Навистина, доколку не сакате да сте во тек со модата како прво, не морате да ставате порцелански заби. Размислете поубаво.
Еден порцелански имплантант, оригинален е 500 еури. На една вилица мораш да ставиш 6 заби, што значи, две вилици по шест заби по 500 еури, тоа се 6.000 еури. Добро, ќе ги прежалите некако. Но што е проблемот?
На Стоматологија на пример, кога ќе се одлучите за ваков чекор, најпрво потпишувате договор, со што ја ослободувате Стоматолошка Клиника од секакви обвиненија и тужби ако вашиот организам не ги прифати порцеланските имплантанти и дека нема да си ги барате вашите пари назад. Нормално дека е можно да не ги прифати, затоа што се вградуваат штрафови во коската, а на штрафовите се поставува имплатант. Ако сте учеле биологија во основно и во средно тие што се гимназија, ќе знаете дека се` што ќе влезе во нашето тело се однесува како антиген, па организамот се стреми да произведе антитела при што може да ги исфрли имплантантите. На клиника барем ти ги кажуваат последиците, но во некои приватни ординации, стоматолозите не ги предупредуваат пациентите од ова, па може да настанат недоразбирања.:smir:
Некој член погоре пиша дека татко му не ги ни мие порцеланите, а сепак му се бели забите. Јас би му препорачала да го советува татка си да ги мие забите, затоа што процесот на миење заби не ги опфаќа само забите, туку и хигиената на непцата и гингивите. :wink:
Сите методи се штетни за забите.Не знам која ви е потребата од побели заби,кој природната боја најдобро ви прилега со бојата на кожата,се друго делува премногу вештачки и се приметува одма.
Ние во ова поднебје немаме бели заби(мислам на скроз бели),имаме жолтеникава нијанса зошто немаме флорирана вода.Во другите држави имаат и флорирана вода,и редовно си мијат заби,а и до генетиката е.
Бојата на забите не може да се смени,освен да си ставите вештачки заби,кои ако немате вистинска потреба од истите,а ги ставите за естетика сте ненормални.Се друго е само привремено и придонесува за побрзо оштетување на забите и потреба од ставање на вештачки заби.
Девојчето си кажа се`. Плус иден стоматолог, ви треба ли нешто повеќе?

Нема ништо поубаво од природната боја на забите, затоа што се` друго изгледа вештачко. А не е поентата другите да ни велат:"Лелее, си ставил/а порцеланииии!!!!". Напротив, добрата работа на секој стоматолог е пријателите на пациентот да не препознаат дека пациентот има вештачки заби. Но, за тоа на друга тема, да не одиме офтопик:wink:.
И на крај, мој совет.
НИКОГАШ НЕ ВАДЕТЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ ИЗВАДАТ ЗДРАВ/И ЗАБ/И. Подобро нешто од сопствен заб нема. Ни порцелански ни златен
