Богата ризница на состојки
Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство заради богатството на состојките што ги содржи: етерично масло (во плодот 2,5-7%, во листовите и во коренот околу 0,1%), масно масло богато со незаситени масни киселини, флавоноид - апиозид, слузи, шеќери, малку танини и огромно количество различни минерални материи (натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, јод, флуор), витамини (бета каротен, витамините Е, Б1, Б2, Б6,Б12, фолна и пантотенска киселина, биотин, витамините К и Ц), есенцијални масни киселини (хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, триптофан), и антиоксиданти.
Големо нутритивно значење и лековито дејство
Малкумина знаат дека 5-6 гранчиња магдонос содржат онолку витамин А колку што има во 1/4 лажичка рибино масло. Истите 5-6 гранчиња содржат и витамин Ц во количество од 2/3 колку што го има во еден портокал или поконкретно одколу 250 мг/100 гр. магдонос. Магдоносот содржи важни есенцијални аминокиселини кои го градат и штитат организмот. Есенцијалните аминокиселини не ги создава организмот, туку се внесуваат со исхраната. Особено е интересен фактот за присуство на аминокиселината хистидин која најверојатно го спречува развојот на тумор клетките во организмот. Количеството на витамините А и Ц и присутните аминокиселини значително ја зајакнуваат борбата против канцерозните заболувања.
Магдоносот не е само декорација или гарнир; поради огромното нутритивно значење се препорачува магдоносот да се користи многу често во исхраната.
Големото дејство на магодносот е диуретично, што значи тој предизвикува зголемено излачување на вишокот течности, преку зголемено измокрување. Во контекст на ваквото дејствување, тој се употребува за намалување на зголемен крвен притисок. Како резултат на зголемената диуреза, се намалува количеството на калиумот кој е неопходен за нормално функционирање на речиси сите ситеми во организмот. Затоа, ако често користите чај од магдонос, бидете сигурни дека внесувате доволно калиум со исхраната и тоа особено банани и монгу свеж зеленчук.
Пред вклучувањето на магдоносот во секојдневната терапија при овие индикации, Ви препорачуваме задолжително да се консултирате со Вашиот доктор.
Исто така, диуретиците, па и магдоносот, помагаат при олеснување од чувството на надуеност, предизвикано од ретенција (задржување) на течности при ПМС (предменструален синдром). Кај жени кај кои се јавува ова чувство се препорачува консумација на чај од магдонос за време на предменструалните денови.
Диуретици и магдонос не се препорачуваат на бремени жени и доилки, освен во мали количества како зачин.
Против алергии
Според некои студии, магдоносто ја инхибира секрецијата на хистамин, супстанца која организмот ја продуцира при алергиски реакции. Антихистаминското дејство на магодносто помага при алергии, поленски трески, астма и друг вид алергиски манифестации.
Во летните периоди ладниот чај од магдонос пријатно “е Ве освежи истовремено намалувајќи ја опасноста од алергиски реакции.
Други дејства
Една од состојките од етеричното масло има антипиретски особини и чајот од магдонос помага при трески и состојби проследени со зголемена телесна температура.
Чајот од магдонос е ненадминат пречистувач на жлездите, црниот дроб и жолчката.
Во интерес на целосен естетски изглед
Може да се користи и како тоник за кожа и има благи антибактериски својства, што го прави соодветен при помали инфекции. Високото ниво на хлофорил восвежиот магдонос го прави незаменлив како освежувач и ефикасен отстранувач на лошиот здив.
Кога се работи за чаеви важни за општата здравствена состојба и за нивните корисни дејства, чајот од магдонос секако е еден од најдобрите. Впрочем, при првите знаци од заболување, чајот од магдонос ќе ви помогне на патот кон оздравување. Редовната примена на овој чај претставува исклучително закрепнување.