Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Хм, оризот протеини :icon_roll јас се мислам дека тој содрже повеќе Јаглени хидрати
И ако сакате напредок добро кажа Tyson брз избалансирана исхрана не се надевајте многу... Go hard, or go home!
Еве која храна што содрже:
Протеини:пилешко, мисирка, телешко, риба, белки и најдобар протеин (според препораките) ти е ON 100% Whey Gold Standard јас го порачав сега па за резултати понатаму.
Јаглени хидрати:овес, компир, кафеаф ориз, пченични производи, овошјето, зеленчикот.
Масти: бадеми, кикиритки,маслиново масло, жолчки од јајца

С

Спенсер

Гостин
хммм едно прашање...со другар нешо праевме муабет за вежбиве...и некако почнавме да збориме за тоа како во помладите (тинејџерски) години,полесно е да го оформиш телото и "затегнеш" мускилите...т.е. со помалку вебање повеќе резултати одколку кај повозрасните 20+ кои со повеќе вежбање ке добијат исти резултати како нас помладите...има нешто точно во ова или???
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
По 40 година од животот, мускулните клетки постепено се намалуваат, што доведува до намалување на големината на сите посебни мускули. Притоа, исто така, се губи и силата, особено видливо кај исправувачките мускули. Тоа, од своја страна, предизвикува свиткување наназад, или кифоза, што почесто се случува кај жените. Активноста и физичката работа во текот на животот ја намалуваат можноста за несаканите ефекти при стареењето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.752
Поени од реакции
12.213
По 40 година од животот, мускулните клетки постепено се намалуваат, што доведува до намалување на големината на сите посебни мускули.
Сигурно има вистина во ова, но ако се вежба "до ј*ја", ако се зима она што е погоре кажано +уште некој суплменет, мислам дека ефектите се ублажуваат. Едино проблем се масните наслаги на овие години.
Оти за месец ипол ги вратив рацете и грбот веќе на половина големина и форма од лани (а од септември лани до пред месец ипол немав вежбано ниту склекови). Значи за уште месец-два со ваков интензитет (секој втор ден со две групи мускули и соодветни повторувања, дишење, исхрана и слично), ќе се вратам во стара форма од претходно (додуша и природно без вежбање имав широки лептири-Lats и рамења, али ова ги диференцира и одржува добар тонус). Едино проблем во овие години се масните наслаги (околу појас, на стомак, нозе...) кои тешко се вадат (посебно маснотиите помеѓу мускулите). Доказ дека и после 40 години, ако си дисциплиниран во исхрана и вежбање, движење и одмор...можеш како така да се одржуваш (не вечно, но барем до кај 50-та) на одредено ниво. Не е како на 20 години, но со повеќе мака се успева да се усклади и одржи тонусот на мускулите. Ако ништо друго за одржување на здравјето што подолго :smir:

хммм едно прашање...со другар нешо праевме муабет за вежбиве...и некако почнавме да збориме за тоа како во помладите (тинејџерски) години,полесно е да го оформиш телото и "затегнеш" мускилите...т.е. со помалку вебање повеќе резултати одколку кај повозрасните 20+ кои со повеќе вежбање ке добијат исти резултати како нас помладите...има нешто точно во ова или???
Инаку, да ова е така, но не баш 20+, туку може да се каже 30+. Секако кога секој твој залак иде во градба на телото. А со тек на годините телото престанува да расне. Ја затоа морам помалку да јадам од тебе :) и при иста активност.

Интересна е сликата aqva што ја постираше. За визуелно поголема надлактица, многу е значаен трицепсот. Не дека не е важен бицепсот-преден и страничен, али трицепсот дава слика на погломазна рака, затоа што поголем процент од раката го сочинува трицепсот. Тоа е што се однесува до ако сака некој набрзинка сега пред одмор дување на рацете :)
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Најголемата разлика се масните наслаги... до 17 - 18 години, можеш секој ден чоколадо да јадеш, хамбургери и слични глупости а да не ти се фати мрсно, јади го истото на 25 - 30 па нагоре ич да не спомнувам и ке имаш еден гооооолем "мускул", обем 130 - 200 ... СТОМАК :) :)
 
Ако се храниш исто, нема да можеш да го најдеш за мала нужда :)

Заради тој мускул повозрасните мора да пазат. А пошто ја не пазев на време:helou:, сега попладне треба да се мачам -десетина минути брзо и со мал отпор возење точак (вака најбрзо се симнувале вишок кг), после комплет рамења и лесно раздвижување на стомачни мускули. пред и после тоа по неколку амино апчиња, лимон, цитрон и банана. За после тоа да се засладам со една тунафиш. Али ова е за оној што сака да слабее, не е за гоење.
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Дечки во која количина и како да ги распоредам декстрозата и протеинот?
Зошто наутро вежбам со тегови, на поручек вежбам стомачни, склекови и незнам како да ги земам протеинот (пред тренинг/после) и ако е после тренинг прво декстрозата да ја пијам или него...? де некој од поискусните ако сака да ми направи некој расподед како да ги земам :raz: инаку имам 100% Whey Gold Standard 2200 гр и декстроза 1 кг.
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168

па декстроза се зема после тренинг за да ја надокнадеш изгубената енергија, а ти штом вежбаш 2 пати во денот, подели си го и протеинот на 2 пати(една сабајле една поручек)
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
па декстроза се зема после тренинг за да ја надокнадеш изгубената енергија, а ти штом вежбаш 2 пати во денот, подели си го и протеинот на 2 пати(една сабајле една поручек)
Па повеќе ми беше за протеинот, ќе го земам двапати на ден но кога да го земам пред или после тренинг? и декстрозата со истата ли мерица од протеинот да ја конзумирам? и исто двапати на ден?
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.828
Марко и декстрозата и протеинот после тренин:helou:г.
Него кажи ми ...вејот кога го зеде? Пред 2 недели немаа.
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Па повеќе ми беше за протеинот, ќе го земам двапати на ден но кога да го земам пред или после тренинг? и декстрозата со истата ли мерица од протеинот да ја конзумирам? и исто двапати на ден?
декстроза после тренинг, 50 грама ти е доволно, а протеинот како сакаш, јас обично после тренинг го земам, а некогаш и половина лажичка пред тренинг
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Марко и декстрозата и протеинот после тренин:helou:г.
Него кажи ми ...вејот кога го зеде? Пред 2 недели немаа.
Немаше и немат уште,последниот пат кога бев во Гладијатори во вторникот ми рекоа дека во четврток, утре 25.06.2009 ќе дојде и бидејќи не сум од Скопје го порачав да ми го донесат утре дома, но сега пишував со Миодраг од Гладијатори и ми рече дека сеуште не му е стигнат 100% whey gold протеинот но до крајот на неделава секако... така барем ми рече иако еве го чекам скоро еден месец, а планирав од понеделник да почнам со посериозно вежбање само да не ме зафркнат сега пак да го нема :toe:

Цената е навистина голема за нашите стандарди, но доколку сериозно сакаш да постигнеш нешто тогаш и не е нешто страшно бидејќи си инвестираш со здрава градба во телото.
За грамажа која јас што ја порачав 2200гр мислам беше цената е 3690 денари.
еве и линк од страната но нешто не го отвараше моментално тој продукт, а се наоѓа веднаш на левата страна од горе.
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Јас заборавив да прашам кога се пие ова?
Па старите ко што кажуваат најдобро е насабајле да се пие пред појадокот, и ако некој мисли дека е многу мрсно нека провери колку масти има севкупно во тоа,плус медот содржи природен скроб и не е штетен како што е купечкиот шеќер кој претставува празни калории, ама пак мора да се внесуваат масти во телото бидејќи тие се сврзуваат со витамините.Сепак ова се препорачува на тие што сакаат да качат килажа затоа и мора малце масти.Ова го иам пиено ја и уште неколку другари и одлично ни делуваше. Само мене благо ми беше ептен и затоа прекинав да пијам.
 
soul123

...plAy HaRd GO pRo...
Член од
2 октомври 2008
Мислења
295
Поени од реакции
23
Дали е добра комбинација гради/трицес, грб/бицепс, рамо, нозе/стомачни за стекнување маса. Барав на www.bodybuilding.com и ми понуди ваква комбинација. Јас мислам дека е ок, али некои луѓе ми викаат дека не идело гради со трицепс, бидејќи додека правис вежби за гради се замара и трицепсот, па ќе неможеш убаво да го напумпаш после.
До некаде е точно дека се замара трицепсот од вежбите за гради, но сепак може тоа е и добра комбинација. Што мислите вие, бидејќи на www.bodybuilding.com имаше многу тренинзи понудени со овие комбинации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom