Ова емногу мал внес на белковини во текот на еден ден, за човек кој е активен физички притоа кој сака да ја задржи постоечката мускулна маса. 1.200 калории се минимумот кој е потребен да се внесе во еден ден за нормално функионирање на еден организам кај просечен возрасен човек. Со 27 гр белковини ти внесуваш околу 110 калории. Баш ме интересира кој е соодносто на другите хранливи материи (јаглени хидрати и масти) кои ги внесуваш во текот на денот?
Уф, со математика на внес не ми одело баш

Претходно имав голема килажа и невежбање/неактивност од точно една година-буквално цигари, алкохол, лежење.
Од крајот на мај наваму почнав лесни (релативно) вежби...ради одредени стомачни проблеми не смеев да качувам тежина и интензитет. За овој период, до пред пола месец користев универзал амино 2700 во комбинација со дневна исхрана со повеќе риба, печурки...белковини каде нема холестерол, а не се многу скапи како телешкиот стек на пример. Искрено, не знам точно колкаво количество внесувам (брз живот, лесна исхрана за работно време...е сериозен проблем да се определи внесот и да се избегне масна исхрана во секојдневието). Добро, можеби малку повеќе протеини ми фалат

Така, од 95-96 симнав на 87 кг. Сега за пола месец користам веј протеини и 200-300 грама риба секој ден.
Со оглед на целта (одржување на виталноста и обликот на телото во солидна форма-good shape што би рекле англичаните) и годините на неактивност како и некои оперативни зафати на абдомен, сепак сум задоволен...али секогаш велам дека сепак може и подобро. Внесов и дополнителна вежба-advanced blurpee (на македонски не го знам зборот) ради дополнително намалување на тежината и маснотиите (кои сеуште се јавуваат низ мускулите на стомакот и делумно на горниот дел на нозете)...можеби сум малку повеќе претпазлив, али се од аспект на тоа што мојот метаболизам е малку поспор отколку на помладите членови на форумот, но и од аспекта на тоа што овие активности ги започнав скоро-под старо

, од пред 3 години со одредени застои. Сепак према тоа што одвај дишев зимоска...ова ми е некако добредојдено
Ваше мислење Ѓороски, дали да покачам уште барем пола доза од веј-протеините? Не ви објаснив можеби многу за точниот внес на калории, но барем отприлика колку што можев :smir: Инаку од суплементи друго ништо не внесувам. Поздрав.