Suck me beautiful! Темава оживеала и немам пост на неа. Океј.
Pink Floyd почнав да ги слушам по препорака на другар, велејќи ми: "Брат, погенијалци од овие не сум слушнал... утре ти ја носам дискографијава". Ај да видам што е толку генијално и почнав со дрогата наречена PF. Прво ги ислушав поголемите хитови од албумите, за после да најдам една магична поврзаност во песните кои беа од ист албум. Со тек на време се оштри и слух и се`. Стани ме на сред хибернација, можам да ти кажам песна од старите албуми и од поновиве.
Јас сум фрик на Флојдовата музика воопшто, иако повеќе ми лежи периодот после Dark Side Of The Moon.
Од овде, па се до Final Cut, доаѓа до израз маестралното знаење на Waters да напише лирика со која ќе паднеш на газ. И покрај несогласувањата и напуштањето на погореспоменатиот член, му се поклонувам на Гилмор како успеа да ги склопи последните два албуми.(Y)
Вака сега. Дискографија ќе ти дам на торент преку ПП.
Да ти кажам и како да преслушаш се` бидејќи ако почниш од почеток ќе се откажиш сто посто. 5-6 албуми на генијална психоделија не се добар почеток.
Листа за слушање, по албуми:
The Division Bell
The Dark Side Of The Moon (Од почеток до крај, без скокање песни)
The Wall (Исто ко погоре)
Wish You Were Here
Animals
Momentary Lapse Of Reason
Final Cut
Obscured By Clouds
Meddle
...останатите постари албуми.
Секако неморат стриктно да е вака, ама за да се уходаш, добро е.
Well, во стилот на Крејзи Дајмонд.
Слушни ја Echoes, слушни ја Keep Talking, High Hopes, Great Gig In The Sky, Sorrow, Learning To Fly, Comfortably Numb! Брате слушни се`, нема да се покаеш ти гарантирам.
Ау да, ќе забораев. После одредено време на слушање, гледајте го и филмот
Pink Floyd The Wall. Ама пред то обавезно прочитајте нешто за филмов на википедија, со цел да го сфатите.
Ба-бај.