Џексон ке остане на клупата на Лејкерс
Иако беше можно заминување во заслужена пензија, Фил Чексон, најтрофејниот тренер во НБА лигата, одлучи и наредната сезона да го води тимот на ЛА Лејкерс.
Одлуката за продолжување на соработката Џексон ја донесе по консултациите со лекарскиот тим, а веста за останувањето на Џексон беше потврдена на официјалната страна на актуелниот првак.
Џексон оваа година ке наполни 64години, а изминатата сезона го освои вкупно својот десетти НБА прстен. Тоа беше четврти како тренер на „езерџиите“, додека останатите шест ги освои како тренер на Чикаго Булс.