По 40 година од животот, мускулните клетки постепено се намалуваат, што доведува до намалување на големината на сите посебни мускули.
Сигурно има вистина во ова, но ако се вежба "до ј*ја", ако се зима она што е погоре кажано +уште некој суплменет, мислам дека ефектите се ублажуваат. Едино проблем се масните наслаги на овие години.
Оти за месец ипол ги вратив рацете и грбот веќе на половина големина и форма од лани (а од септември лани до пред месец ипол немав вежбано ниту склекови). Значи за уште месец-два со ваков интензитет (секој втор ден со две групи мускули и соодветни повторувања, дишење, исхрана и слично), ќе се вратам во стара форма од претходно (додуша и природно без вежбање имав широки лептири-Lats и рамења, али ова ги диференцира и одржува добар тонус).
Едино проблем во овие години се масните наслаги (околу појас, на стомак, нозе...) кои тешко се вадат (посебно маснотиите помеѓу мускулите). Доказ дека и после 40 години, ако си дисциплиниран во исхрана и вежбање, движење и одмор...можеш како така да се одржуваш (не вечно, но барем до кај 50-та) на одредено ниво. Не е како на 20 години, но со повеќе мака се успева да се усклади и одржи тонусот на мускулите. Ако ништо друго за одржување на здравјето што подолго :smir:
хммм едно прашање...со другар нешо праевме муабет за вежбиве...и некако почнавме да збориме за тоа како во помладите (тинејџерски) години,полесно е да го оформиш телото и "затегнеш" мускилите...т.е. со помалку вебање повеќе резултати одколку кај повозрасните 20+ кои со повеќе вежбање ке добијат исти резултати како нас помладите...има нешто точно во ова или???
Инаку, да ова е така, но не баш 20+, туку може да се каже 30+. Секако кога секој твој залак иде во градба на телото. А со тек на годините телото престанува да расне. Ја затоа морам помалку да јадам од тебе
и при иста активност.
Интересна е сликата
aqva што ја постираше. За визуелно поголема надлактица, многу е значаен трицепсот. Не дека не е важен бицепсот-преден и страничен, али трицепсот дава слика на погломазна рака, затоа што поголем процент од раката го сочинува трицепсот. Тоа е што се однесува до ако сака некој набрзинка сега пред одмор дување на рацете