Абе до пред два месеца јас не водев никаква грижа за исхраната, воопшто не ни знаев дека имала толкав голем удел, па пак имав добри резултати, но физички бев постојано активен...јадев благо претерано,салатите од сол ми беа покриени, пиев пиво,јадев мајонез и слично и пак бев добар, но од кога почнав да внимавам на исхраната, од кога почнав да се информирам повеќе за спортов, многу полесно гледам напредок.
И можно е да се постигне добро тело и без суплементи и претерано пазење во исхраната, спиењето и начинот на вежбање но за погоре веќе ако се сака напредок залудно е без споменатово, 80% исхрана,15% вежбање и 5% спиење ( не ме држите точно за процентиве,овие се според мене)
За скап, скап е спортов осеќам по мене иако одам по моја програма и не баш совршена како што треба, но знам дека инвестирам во мене, во здраво тело и имам доста добар имунитет...подобро би давал пари за здрава исхрана и суплементи одколку да давам за лекови од кога ќе се разболам, а не паметам од кога не сум бил болен.
Можеби на другите им е чудно што внимаваме толку во исхраната и вежбањето и си мислат дека сме луди, но тоа се искомплексирани луѓе кои неможат да го постигнат тоа и си лечат комплекси... да беше лесно и да беа само парите клучни сите ќе имаа атлетско градено тело но треба и цврста волја.