Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
со справава имаш стварно доста вежби, но за комплет тренинг на секој мускул посебно... сепак теретана е подобро. Тука имаш една или две вежби за гради на пример, во теретана имаш 10.. истото е и за другите мускули.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
со справава имаш стварно доста вежби, но за комплет тренинг на секој мускул посебно... сепак теретана е подобро. Тука имаш една или две вежби за гради на пример, во теретана имаш 10.. истото е и за другите мускули.
Еве што се може да се прави

Е сега на ова плус да се купат тегови мислам дека ќе биде солидна домашна теретана пошто имам и точак домашен и изиглајдер таа справата со шини
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Е сега на ова плус да се купат тегови мислам дека ќе биде солидна домашна теретана пошто имам и точак домашен и изиглајдер таа справата со шини
Теговите се прилично скапи, мислам дека кило 100 денари иде (негде поскапо, негде поефтино). Плус шипки, клупа...али види и кај Ѓороски на херкулес.ком.мк. Мада гледам дека со овие справи и евентуално (ако набавуваш) со еднорачни тегови, шипки, плочи и клупи сепак се вежба само горниот дел од телото, а долниот дел ќе го запоставиш (што би било голема грешка оти тој дел е многу битен како и сите други делови поединечно-башка го носи цело тело и е многу тешко за вежбање-најдалеку е од срцето велат). Значи би ти требале шутери и слични справи за нозе, а тие се мислам доста скапи за набавка.

Побитно е што при вежбање секогаш може да се направат грешки. На пример оваа за рамо ја правев со теговите пред нозе, а не зад нозе како што е правилно.

Оваа подолу ја правев со теговите спуштени од страна, а не од напред како што е правилно

Овие вежби се за рамо, но јас како што ги правев се доста полесни или удираат помалку на рамото и ефектот е многу помал во таа серија...среќа што во теретана си има газда :) ме виде и ме корегира.

Уште една работа што некои од газдите тренираат заедно со нас, ни прават распоред, не тераат да ја направиме вежбата како што треба за да се извади максимумот од таа вежба. Башка и одвреме навреме е потребен совет за било што (исхрана, протеин, повторувања, возењето на велосипед кога да се подигне од 15 на 20 минути...секако зависно и од оној кој се грижи за таа теретана).

Накратко, јас би бил повеќе присталица за во теретана, но сепак од тебе зависи. Ова е вака мое грубо мислење, можеби има други што мислат поинаку...

Само уште ова. Едно момче кое доста време и доста напорно вежбаше и изгради навистина феноменално тело (со сите салтанати-горниот и долниот дел како статуа плус и коцки на стомак...), се реши да купи клупа и да вежба дома. По едно година дена го гледам пак у теретана...Што? Не иде, нема со кој заедно да вртиш серии, едноставно вика не ми се седнуваше да вежбам...-за тоа време доста изгуби од облик и снага. Тоа е пример на кој ми текнува во моментов :) но реков, можи друг има свои искуства со ова
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Искрено, ниту една куќна справа накоја сум налетал до сега, ми се нема погодено. Ниту агол, ниту со димензии. Дефинитивно не сум изрод, но сигурен сум дека немаат некој голем ефект. Башка, многу ефтино и лесно се направени, да незнам колку би биле издржливи доколку некој запне на нив.
Дефинитивно, она што се произведува за по теретани, тие линии се најчесто со по еден избор. Значи нема комбинација на се во едно. И те се сосема со други димензии, агли и се многу поразлични. Зачлени се во некоја локална теретана каде ќе можеш ем да се дружиш, ем да не екпериментираш и ќе учиш на грешките од оние кои вежбале пред тебе.
Стмакот е специфичнамускулна партија, слично како и листовите, кои можат да бидат оптеретени секојдневно со вежби. Сепак, за да се видат стомачните, освен интензивните тренинзи за нивно обликување, потребно е да се намали просторот помеѓу кожата и самите мускули. Или едноставно да останете со мускули прекриени само со кожа. Тоа се постигнува само со правилен начин на исхрана и комбинација на аеробен тренинг, во зависност од потребите.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Ако може убаво да ме насочите...не сум баш почетник..ама не одам во теретана..и вежбам само стомачни..вежбам некое време..имам забележано разлика..ама во цврстината само..ми се познаваат и плочки..не велам мн..малце..ама ми се познаваат..ама мене ми е желба скроз до израз да ги истакнам..така да..дај кажете правилна вежба..горни стомачни долни стомачни време за правење(не мислам зима лето итн.) ..што е препорачливо од вас..за едно мало копиле што се занесува..ко мене..
 
ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
Што мислите за

дали вреди да се користи или е уште една од оние top-shop срања?
абе ова до негде е вистина. ама нема шанси да напраиш таква рака или таков грб со ова. али секако дека е добро да се праи пред или после тренинг како кардио :smir:

:helou:
ае ако не ве мрзи препорачајте ми НАЈЈАК топач што можам да го купам у Македонија (цената не е битна). и по можност кажете локација на продавницата. фала однапред
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Ако може убаво да ме насочите...не сум баш почетник..ама не одам во теретана..и вежбам само стомачни..вежбам некое време..имам забележано разлика..ама во цврстината само..ми се познаваат и плочки..не велам мн..малце..ама ми се познаваат..ама мене ми е желба скроз до израз да ги истакнам..така да..дај кажете правилна вежба..горни стомачни долни стомачни време за правење(не мислам зима лето итн.) ..што е препорачливо од вас..за едно мало копиле што се занесува..ко мене..
Дури и да не вежбаш, ќе ти се познаваат стомачните - нормално, ако ги исчистиш наслагите од стомакот. А за тоа, ќе треба да се откажеш од чоколадото и еден куп благодети на животот :) Колку време вежбаш иначе? Не очекувај да видиш некои резултати за помалку од 3-4 месеци... Мене ми беше мерак да ги видам, па откако ги видов пак се препуштив на пивото, благото и хамбургерите. Ама еве, сеа ко божем се враќам во форма :)))

Почнав во теретаната во АРМ да идам иначе, после 7-8 месечна пауза. Мора малку да запнам за да се вратам во форма. Нормално, не очекувам некои вртоглави резултати и „ѕверска градба“ (затоа што не м се фрлаат пари за протеини и правилна исхрана), ама очекувам барем да ја подобрам дефиницијата до лето.
 
Па и толку вежбам..3 месеци..абе тоа..и да не вежбаш ќе ти се познаваат..што знам јас имам супер градба(да не излезам како некој нарцис и не ми е намера да се фалам)ми имаат кажано и др личности а и на системацки али тоа не е битно....и без вежбање имав онака..како да речам..плочки :P..само се повеќе и повеќе ми е желба..онака..појако тело..:):):)Иначе фала Ацид:)

а да прашам..општо за стомачниве..кој стомачни се најтешки за правење..долни,горни вамте тамте..
со кои начини на правење стомачни најмногу се добива..
 
Има стотици вежби за стомачни... И исти курац се сите :)

Јас вежбав само 3 типа на стомачни, и тоа:

Легнат на грб, нозете споени во колена и собрани, рацете на глава... Долниот дел од грбот останува на земја, а со горниот се креваш околу 25-3-% од земја. Нема потреба од повеќе кревање. Пипни се за стомачни, ќе видиш дека сите ти се активираат.

Втората вежба е иста, но со малку разделени нозе. Така повеќе мава на долните.

И третата е за долниот дел, односно оние „линиите“ од страна. Ама доста „билдери“ не ги вежбаат, затоа што сакаат V градба, односно - нејќат да се прошират во долниот дел од торзото. Вежбата е лесна. Седнуваш на каучот со гзот до работ, нозете ти висат доле, а рацете ти се до г'зот. Ги креваш нозете горе неколку серии по 20 пати...

За други вежби, слободно ѕирни на Јутуб. Мал вежби има таму.
 
баш овај одговор го чекав..фала многу :)
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Ако може убаво да ме насочите...не сум баш почетник..ама не одам во теретана..и вежбам само стомачни..вежбам некое време..имам забележано разлика..ама во цврстината само..ми се познаваат и плочки..не велам мн..малце..ама ми се познаваат..ама мене ми е желба скроз до израз да ги истакнам..така да..дај кажете правилна вежба..горни стомачни долни стомачни време за правење(не мислам зима лето итн.) ..што е препорачливо од вас..за едно мало копиле што се занесува..ко мене..
Брат за стомачните најважна е исхраната па другото потоа, да не набројувам пак, ти спомнаа во некои постови погоре што е најголемата препрека.
Вежби имаш многу и секоја ти е за одреден дел, повели најдобро објаснето можеш да видиш овде.
И требе доста време не очекувај експресни резултати.
Ова е тоа што јас го постигнав до сега...
 
Член од
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6
Одлични совети му давате ама детево има само 14 години.Убави стомачни се оформуваат после 20 години.Не може на 14 години он да има плочки ко Роки Балбоа па макар и вежбал секој ден.

Иначе Марко не е лошо.Колку време вежбаш?
 
O

Orion.

Гостин

Баш напротив одлична возраст да започне да вежба! Ех јас да почнев од 14 години да вежбам сеа ќе бев HULK:vozbud: Арнолд почнал на 14.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6
Баш напротив одлична возраст да започне да вежба! Ех јас да почнев од 14 години да вежбам сеа ќе бев HULK:vozbud: Арнолд почнал на 14.
Добро де не викам да не вежба ама неможе да се постигне толкав видлив резултат сега ќе го има подоцна.Да не се нервира ако некое време нема промени кај стомачните па да се откаже на крај.Сакам да му кажам нека си вежба и за неколку години цап Стомачни ко Роки Балбоа ама сега за сега нека се радува и на тие "плочки" што ги има :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom