Перверзно зачувана Zastava 1300 во Битола!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Се думам дали да го однесам на работа малце да продефилирам низ СК. Од Скопјанка до стара Стела :)
+ клемата ми прави некаде „маса“ и на големи дупки искри :S
 
Се думам дали да го однесам на работа малце да продефилирам низ СК. Од Скопјанка до стара Стела :)
+ клемата ми прави некаде „маса“ и на големи дупки искри :S
клемата на акумулатор, ти прави спој со хаубата? имаш мој телефон така? јави ми се околу 15ч, тогаш ке се вратам од пат, па јас ке ти ја средам клемата. не за друго туку така можеш да го ебиш акумулаторот многу брзо... не да се потроши туку ке му се искриват келиите и ке се заебе..
 
До 5 сум на работа. Веќе сум договорен за да видиме каде е. Јас по темница сношти гледав. Знаеш од + до анласер оди тој кабел. Ама не видов некаде да е скинат.

Поарно нема да ја возам. Ќе издржи скопската публика до утре :)
 
ако ти е договорено носи ја и среди ја. нај убаво е нов кабел да се смени. ако веќе прави спој на кабел, тогаш многу си блиску да се потпалиш искрено. друго е клема на хауба да фрла искра, а друго е кабел да прави спој. во првиот случај можеш само да го ебнеш акумулаторот, ама во вториот случај можеш и да се запалиш. не се играј, не ја вози дур не се среди тоа.
 
Да бе, видов дека има разлика некоја. Него Струмикс, дај кажи кај можам да најдам лајсна за фаровите. Едно делче на предниот лев фар ми се скрши и паднал по патот...
Розетна на фаровите или ибеј или отпад...на ибеј има интересни понуди, деновиве планирам да порачам...хромирана пластика ги има и хромиран метал. + клемата треба да има гумена прекривка озгора...измисли такво нешто ако не стои оригиналната...
проба ли да ја зашлајфуваш малце? пробај и кажи дали ке ти шлајфува со едно или и со двете задни тркала... а за маслото... си куртулил брат од пукнат блок... сега чини чаре со пресостатот (сите го викаат сензор ама далеку од сензор е) за притисок на масло. можеш да му вградиш маномер, внатре во кабина. ке ти мери притисок и стално ке си имаш на очи колку е.

п.с. неделава да се нацрташ пред работилница кај мене, да го туриме на отценување тристаќот...

Хахаха...јас кога го купував, го нарекуваа ампула :)
 
Ajde cestito kolata inaku vakva imase tatko mi skroz ista de luxe so crvena vnatresnost so menuvac pozadi volan bela boja ali otide vo otpad ehh da bev na ovie godini togas :( inaku si kupil direktorska kola :P
 
Средив со клемата. Самата клема допирала на каросерија оти гумената навлака ја нема. Ставив гумички некои и го прицврстив акумулаторот да неможе да претне.
Сега се е ОК :) Да не се почудам ...ХРРРРРК ...ПУ!
 
Абе...проба ли да ја испереш шофершајбната? :) Мислам...со оние неговите прскалки, а? :)
 
Средив со клемата. Самата клема допирала на каросерија оти гумената навлака ја нема. Ставив гумички некои и го прицврстив акумулаторот да неможе да претне.
Сега се е ОК :) Да не се почудам ...ХРРРРРК ...ПУ!
Нојс... сега е спремен за вожња :) Чекам крукче низ Скопјево ко ќе имаш време (пример за викенд ако не одиш Битола).

Него, пиши Hiljaduitrista на капачето внатре?
 
Не пиши...
Овој модел е со преден везен лим и внатрешност од серијата ФИАТ 1500 Ц, а моторот, шасијата, и задниот дел се на ФИАТ 1300.
Е сега, 1500 Ц е како редизајн од 1965 на моделот 1300/1500. Моделите до 1965 имаат скроз различен лим кадешто се инструмент таблата и она шкафчето, и кај нив стои тоа milletrecento, односно Hiljaduitrista... До 1965 тој лим и шалт-таблата се рељефни, а од 1965 до 197, односно 1968 (модел 1500) се такви како на Заставите од 1969 па натака, т.е. рамни...
1500 и 1500 Ц има малце подолго меѓуоскино растојание, значи подолга шасија, и кај нив задната врата е нешто подолга од 1300, и има повеќе простор за патниците на задната клупа.
од 1965, 1500 Ц има различен заден везен лим, различни штопови, и тапата за бензин се наоѓа на левата страна во крилото, затворена со поклопец, како кај Лада на пр.
Шасијата на 1500 Ц е употребена и во неговиот наследник ФИАТ 125.
Наследник на 1300 е ФИАТ 124, попознат кај нас како Лада Жигула :)
Ама се распишав....
 
1500 L (lunga-долг) е моделот 1800 каросериски, но со моторот од 1500. Обично за такси возила ги користеле...

--- надополнето ---

Во `60-тите понудата на патнички возила на ФИАТ изгледала отприлика вака:
500, 600(она што Застава го произведуваше како Фиќо), 1100, 1300, 1500 (прекрасна е спајдер изведбата, прашајте го чичко Гугл), 1800, 2100 и 2300 (кој има прекрасна купе изведба).
За дизајнот во тие години е одговорен Данте Џакоза, а за погонот Аурелио Лампреди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom