Бели заби

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Имам природно бели..здрави заби.. Ги мијам 3 пати на ден.. Методот со сода бикарбона е штетен за забите и се препорачува што помалку да се користи дека ја уништува глеѓта на забот.. Важно е и на кој начин се четкаат забите.. Горните само надолу(не и нагоре дека така храната ја враќаш накај непцата и можеш воспаление да добиеш).. а долните само нагоре.. А за многу важно се смета и користење на забен конец..:toe:
 
Сите методи се штетни за забите.Не знам која ви е потребата од побели заби,кој природната боја најдобро ви прилега со бојата на кожата,се друго делува премногу вештачки и се приметува одма.
Ние во ова поднебје немаме бели заби(мислам на скроз бели),имаме жолтеникава нијанса зошто немаме флорирана вода.Во другите држави имаат и флорирана вода,и редовно си мијат заби,а и до генетиката е.
Бојата на забите не може да се смени,освен да си ставите вештачки заби,кои ако немате вистинска потреба од истите,а ги ставите за естетика сте ненормални.Се друго е само привремено и придонесува за побрзо оштетување на забите и потреба од ставање на вештачки заби.
 
Токму така бојата на забите неможе да се смени, таа зависи од бојата на коската, но важно е да се задржи барем природната боја.А ако сакате да имате драч бели заби тогаш тоа би можело да се постигне со порцелански заби, но залудни се сите други методи на избелување бидејќи тие се привремени и ја оштетуваат самата глеќ на забите, така да важна е само хигиената на забите по секој одброк независно дали е благ или солен оброкот и ќе имате здрави заби, може не толку бели ама нема да ви бидат ни како кај некои кај кои бојата им е како позадинава што е на кајгана:toe:
 
Навистина, доколку не сакате да сте во тек со модата како прво, не морате да ставате порцелански заби. Размислете поубаво.

Еден порцелански имплантант, оригинален е 500 еури. На една вилица мораш да ставиш 6 заби, што значи, две вилици по шест заби по 500 еури, тоа се 6.000 еури. Добро, ќе ги прежалите некако. Но што е проблемот?
На Стоматологија на пример, кога ќе се одлучите за ваков чекор, најпрво потпишувате договор, со што ја ослободувате Стоматолошка Клиника од секакви обвиненија и тужби ако вашиот организам не ги прифати порцеланските имплантанти и дека нема да си ги барате вашите пари назад. Нормално дека е можно да не ги прифати, затоа што се вградуваат штрафови во коската, а на штрафовите се поставува имплатант. Ако сте учеле биологија во основно и во средно тие што се гимназија, ќе знаете дека се` што ќе влезе во нашето тело се однесува како антиген, па организамот се стреми да произведе антитела при што може да ги исфрли имплантантите. На клиника барем ти ги кажуваат последиците, но во некои приватни ординации, стоматолозите не ги предупредуваат пациентите од ова, па може да настанат недоразбирања.:smir:

Некој член погоре пиша дека татко му не ги ни мие порцеланите, а сепак му се бели забите. Јас би му препорачала да го советува татка си да ги мие забите, затоа што процесот на миење заби не ги опфаќа само забите, туку и хигиената на непцата и гингивите. :wink:
Сите методи се штетни за забите.Не знам која ви е потребата од побели заби,кој природната боја најдобро ви прилега со бојата на кожата,се друго делува премногу вештачки и се приметува одма.
Ние во ова поднебје немаме бели заби(мислам на скроз бели),имаме жолтеникава нијанса зошто немаме флорирана вода.Во другите држави имаат и флорирана вода,и редовно си мијат заби,а и до генетиката е.
Бојата на забите не може да се смени,освен да си ставите вештачки заби,кои ако немате вистинска потреба од истите,а ги ставите за естетика сте ненормални.Се друго е само привремено и придонесува за побрзо оштетување на забите и потреба од ставање на вештачки заби.

Девојчето си кажа се`. Плус иден стоматолог, ви треба ли нешто повеќе?:) Нема ништо поубаво од природната боја на забите, затоа што се` друго изгледа вештачко. А не е поентата другите да ни велат:"Лелее, си ставил/а порцеланииии!!!!". Напротив, добрата работа на секој стоматолог е пријателите на пациентот да не препознаат дека пациентот има вештачки заби. Но, за тоа на друга тема, да не одиме офтопик:wink:.
И на крај, мој совет. НИКОГАШ НЕ ВАДЕТЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ ИЗВАДАТ ЗДРАВ/И ЗАБ/И. Подобро нешто од сопствен заб нема. Ни порцелански ни златен :)
 
...јадам здраво, се отепувам од пиење млеко, мијам заби ко програмиран робот, али пушам...засега се океј, таман бели, едвај малку некоја потемна нијанса но на тенот ми стојат одлично, ама ова со муабетите за пушачите ми прави нервози.
Може некој да ми објасни за влијанието на никотинот врз забите?
 
Што пиеш млеко и миеш заби често, ќе немаш проблем иако си пушач. Единствено ако забележуваш промени дека ти жолтеат забите, земи си една паста ако ја најдеш од Колгејт со тартар контрол, така пишува на неа, за пушачи е таа. Мада не ми се верува, штом си имаш хигиенска навика, нема да има потреба:wink: Плус гадна е таа паста, некој чуден солен вкус има :(
 
Ти благодарам, i feel lighter. :)
*запишувам тартар контрол*.
Уште еден иден стоматолог на повидок?
 
Ти благодарам, i feel lighter. :)
*запишувам тартар контрол*.
Уште еден иден стоматолог на повидок?

Генерации уназад стоматолози, но јас не :). Друга љубов си најдов :)
 
Аа море кај мене и ласерска не пали.. Одкога памтам пушач, кафиња чуда..
Миење заби, мастики некој ко спешл море ништо не пали.. :nenene:
 
моментално ја користам Extain од Swissdent , навистина е супер ,најдобрата паста за белење заби
 
Attachments

  • Extain.jpg
    Extain.jpg
    7,3 KB · Прегледи: 142
само што пробав тоа со содата , ставив сода и сол .. (незнам дали треба вода:P)
и четката у уста... освен што сега јазикот(како изгорен да ми е ) и мепцата ме болат:P забите исти ми се гледаат!

како што треба направив ?
 
Пред некој ден купив од Colgate некоја вода за плакнење на забите.Значи тоа е течност за испирање на устата и помага во белење на забите.Освен тоа ја штити устата од наслаги и бактерии 12 часа.Се употребува пред или после миењето на забите и содржина од 1 капаче од оваа течност е доволно за темелно испирање на устата.
Малку време само ја користам и до сега немам забележано резултати..Можеби понатака ќе има нешто..Многу сакам да имам бели заби бе...:icon_lol:
 
3 месеци континуирано користење за првите резултати ;)
 
Najdobra kombinacija za beleenje na zabi e soda bikarbona i limon i normalno malce voda na cetkata. 100% rezultat ke imate, jas go primenuvam toa 1 mesecno. Iako se misli deka sodata i preci na glekta, jas znem eden stomatolog koj zabite gi mie isklucivo so soda, pasta voopsto ne koristi.
 
Imam slusnato i zabite osven so soda bkarbona i limon da se mijat i so pecivo,ama efektetot bi rekla e ne mnogu primeten,a imam slusnato deka imalo nekoi lenti koi se lepat na zabite i za 7 dena imate beli zabi i ne bile stetni zosto mu doagaat nesto kako navlaki a ne nagrizuvaat i dejstvoto im e edna godina,tuka kaj nas gi nema a na internet bas gi barav pred nekolku meseci i cenata im bese od 20-40 dolari.(white stripes)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom