Кино Милениум и Рамстор

Член од
5 август 2008
Мислења
6.008
Поени од реакции
5.324
Ау филмов конечно да излезе го чекам веке долго време!! Мн добар филм несомнено ке биде!!!
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.008
Поени од реакции
5.324
Луге ке може некој да мми каже кога го има 2012 во нашиве кина и термин !!
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Купете си карти навреме, неколку саати пред термините се распродадени веќе картите.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Купете си карти навреме, неколку саати пред термините се распродадени веќе картите.
Навистина? Јас сакав утре да одам од 16:00 часот, значи треба навистина да се потрудам порано да извадам карти :nesvest: :pos2:
 

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Бев вчера од 19 часот...филмот е лудило ви препорачувам сите да го гледате
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Бев прееска од 22h, филмот(2012) е ок, али не е ништо посебно.... (7/10).:toe:
и карти на лице место нема нормално...:smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Finally :pipi:

ПРИВРШУВА ДОЛГОГОДИШНАТА АГОНИЈА НА САЛАТА
Свечено отворање на кино„Милениум“ пред Нова година


Киното „Милениум“, по неколкугодишна пауза во која речиси сосема замре скопскиот киноживот, свечено ќе биде отворено пред Нова година и тоа со некој од актуелните блокбастери, а со редовна програма ќе почне во јануари 2010 година. По долгата агонија на „Милениум“, кој важеше за најатрактивен кинопростор во земјава, тој од неодамна е под грижа на Град Скопје. За неговата програма, пак, најверојатно, ќе биде одговорен Младинскиот културен центар. Првиот човек на МКЦ, Борис Момироски, вели дека чека да се потпише договорот со градската управа, а во меѓувреме веќе наголемо се подготвува филмската програма, која ќе се состои од хитови и од нови остварувања што ги полнат киносалите низ светот. - Договараме наслови со дистрибутери од Македонија и од Балканот, со цел публиката да ги види најсвежите остварувања - вели Момироски. Со оглед на тоа што МКЦ се грижи и за програмата на арт киното „Фросина“, Момироски објаснува дека станува збор за сосема различен концепт на двете кина. Во „Фросина“ и понатаму ќе се прикажуваат претежно европски, авторски и уметнички филмови, а во „Милениум“ програмата ќе биде концентрирана на комерцијални остварувања. На почетокот во „Милениум“ ќе има по две проекции во денот. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, пак, вели дека се договориле градот да стопанисува со киното на неограничен период, но и да ги преземе петте вработени во „Милениум“. Од одделението за односи со јавност на Град Скопје велат дека до крајот на месецов треба да ги завршат сите правни постапки. - Се надеваме дека веќе на почетокот на годината ќе имаме кино какво што заслужува Скопје - вели Неделчо Крстевски од одделението за односи со јавност на градот. Тој објасни дека наскоро треба да биде изгласан и буџетот, а потоа ќе се знае што ќе може конкретно да се оствари. Во нацрт-буџетот за в година, Градот одвоил за киното 10 милиони денари за реконструирање и 10.120.000 за функционирање и за програма. Последниве години постоеја неколку неуспешни обиди да заживее киното, а повремено просторот беше користен за премиери на домашни филмови. Во него често се одржуваа разни симпозиуми, семинари и по некоја затворена проекција, како што беше случајот со минатонеделната претпремиера на филмот „Војната заврши“ на режисерот Митко Панов. Во киното пред неколку месеци се прикажуваше и долгометражниот документарен филм на Атанас Георгиев, „Плати и жени“. На претпремиерата на „Војната заврши“, продуцентот Мони Дамевски посочи дека и ова кино треба да набави дигитален проектор за да биде во чекор со тоа што го наложува Европа во поглед на киноприкажувачката дејност. Од Градот велат дека е планирано да ја осовременат опремата, но не се знае точно дали во тоа спаѓа и дигиталниот проектор.

Извор: Време
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ај кога ќе дознаете дека АВАТАР е ставен во репертоарот пишете :smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245



ЗАЖИВУВАЊЕ НА КИНОТО ВО ГТЦ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД НОВА ГОДИНА
Филмот за Морганови го отвора „Милениум“

Со комедијата „Дали слушнавте за Морганови?“ во режија на Марк Лоренс, чијашто светска премиера се одржа пред неполн месец, по неколкугодишна пауза, на 26 декември, повторно ќе почне да работи киното „Милениум“ во ГТЦ. Во филмот на Лоренс, кој според светските медиуми е вистински блокбастер, играат познатите холивудски филмски ѕвезди Хју Грант и Сара Џесика Паркер. Во него станува збор за една современа брачна двојка од Менхетн, која во еден момент станува сведок на убиство, а притоа и цел на убиецот. Полицијата за да ги заштити своите сведоци ги носи од нивниот сакан Њујорк во едно мало место во Вајоминг и брачната врска, која била на работ на развод, повторно ја враќа својата страст. Од Младинскиот културен центар, кој е задолжен за филмската програма на кино „Милениум“ велат дека ова е еден од најактуелните светски филмски хитови, кој ги наполнил киносалите во САД. - Се надеваме дека овој филм ќе го задоволи вкусот на публиката. Треба да се тргне кон некоја цел и кон заживување на киното „Милениум“ и се надеваме дека во иднина ќе следува подобра филмска програма и ќе имаме подобар избор во нејзиното конципирање - вели Борис Момировски, директорот на МКЦ. Тој додава дека во моментов се изработува и јануарската програма на „Милениум“, но дека е прерано да се обелодени. Филмот „Дали слушнавте за Морганови“ засега ќе се прикажува со две проекции: од 18 и од 20 часот, а цената на билетите, по премиерата, која ќе може да се види само со покани, ќе изнесува 150 денари. - Ќе се обидеме да ги поврземе арт киното „Фросина“ и киното „Милениум“, па така гледачите ќе можат во кое било од овие две места да си купат билети за филмовите што ќе бидат дел од нивните програми - додава Момировски. По долгата агонија на „Милениум“, кој важеше за најатрактивен кинопростор во земјава и по чиешто затворање замре речиси целиот киноживот во главниот град, тој од неодамна е под грижа на Град Скопје. Во арт киното „Фросина“, пак, кое, исто така, е под капа на МКЦ, за разлика од „Милениум“ каде што ќе се прикажуваат претежно комерцијални филмски остварувања, на програмата ќе бидат претежно европски, авторски и уметнички филмови и така двете кина различно ќе се профилираат. Од денеска, па до 20 декември во „Фросина“ се прикажува новогодишната филмска ревија, а дел од оваа програма се филмовите: „Ѕвезден прав“, „Кралство“, „Бабел“, „Немир“, „Празни шишиња“, „Казино ројал“ и „Зрно утеха“. - Билетите за проекциите чинат 60 денари, со пијалак, и можат да се купат на билетарницата на МКЦ, како и да се резервираат на веб-страницата билетиЖмкц. цом. мк - велат од МКЦ. Последниве години постоеја неколку неуспешни обиди да заживее кино „Милениум“, а повремено просторот беше користен за премиери на домашни филмови. Во него често се одржуваа разни симпозиуми, семинари и по некоја затворена проекција, како што беше случајот со филмот „Војната заврши“ на режисерот Митко Панов, „Созерцание“ на Иво Трајков, а во него се прикажуваше и долгометражниот документарен филм на Атанас Георгиев, „Плати и жени“.​
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616
Денес во рамстор премиера на Аватар, да не знае некој колку пари ќе биде карта? И каде можам да најдам репертоар?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Денес во рамстор премиера на Аватар, да не знае некој колку пари ќе биде карта? И каде можам да најдам репертоар?
Ќе се емитува од 16:00, 19:00 и 22:00.

За последните два термини картата е 150, а за другата мислам 120.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ај некој нека ми каже дали уште аватар го даваат у рамстор и термини ??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom