Grey's Anatomy

  • Креатор на темата Креатор на темата Bush(av)
  • Време на започнување Време на започнување
Од неделава сменија термин во вторник е од 22 часот.

Си ја сакам многу серијалкава:pipi:
 
Уживав во првите 3 и до некаде четвртата сезона. Петтава некако тргна во погрешен правец.

Прво, Dr. George O'Malley го има се помалку и помалку. Не прави скоро ништо освен што се плетка наоколу. Ова е лошо затоа што во првите сезони беше еден од најинтересните ликови, и секогаш во центарот на приказната. Isaiah Washington беше избркан од серијата токму поради конфликтот со него, кога веќе мораа да изберат помеѓу двајцата. Ова само во врска со значењето што го имаше (и се надевам се уште го има) овој глумец за серијата.

Љубовните приказни се благо речено за никаде. Откако поштено ни здосади врската помеѓу Meredith Grey и Derek Shepherd се очекуваше нешто ново и интересно. Гледачите добија една лезбиска врска од која и на машките им се смачува (што не е природно) и на повидок е врска помеѓу Cristina Yang и Owen Hunt кој очигледно е големо промашување во серијата и ужасно се снаоѓа во улогата на доктор. И како круна на се, имагинарната врска помеѓу шармантната Izzie Stevens и мртвиот Дени :tapp: ...

Единствено добро што и се случи на серијата во 5-тата сезона е појавувањето на Chyler Leigh, некогашната ѕвезда од тинејџерската хит-комедија Not Another Teen Movie (2001).

Нема повеќе драматични животни приказни на актерите, се се сведува на решавање на чудни и тешки случаи и погрешни љубовни афери кои не успеваат да ја заинтересираат публиката. Ако продолжат во овој правец серијата нема да трае уште долго. Тоа би било штета, затоа што актерите во оваа серија имаат огромен потенцијал.
 
Ја гледам серијава и супер е .Една од подобрите серии што ги имам гледано:smir:
 
Дали е поради терминот.. или поради нешто друго ама третата сезона веќе ми здосади и не ја гледам, иако првите 2 ги гледав.. :toe:
 
Шо беше последната сцена? Шо се деси со Меридит? :S
 
Шо беше последната сцена? Шо се деси со Меридит? :S

Во кома мислам ќе биде, ќе се обидуваат да ја вратат во живот :nesum: претажни сцени ми беа тие додека ги гледав лани летото :pipi:
 
Епа чим ја имаш глеано кажи дал ќе преживеат во
спојлер.
 
Пазете, spoiler. :)
Мередит мислам дека ќе преживее зашто гледав едно клипче од свадбата на Кристина и Бурк, а Мередит е таму.
Само не знам што беа тие двајцата на крај, едниот во црно, другиот во бело. :)
 
"People fade away".
Мередит како што покажаа во "во следната епизода" ќе стапи во клиничка смрт и ќе се разбуди значи во таа "меѓузона" покрај оние што и биле блиски, кои се починати
 
Не ја пратам серијава, сум изгледал само две три епизоди најсила. Ама оваа вечерва ја фатив онака и ме запрепасти.
Језива и напната епизода.
 
Преживеува 100% ..наредната епизода ја имам гледано на Nova TV
.. само многу ми е криво што не ги гледав последниве 2 на А1
 
ја гледам на а1
многу е добра серијата,
една од омилените ми е:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom