- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
Викторија 2010 ја наследува Победа
Прилепчани формираа нов фудбалски клуб, Викторија 2010, по осумгодишната суспензија на Победа од страна на ФИФА. Стариот клуб нема право да се натпреварува во сениорска конкуренција. Сепак, досегашните првотимци и натаму се активни на стадионот „Гоце Делчев“.
- Тренираме секој по своја волја. Не е ништо организирано од клубот. Нема ни тренери. Како професионалци, настојуваме да задржиме ниво на физичка подготвеност, затоа што доаѓа нова сезона и секој ќе ја бара среќата во некој заинтересиран клуб - вели Благојче Дамевски, последниот капитен на Победа.
Досега не е решено кои фудбалери ќе ги бранат боите на новата Викторија 2010. Има само шпекулации дека екипата ќе се потпира врз домашни, млади и надежни играчи, претежно од младинскиот тим, кој во понеделникот стана државен вицешампион. Не се знае ни кои ќе бидат тренерите. Во опција се досегашните стручњаци, Горан Тодоровски, Дарко Крстески и Круме Митрикески, но и од младинската школа, Тони Наумоски, Златко Петрески и Кире Овезоски.
Нема официјални информации за составот на управата на Викторија 2010. Низ градот се зборува дека станува збор за луѓе од старата управа. На големо се зборува за амбициите, веднаш пласман во втора лига, доколку клубот не почне од најниската, Б - Општинска лига, туку успее да се фузира со некој третолигаш. Во опција се старите членови на тој ранг, Корзо, Големо Коњари, Младост Кривогаштани, Партизан Обршани и новиот, победникот од плејоф-дуелот в недела, Кадино - Динамо Мажучиште.