Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Епа со здравје да ги носиш, или како се вика:'' Welcome to the club'':pipi:
Бараш совети за финти од поискусните? Надобрата финта ееее... трпението и ништо друго. Сама ќе си го пронајдеш механизмот на вадење и ставање на леќите, така да не очајувај.Последен совет од мене, во случај ако си при крај со нервите, врати ги во садот и подоцна пробај. За една до две недели нема да имаш никакви проблеми. Поздрав

Благодарам. :)

Денес пократко време ми требаше за разлика од вчера, верувам по одреден период ќе стане едноставно. А за вадењето немам никакви проблеми, за 3 секунди ги вадам.
Во секој случај многу поубаво се чувствувам сега отколку со очилата, најнапред поради тоа што не ми е ограничено видното поле, немам тежина на носот и сите тие неугодности што доаѓаат со нив...
 
Дали ке може некој да ми одговори,до сега сум немал искуство во носењето на леќи,а би сакал да пробам, инаку диптерот ми е 1.75 ,кога го прашав докторот дали ке може да носам ми рече дека не е многу исплатливо и дека чинеле скоро 300 евра .(спомна дека требало цилиндрични леќи т.с (toric lenses). Дали ке може некој подетално да ми објасни ,и дали воопшто има овде кај нас такви и колко се движат цените.
Благодарам однапред
 
јас носам леќи со цилиндар али далеку од тоа дека ги плаќам 300 евра. е сега на различно око различни леќи одговараат. мој совет е да идеш да се консултираш со повеќе лекари, да видиш што ке ти кажат. иначе мала ти е диоптријата за леќи, али па попрактични ти се! се надевам ти помогнав
 
@ vampgirl

Ти благодарам на одговорот ,би сакал да те прашам каде би можел да пробам дали има во Скопје,каде би ми препорачала како поискусна ,и колку се отприлика твоите ,и на колку време се . Благодарам
 
за у Ск да ти препорачам баш не можам зашто не сум од Ск, тука некој друг ке ти помогне.
моите се од Елени, појма немам која марка :) мислам дека се 60тина евра ( не знам баш точно) али 3 пара се носат максимално 6 месеци. значи годишно негде би ти излегувано 120 евра. ја сум презадоволна одкако земав леќи. најубаво иди консултирај се со повеќе лекари, зашто не мора да значи дека твојот случај е ист како мојот:smir:
 
Здраво. :)
Значи веќе скоро цела година ги употребувам Air Optix - дневни леќи.Леќите ги менувам секој месец и со ниедни до сега не сум имала проблеми освен овој месец.Значи ми беше напоменато дека после 26-28 дена можам да ги менувам леќите,но овој месец уште од третиот ден имам проблеми.
Дали некој има искуство со Air Optix и какво? И дали имате искуство со Систина ?
:smir:
 
Можеби прашањето не е најсоодветно за групава, можеби е и малку глупо, но сепак е поврзано со видот и ме интересира. На очен лекар не сум била никогаш, затоа што фала му на бога не сум имала потреба. После учење или седење пред компјутер како да ми тежат очите, а преку ден кога ќе излезам надвор ми солзат. Дали очила за одмарање би помогнале?
 
По долго време водење „војна“ со очилата денес конечно добив леќи.

Дома се мачев може повеќе од 40 минути додека да ги ставам, а првиот пат кај лекарот ги ставив без проблем... Многу нервози истрпев денес, па ако може некој од поискусните да ми каже некои финти да ги ставам полесно? Најголем проблем ми е што трепкам рефлексивно и никако не можам да ја доближам леќата до окото асално или пак ми останува на прстот.

А додека ги носам не чувствувам проблем засега, само некако чуден впечаток имам дека не сум навикната.

Честитки за леќите, со здравје да си ги носиш и со лесно да ти легнат. Не се сомневам дека одговорноста и хигиената ќе бидат на највисоко ниво. :smir:

Мој совет за ставање на леќите.
Осетливиот дел од окото е рожницата, поради тоа и инстиктивно трепкаш во моментот кога ќе има контакт со неа. Финтата е да ја поставиш леќата на белката и после таа сама да се лизне, односно со трепкање ќе си го најде местото. Кога има допир на белката не е толку сензитивен и затоа е полесно ставањето. Почетниците најчесто се обидуваат леќата директно да ја стават таму кај што треба, што е многу тешко и неудобно да се изведе.

Значи постапката е следна. Со едната рака го повлекуваш надолу долниот капак (не баш капакот, туку месото под него), за да се отвори окото. Потоа погледнуваш нагоре и гледај нагоре за целото време. Со другата рака ја поставуваш леќата на долниот дел од белката што е под рожницата и го затвораш окото. Ова фактички испаѓа дека ја ставаш леќата на слепо (што е така), но со пракса ќе видиш дека ќе можеш и со една рака да го изведеш.

Чисто колку да се истренираш пред да се обидеш, пробај со прстот (без леќа на него) да ја допираш малку белката, колку да добиеш осет за местото и за текстурата. Плус тоа и самото око ќе се научи да не реагира рефлексно на тој допир.
Се надевам помогнав. :)

--- надополнето ---

Можеби прашањето не е најсоодветно за групава, можеби е и малку глупо, но сепак е поврзано со видот и ме интересира. На очен лекар не сум била никогаш, затоа што фала му на бога не сум имала потреба. После учење или седење пред компјутер како да ми тежат очите, а преку ден кога ќе излезам надвор ми солзат. Дали очила за одмарање би помогнале?

За очила за одмарање не знам дали ќе помогнат или кој е ефектот. Но, обавезно да си земеш капки за подмачкување. Кога читаме, гледаме ТВ, буљиме ко будали во компјутер, трепкаме помалку од вообичаено, па затоа окото се суши и реагира на триењето со капаците.

Капките не се антибиотски, не се плаши, тоа се капки кои го хидрираат и плакнат окото. Се ослободува притисокот од суво триење и евентуално црвенило. Кратко и јасно, тоа се лубриканти, направени на база на вода, такашто нема никаква опасност. Се користат по потреба и колку сакаш. На некој начин е како да му даваш на окото чаша вода.

Јас ги користам Systane, ги има во Зегин, малку се поскапички од другите, околу 520 ден. за нецел месец, ама се феноменални. Ако ти е скапо, побарај некоја друга марка, сигурно ќе најдеш, па ќе си видиш кои најмногу ти одговараат.
 
Благодарам Pearl.

Постот ми е пред 2 месеца, им навикнав веќе, немам проблеми при местењето, ја употребувам баш оваа техника што ја спомена (само што јас зеницата ја тргам на страна, а не надолу и ја лепам леќата на белката па после самата се наместува :)) Некогаш ме боцкаат и знам дека или ја имам утнато страната или има некоја мала прашинка или нешто слично, па ги вадам и ги местам повеќе пати додека не се почуствувам удобно. Ми се случувало и да ми се изместат некогаш ако нагло го кренам погледот, да ми се замати и да ми просолзат очите, но бргу се средува.

Од двомесечното искуство ќе речам само дека сè е навика, секој го нема трпението за леќи. Јас за 2-3 дена им навикнав, првиот ден ги местев речиси цел саат. :pos:
 
Oops, my bad. :) Не го видов датумот.
Од тоа што спомна дека те боцкаат кога се сомневаш дека си ја утнала страната, претпоставувам дека станува збор за меки леќи. Има финта и за тоа да видиш дали е вистинската страна и пред да ја ставиш леќата. Уште додека ти е на прстот погледни ги ивиците. Треба да биде идеален полукруг, со ивиците оштро насочени нагоре. Ако ја држиш од обратната (внатрешна) страна, тогаш ивиците се извиткуваат према надвор, како да се заоблени кон истекување, не знам дали опишувам добро. Нешто слично на знакот за овен, со тоа што гледај ги само ивиците, надолу е нели полукруг.:)
 
[/COLOR]

За очила за одмарање не знам дали ќе помогнат или кој е ефектот. Но, обавезно да си земеш капки за подмачкување. Кога читаме, гледаме ТВ, буљиме ко будали во компјутер, трепкаме помалку од вообичаено, па затоа окото се суши и реагира на триењето со капаците.

Капките не се антибиотски, не се плаши, тоа се капки кои го хидрираат и плакнат окото. Се ослободува притисокот од суво триење и евентуално црвенило. Кратко и јасно, тоа се лубриканти, направени на база на вода, такашто нема никаква опасност. Се користат по потреба и колку сакаш. На некој начин е како да му даваш на окото чаша вода.

Јас ги користам Systane, ги има во Зегин, малку се поскапички од другите, околу 520 ден. за нецел месец, ама се феноменални. Ако ти е скапо, побарај некоја друга марка, сигурно ќе најдеш, па ќе си видиш кои најмногу ти одговараат.

Фала ти многу. И уште едно прашање :) Ги употребуваш секој ден или само кога ќе почувствуваш потреба (кога учиш, гледаш повеќе од што треба тв или пак седиш премногу пред компјутер)...?
 
Користам леќи ушто од 8мо одд, значи 3 год негде. 3 пара по 2 месеци, така одат. Сега сакам да прашам одприлика за колку се поскапи тие во боја? :)
 
Готово си купив и јас леќи ама мака мачам 2 сати неможам да ги стам :D
Никој досега не успеа да ми ги стајт :(
Јас значит го отворам оково и се гледам нагоре.Ја земам леќава и ја лепам за оково.Го тргам прстов та е залепена за оково.Трепкам и паѓат!
Аман кажете совет!Само еднаш успеав така,др пати ми останвеше залепена за прстов...
Кажете некоја техника како ги ги стам аман ве молам :D
Очиве ми истекоја се запустија....:(
 
Meki ili polumeki ? Pretpostavuvam meki imas. Nema nekoja posebna tehnika, ednostavno gledaj koga ke ja stavis lekata da nema meurcinja so vozduh zs toa e pricinata koga ke trepnes da paga. I ova so gledanje nagore prvpat od tebe slusam...
Jas direktiva u lekata gledam i nema problem. I koga ti e veke na oko ne trepkaj odma, mozes so prstot da ja podmestis, ne se plasi nema da ti bide nisto.
i daj pofali se koga ke zavrsis :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom