F.A. Premier League

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар англиски клуб?


  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.
И јас од неофицијални извори блиски до Сител дознав дека тие ќе пренесуваат Премиер лига. А сомнително ми стана уште кога го гледав последниот преглед на Премиер лига, тогаш коментаторот рече се надеваме дека и следната сезона ќе бидеме со Премиер лигата, и тогаш помислив дека нема да пренесуваат, ама кога дознав дека ке иде на Сител ми се стемни, ццц. Најлошата коментаторска екипа у свет, лелее не ми се верува, ајде уште Бошко Трпевски да го вратат на коментаторското столче, мислам дека тоа би било јаготката на шлагот.
 
Ќе биде пушти слика, гаси тон и слушај музика или намести само навивачи да се слушаат, без коментар...не можам да го слушам оној ќелешон што место Мајорка чита Мајами...се надевам дека и без читање ги знае англискиве екипи...
 
Ќе биде пушти слика, гаси тон и слушај музика или намести само навивачи да се слушаат, без коментар...не можам да го слушам оној ќелешон што место Мајорка чита Мајами...се надевам дека и без читање ги знае англискиве екипи...

Имам идеја. Нека го предизвика некој на ТВ дуел Игорче, во мое име (мене ме мрзит и не знам како одет тие работи). Ќе одговараме на прашања за историјата на ПЛ, клубови, трансфер историја на играчи, тренери и слично. Чисто колку да се фати малце сеир.
 
Ќе им праќаме маил на овие од Сител. Ваљда ќе се свести каков пациенат е, па кој знае, може ќе се опраи наредна сезона за во Премиер :):)
 
Уште Јанко фали во Сител и тој да коментира премиер лига:):)
 
а можи овие од А1 ќе преминат во Сител, нели пола од спортската редакција на А1 му замина во Канал 5
 
абе многу ми е гајле за коментирањето.поважно ми е да даваат по 3-4 натпревари на коло.подобро 3-4 со лошо коментирање отколку 1 со добро коментирање :toe:
 
Еве што му пишав на Игорче на мејл:

Почитуван господине Трпевски,

од еден мој пријател добив информација дека од следната сезона, Сител ќе ја пренесува Англиската Премиер Лига. Наводно, ова сте го кажале Вие, на директниот пренос од натпреварот Депортиво - Барселона. Оваа вест ја примив со огромно жалење, затоа што тоа значи дека ќе мора да ги гледам натпреварите на интернет преку видео стриминг, или со намален глас на телевизорот. Се откажав од гледање Примера токму заради Вашето коментирање, со новите „инквизиции“, кои патем правилно се нарекуваат аквизиции, или со коментарите како тоа Роналдињо е „женска за се’“. Ми текнува на натпреварите уште кога Фиго играше за Реал Мадрид, со вашиот коментар дека најверојатно тој ќе се пресели на англискиот полуостров. Преку глава ми беше од грешки како оваа - Како стојат работите Реал Мадрид ќе за јабележи својата... четврти пораз. Наместо да проследам постигнат погодок со достоен коментар, слушав коментари од типот: ииии Декоо води со два спре... односно Барселона води со два спрема нула. Понатаму да не набројувам, можам цели фермани да испишам.

Сега, кога најавивте дека ќе пренесувате Премиер Лига, како страстен навивач на Челзи помислив дека мора нешто да се стори за да можам на раат и како човек да проследам пренос од натпревар. Без навреда, Вие сте тој што е спортски новинар и сето тоа, но сметам дека едноставно не Ве бидува за спортски коментатор. Згора на се’, сигурен сум дека имате екстремно мало знаење за Англискиот фудбал, вклучувајќи клубови, историја на истите, трансфер историја на играчи, кој играч каде игра и слично. Затоа, јас, Филип Петрески, 18 годишен љубител на фудбал, би сакал да Ве повикам на ТВ дуел, односно квиз за Англиски фудбал. Секако, Вие како искусен спортски новинар би требало со леснотија да ме победите на квизот. Ако ме победите, ќе си ја одбраните честа и ќе ја докажете својата професионалност. Ако ве победам, тогаш да не ги коментирате Вие натпреварите од Премиер Лигата, туку Вашиот колега Зоран Николовски.

Се надевам дека ќе го прифатите предизвикот за одмерување на знаењето за Англискиот фудбал преку квиз, јавно, на вашата телевизија.

Секое добро, Филип Петрески.

Сеа го чекам да врати... што може и да потрае.
 
Почна трансфер периодот, се надевам на добри трансфери ова лето.
 
Од утре рачунајте ги во Челси Анчелоти и Жирков...
Иначе Фантом ти парче си го напраил бе...:pos2:
 
Фантоме си го убил у поим Игорчета :):):)
 
Браво Фантоме, иначе не верувам дека ќе прифати таков предизвик, бидејќи гарант нема поим од Премиер лига.
Што се однесува до преселба на коментаторите од А1 во Сител, не верувам во такво нешто бидејќи Сител никогаш не барал квалитет, па тато Бошко Трпевски и синчето Игорче жарат и палат во спортскиот дел од телевизијата, зарем мислите дека тие би си заминале. Нема шанси.
Овие од а1 живееа со Премиер лига, знае доста, правеа грешки ама професионално ја работеа, ги хранеа гледачите со доста информации. А во Сител ќе слушаме смешки, мислам дека темата "коментаторски гафови" ќе се прелее од коментари.
 
Универзално за сите коментатори на нашите телевизии е дека немаат појма додека на пример хрватските се далеку по пофесионални и секогаш се објективни и не изкажуваат на кој тим повеќе симпатизираат додека кај нас уше требаа леб да јадаат да бар приближно заличаат на професионаци башка имам чуено од еден другар мој кој студира новинарство дека пола од коментаторите се само со средно и никогаш си немале допирни точки од футбал,не велам дека сите коментатори треба и да знаат да играат футбал но сепак човек што игра футбал знае како одаат нештата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom