Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
мене ми кажуваа дека овие,се штетни за колениците нешто... и за глушдовите ова она... стварно или приказни?

Не се штетни, не за бадијала ги носат кошаркарите. Е сега нормално ќе има воспаление додека да се навикнеш. Ги ставаш, трчаш до водно, се враќаш на игралиште, ги вадиш и забиваш пред ококорените очи на твоите другари.

Исто како замена за овие може да се земе обичен ластик кој ќе го исечете отприлика 15-20цм и ќе го вржете околу нозе(долу кај зглобовите). Сега ќе одите со него на следниот начин : /\ , ||, /\, || (ова е положбата на нозете, значи ги одалечувате една од друга и ги зближувате). Така ќе ја поминете салата во должина 2-3 пати, ќе го трнете ластикот и вуала, имате крилја!:helou:
 
Ви го препорачувам документарецов... додека го гледав не трепнав

Една од сцените... не ми се верува до каде можат да идат работиве

Заклучок,,, сите кој се "Ѕверови" земаат стероиди 50 % од нив негираат дека земаат стероиди. :helou:
 
Вака сеа. Земав протеини ISO XP со вкус на чоколадо тој ми рече дека се мегу подобрите ако не и најдобри од тие што ги имал. Од денеска почнав да вежбам значи не вежбам да се набилдам туку за дефиниција. Типот ми рече да си пијам на два пати еднаш сабајле еднаш навечер по пола дозерче( мислам дека 25г рече). Сеа ме интересира дали има врска празен стомак ова она?? и дали има врска со што млеко ке го пијам( со колкава масленост)??
 
Среди си ја исхраната доколку сакаш резултати зашо бадијала зимаш суплементи ако исхраната не ти е средена! Нема врска дали е на празен стомак, а ако сакаш дефиниција болје ти е со безмасно млеко. Неможам поконкретно да ти кажам зашо не ти знам тезина, висина....
 
сакам да знам за колку време можат да се оформатам стомачните .знам дека за горниот дел од стомачните ке треба активен тренинг од 4-5 месеци а за подолните делово од стомачните ??
 
сакам да знам за колку време можат да се оформатам стомачните .знам дека за горниот дел од стомачните ке треба активен тренинг од 4-5 месеци а за подолните делово од стомачните ??
Зависи од неколку фактори... дали имаш вишок сало или си слаб, дали ќе јадиш се и сешто или ќе се откажеш од некои работи како благо, газирано, мрсно, алкохол и премногу сол...дали ќе трчиш/возиш велосипед и сл.
Неможеме да ти дадема точна равенка со која ќе го пресметаш времето за постигнување на целта,кај секој е различно и не е само до правење на стомачни вежби, ако не се придржуваш на останатите правила и btw долните стомачни се многу потешки за оформување од горните.
 
слаб сум немам сало.јадам благо мрсно најнормално но нема сало на мене па така да правам веке некое време стомачни во теретаната по 5-6 серии по 30 стомачни и бежбам на некои други справи за стомачни вежбам 4 дена во теретаната и дома правам по неколку серии..почна да има оформувуње на горниот дел од стомачните но нема некои видливи резлутати сепак сум почетник...Па сакав да знам со вакви резулати како и за колку време ке ми се оформат стомачните на горниот дел ... а за колку време на долниот дел на стомачните иако знам дека треба доста многу време работа и труд....но сепак се трудам и настојувам да успеам...???
 
Едно питање :)

Ако вежбаш (во теретана) и при тоа не внимаваш на исхрана односно јадеш нормално како секој човек (благо, солено, мрсно, месо, леб. ајвар...итн), колку што ти се јаде какви резултати ќе добиеш?
Конкретно за мене, висок сум 171-2 и имам околу 70 кг, дали ќе добијам резултати ако го правам тоа погоре пишаното, не внимавам на исхрана, само вежбам.
 
Ќе направиш тело за на плажа:helou: Уствари и генетиката е пресуден фактор во вежбањето меѓутоа со сериозно вежбање и релативно поголем временски период, и без некое поголемо залагање во исхраната ќе постигнеш некоја форма но билдерско тело нема шанси без соодветна исхрана. Бар кај мене беше така но сепак зошто да не внимаваш и на исхраната за оптимални реаултати?
 
КАЛЦИУМ

КАЛЦИУМОТ ПОМОГА ПРИ АПСОРБИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗОТО,ЈА СМИРУВА НЕСОНИЦАТА ГРАДИ СИЛНИ КОСКИ И ЗАБИ,ГО ПОДОБРУВА НЕРВНИОТ СИСТЕМ...НЕДОСТИГОТ НА КАЛЦИУМ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА КРИВЕЊЕ,МЕКНЕЊЕ НА КОСКИТЕ,КАРИЕС НА ЗАБИТЕ ОСЕТЛИВОСТ НА СТРЕС,АЛЕРГИИ,ГРЧЕВИ НА МУСКУЛИТЕ...
МОЖЕ ДА ГИ НАМАЛИ БОЛКИТЕ ВО ГРБОТ,КРСТОТ,ПОМАГА ПРИ МЕНСТРУАЛНИ ГРЧЕВИ.СЕ ПРЕПОРАЧУВА И ЗА ХИПОГЛИКЕМИЈА.ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОСТИГСЕ ОСЛОБОДУВА ОД КОСКИТЕ ВЛЕГУВА ВО КРВТА СЕ ТАЛОЖИ НА ЅИДОВИТЕ ОД КРВНИТЕ САДОВИ И ПРЕДИЗВИКУВА АРТЕРИОСКЛЕРОЗА.
НА ЗДРАВ НОРМАЛЕН ЧОВЕК ДНЕВНО МУ Е ПОТРЕБНО 800-1200мг.
ДУШМАНИ НА КАЛЦИУМОТ СЕМАСТИТЕ ОКСАЛНАТА КИСЕЛИНА(ГИ ИМА ВО ЧОКОЛАДО)И ФОТОНСКАТА КИСЕЛИНА(ВО ЖИТАРИЦИ.)
ПРИРОДНИ ИЗВОРИ НА КАЛЦИУМ СЕ:МЛЕКОТО,МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ,СОЈАТА,ЗЕЛЕНЧУКОТ,ОРЕВИ,АФИОН(СО АФИОН ПОЛЕКА)

:bilokojzbr:
 
ааа супер...сватив... затоа горниот дел од бицепсот ми е поголем,а долниот,над подлактицата е помал... ок,фала...
Супинација, ротирање на зглобот на дланката, при вежбање на бицепс прегиб со еднорачни тегови. Ова е омилена работа на Арнолд. Само со ротирање и внимателно пратење ќе забележите што се случува во пределот на бицепсот и подлактиците. Кога е вертикално поставена дланката, палецот навнатре, поголем акцент од вежбата иде на брахиалисот и брахиорадиалнис. Ова е така наречена ЧЕКАН вежба, со која се добила полн изглед на рацете и бицепсите и тие се од надворешна страна многу пополни. Основен начин на изведување на оваа вежба е кога дланите се држат отворени, палците завртени нанапред, каде директно се погодуваат двете глави на бицепсот. Воколку при подигнување на тегот нагоре, дланките дополнително се заротираат нанадвор, доведувајки го малиот прст кон бицепсите, директно се погодува внатрешната глава од бицепсот.
Значи со ротирањето на дланката во зглобот, се погодуваат бицепсите заедно со подлактиците од различни агли, што е битен момент за целосен нивен развој и обликување.
 
Да ве прашам нешто. Денес вежбав трицепс и при правење на една вежба ми крцна нешто кај лактот кај левата рака као коска некоја, и имав болка додека ја правев вежбата коа ќе вложев напор и неможев да продолжам. Посериозна повреда е или ништо страшно?
 
Ај и јас дојдов на ред да прашам на темава :)

Почнав да правам стомачни овие денови,а пред тоа правев само кога ке ми текнеше...
Е сеа ако правам секој ден стомачни,4 серии по 30 до 40 стомачни,има ефект,или е исто како и кај градите коа вежбаш на пример,еден ден вежбаш,а другиот ги одмараш ??

Инаку правам во теретана на една справа за стомачни,му доага како контра коса е,па потоа дома коа ке дојдам правам уште 2 до 3 серии.
 
Мислам дека треба да ги правиш преку еден ден. Јас кога идам у теретана еден ден трчам на трака следниот ден праам по 300 стомачни. И типот што работи у теретана ми рече да пробувам да ги праам поспоро демек тоа помагало да ми се познаваат стомачните а ако сум сакал да добијам на јачина на стомачни да сум ги правел по експлозивно.
 
Да ве прашам нешто. Денес вежбав трицепс и при правење на една вежба ми крцна нешто кај лактот кај левата рака као коска некоја, и имав болка додека ја правев вежбата коа ќе вложев напор и неможев да продолжам. Посериозна повреда е или ништо страшно?

Штом ќе почуствуваш бол или нелагодност во правилчно изведување на било која вежба, веднаш се прекинува со трренинг на мускулни партии каде болката се чуствува. Вистинска дијагноза е лекар. Се друго е нагаѓање, што не е прецизно и паметно. Ако после неколку дена не помине ( а одмараш) задолжително оди на лекар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom