Отсекогаш сум се сметала за доста едноставна личност,која тивко ги решава препреките на што ќе наиде.Но како што почнувам да бидам искрена прво со себе а потоа со другите и да не се кријам во сопствената сенка,сфаќам дека всушност сум многу комплицирана личност,и понекогаш на некоја работа и` придавам многу големо значење,како да од тоа зависи опстанокот на светот
Проблемите ги решавам со ладна глава,прво ја анализирам целата ситуација и најпрво тргнувам од мене,и дали јас сум згрешила нешто.Знам дека тоа не е добро,ама тоа е
Ми се случува да исчезнам на некој период,надвор од видикот на околината,сама со себе и да уживам во самотијата
.И потоа се враќам како нова личност.Зафркнато комплицирано,нели?