво како мал да му ќарат и после пак.Па не иде тоа така бе другари, вложуваш прво и на крај ти се враќа дупло.Ама со вакви плитки мозоци нема никад да идеме напред и нешто да постигнеме.Само ние немоќните ќе се нервираме и ништо.Додека не се сменат 2-3ца луѓе кои ги праат сите игри нема никад да мрднеме и секогаш ќе тонеме!!!!!!!!
ПОЗДРАВ МНОГУ СУМ ИЗВРЕВОЛТИРАН НЕ НИ МИ СЕ ИДЕ НИ НА СТАДИОН НИ НИШТО.ИМА УШТЕ МНОГУ КАКО МЕНЕ И ЗАТОА СТАДИОНИТЕ ПРАЗНИ.ПА НЕ СМЕ НИЕ МАЈМУНИ ДА СИ ИГРААТ 2ЦА ИГРАЧКИ СО НАС!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!:pusk:
 
Хмм имаш право мали, барем Сречко се наши играчи пушташе а овој јонузов... Сепак не се откажувам никогаш од македонска репрезентација и секогаш ќе бидам прв на стадион кога игра Македонија.
 
Друже, 6 год се бафтам со фудбал.И мене ми праела така сум осетил и плус многу се прозирни.Срамота е да не ги знаеш работите.Сите работите у државава се праат на тој начин.Биди ми поздравен другар.:)
 
Младите на Македонија им ги даваат бодовите на Финска денеска, наместен натпревар.....

RIZTETO напиша:
Младите на Македонија им ги даваат бодовите на Финска денеска, наместен натпревар.....

Така се бранат боите на една држава :smir:
 
Младите на Македонија им ги даваат бодовите на Финска денеска, наместен натпревар.....



Така се бранат боите на една држава :smir:


до 19 години или до 17 години??
Нека не ти е чудно нема да им биде првпут:toe:
 
На 14 ноември во Струмица нашите најдобри фудбалери ќе одиграат пријателски дуел со селекцијата на Канада. Билетите ќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари а терминот најверојатно ќе биде од 13.00 часот.
.
 
Нови моменти од снаодливоста на Наумовски!!!
Овој пат оправдано.:toe:

Црвениот картон „му дозволи“ на Наумоски да биде кум на свадба



Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Илчо Наумоски, начекал среќа во несреќа




Тој во средата доби црвен картон во 70. минута од првенствениот меч во австрискиот шампионат, помеѓу неговиот Матерсбург и Штурм, кој му припадна на гостинот со 0-2. Штетата е во тоа што Наумоски ќе паузира на следниот натпревар, утре со Салцбург, на гости, пауза што ниеден фудбалер не ја посакува.

Но, во овој случај паузата е шанса истиот ден кога неговиот тим настапува, тој да присуствува на веселба, каде што е меѓу главните поканети. Се работи за свадба во родниот Прилеп, на која не е само обичен учесник, туку некој без кого не се може - кум.

Според информациите, славениците подготвиле алтернатива доколку не дојдеше фудбалерот, но црвениот картон ја спасил ситуацијата, па сите се презадоволни што на свадбата ќе присуствува фудбалската ѕвезда Наумоски.

Пред неколку месеци Наумоски за хрватска ТВ-изјави дека во минатото намерно добивал картони за да паузира и да оди во Белград да следи мечеви на неговиот омилен клуб, Партизан.

Автор: З.И.
 
Sega slusnah oti Makedonija - Kanada ke se igra vo Strumica :helou:,ima li nekoj so sigurnost da ja potvrdi taa informacija
 
1. Пачовски Томе Жерминал Бершот / Белгија
2. Наумовски Кристијан Работнички

3. Седлоски Гоце Матерсбург / Австрија
4. Митрески Игор Енерџи Котбус Германија
5. Лазаревски Владе Карпати Лвов / Украина
6. Новески Николче Мајнц 05 / Германија
7. Мојсов Даниел Македонија ЃП
8. Глигоров Глигор Силекс
9. Попов Горан Херенвен / Холандија
10. Попов Роберт Оксер / Франција

11 Деспотовски Филип Ворскла / Украина
12. Алими Арменд Истра - Пула / Хрватска
13. Георгиевски Славчо Хјундаи Улсан /Кореја
14. Шумуликоски Величе Престон Норт Енд / Англија
15. Пандев Горан Лацио / Италија

16. Наумоски Илчо Матерсбург / Австрија
17. Стојков Ацо Арау / Швајцарија
18. Ибраими Бесарт Ренова
19. Савиќ Душан Работнички
20. Ивановски Филип Полонија Варшава / Полска

Повиканите за дуелот со Канада.

11.11.2009 година
09.30 часот Тренинг (ФК Турново, Стадион Кукуш)
15.30 часот Тренинг (ФК Беласица, Стадион Младост)
12.11.2009 година
11.00 часот Тренинг (Турново Стадион Кукуш)

13.11.2009 година
11.00 часот Тренинг (Беласица Стадион Младост)

14.11.2009 година
13.00 часот МАКЕДОНИЈА - КАНАДА
(Стадион Младост - Струмица)



Распоредот за активностите за време на престојот во Струмица.
 
1. Пачовски Томе Жерминал Бершот / Белгија
2. Наумовски Кристијан Работнички

3. Седлоски Гоце Матерсбург / Австрија
4. Митрески Игор Енерџи Котбус Германија
5. Лазаревски Владе Карпати Лвов / Украина
6. Новески Николче Мајнц 05 / Германија
7. Мојсов Даниел Македонија ЃП
8. Глигоров Глигор Силекс
9. Попов Горан Херенвен / Холандија
10. Попов Роберт Оксер / Франција

11 Деспотовски Филип Ворскла / Украина
12. Алими Арменд Истра - Пула / Хрватска
13. Георгиевски Славчо Хјундаи Улсан /Кореја
14. Шумуликоски Величе Престон Норт Енд / Англија
15. Пандев Горан Лацио / Италија

16. Наумоски Илчо Матерсбург / Австрија
17. Стојков Ацо Арау / Швајцарија
18. Ибраими Бесарт Ренова
19. Савиќ Душан Работнички
20. Ивановски Филип Полонија Варшава / Полска

Повиканите за дуелот со Канада.

11.11.2009 година
09.30 часот Тренинг (ФК Турново, Стадион Кукуш)
15.30 часот Тренинг (ФК Беласица, Стадион Младост)
12.11.2009 година
11.00 часот Тренинг (Турново Стадион Кукуш)

13.11.2009 година
11.00 часот Тренинг (Беласица Стадион Младост)

14.11.2009 година
13.00 часот МАКЕДОНИЈА - КАНАДА
(Стадион Младост - Струмица)



Распоредот за активностите за време на престојот во Струмица.


И пак го нема Ѓуровски!!!!!:tapp:

Добро бе имат ли акл овие од ФФМ, у ПМ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom