Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓороски едно прашање до тебе сега моментално пијам креатин дали може во наредни 1,2 недели да додадам и трибулус ? да не има некои несакани ефекти итн .. ?
 
Idiot.,
слободно додади. тоа се два различни произвида кои на различен начин делуваат, а не се воопшто штетни.
 
Здраво на сите... Планирам да почнам да вежбам па сакам да ме упатите како да почнам со исхрана,креатини такви ствари...Иначе имам околу 65kg висок 1,74 така да мислам треба да качам малце во тежина...Фала одднапред позз
 
Што е до суплементација чим си почетник не би ти препорачал да ги фрлаш пари уште одма , што се однесува до исхрана , според висинава и килажава најверорајтно сакаш да покачиш маса , како и да е за градење на чист мускул треба да избегаваш : благо , леб , прежено , газирано , алкохол и тн . Треба да внесуваш : риба варена , пилешко варено, млеко и јогурт со ниска масленост , исто можеш и урда , компир варен, ориз варен .... Внесот на вода да го покачиш . Друго не ми текнува што да ти казам , ако имаш нешто да прашаш , слободно .
 
џабее е се имам брз метаболизам ништо не се фаќа... а што се користи од хемијава за зголемување на маса??
 
џабее е се имам брз метаболизам ништо не се фаќа... а што се користи од хемијава за зголемување на маса??

Па ти си благословен .. да имав јас брз метаболизам , ќе јадев по 12-13 пати на ден , а не сеа ко шо правам да пазам на исхрана со 5-6 јадења на ден .. :pipi:

Сомо шибај во устата храна , не му се сеќирај , арно ти кажаат удри повеќе на протеинска исхрана
 
пред нова година не внимавав многу на исхраната по цел ден лево десно и се случуваше денови да бидам еднаш јаден,од нова година се ставив во ред со оброци со ужини со се резултат 2кила со алишта...шо благослов ќе беше шо ќе ставиш у уста ништо да не ти се фати:D
затоа се интересирам што да чиниме решение мора да се најде не ја бива ваа вака:)
 
Епа за човек ко мене , шо има огромен апетит , тоа е благослов :tv:
 
јас да се оправам јас ќе ти фрлам благослов секоја вечер пред спиење ќе кажувам:smir: туку што од хемијава би било добро за почеток за маса???
 
сега почнуваш со бб и секој искусен билдер ке ти каже дека не треба да почнуваш одма со "hemii" зависи зашто мислиш,а ако стварно сакаш на своја раказеми си слободно
 
сега почнуваш со бб и секој искусен билдер ке ти каже дека не треба да почнуваш одма со "hemii" зависи зашто мислиш,а ако стварно сакаш на своја раказеми си слободно
не таман работа на своја рака само ме интересираше што се користи за маса некој викаат гејнер некој да сум земел пивски квасец сега сега за сега ќе почнам со исхраната да внимавам што внесувам па ќе видиме дали има резултати....фала
 
Среди исхрана за почеток, 5 оброци во кои ќе има протеини и ЈХ во сооднос 1:2. За суплемементи немаш потреба за почеток пошто сеуште немаш квалитетни тренинзи кои ќе те трошат до максимум. Научиги справите, усовршија техниката на дигање па после тоа почни да размислуваш за суплементи
 
Една мала дигресија, Peno пиши како ти изгледа сега твојот редовен начин на исхрана. Не она кога си јадел само еднаш во денот, него кога си успеал да качиш 2 кг со облека. Да не си преминал од летна на зимска гардероба :) и пред да почнеш со "хемија", гледај тоа да не биде некој професионален гејнер. Пиши конкретно ќе ти помогнеме.
 
Појадок
чаша јогурт,сирење,сувомесно,кашкавал,мачкано(павлака,мајонез,путер...),4лепчиња интегрален леб
ужина
1овошје по избор
Ручек
парче месо(пилешко,риба,свинско...),ориз,кромпири,грашок,салата обавезно(зелка,краставица,патлиџан...),4лепчиња интегрален
ужина
1овошје по избор
вечера
чаша јогурт,сирење,сувомесно,кашкавал,мачкано(павлака,мајонез,путер...),6лепчиња интегрален леб
ужина
1овошје
 
Ја мислам да намалиш лебот, кило леб јадеш... Место да јадеш толку леб купи 5 јајца со истите пари, спукај ги во оброка, 5 белки и 2 жолчки... Сувомеснато јади добро, ама подобро урли стек за истите пари, во месара земи си за 190 денари-кило стек ќе ти трае 3 дена еве.... Земи си урда што помалку масна, 140 денари кило (има и поефтини и поскапи нормално) јади ја во три дена... Млеко што безмасно комбинирај го со житарици, МАКАРОНИ, КОМПИР ВАРЕН, ОРИЗ, од тоа ќе набациш, маца.. Овошје јади обилно еднаш дневно... Ако јадеш веќе леб, јади го насабајле така ќе го потрошиш на тренинг, и зголеми повеќе протеини, штом ти е брз метаболизмот, немаш гајле, па веќе кога ќе имаш 3-4 месеци некакво искуство „убаци“ гејнер, или протеин и креатин...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom