V O L K S W A G E N

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Oд тоа што засега не ме бендисува се браниците кои не се оригинал туку се од 2-ка... Инаку остатокот според интернет страниците се е оригинал, така да дефинитивно нема да биде racing (т.е. можеби ке биде само под хауба ама ако начекам солиден 1.8 мотор кој ке можам да го “шверцнам“ како 1.6 и да го пишам во сообраќајна без А-тест, или поефтината варијанта само декла и вбризгување кое би го заменило постоечкиот карбуратор).

П.С. Заборавив да напоменам, има и “диф“ плински уред комплетен, кој највероватно ке ми донесе 50 еврони за акумулатор.
1975...има хромирани браници...тоа плинот носи го у ПМ...класика не личи со плин :)
Лајсни треба да има на праговите...и, италијанска креација е...
Ако нешто почитувам од сериите Голф, тоа е 1 пред фејс лифтот :)
 
1975...има хромирани браници...тоа плинот носи го у ПМ...класика не личи со плин :)
Лајсни треба да има на праговите...и, италијанска креација е...
Ако нешто почитувам од сериите Голф, тоа е 1 пред фејс лифтот :)
Е видиш овај ги има тие браниците од двојка, исти се како на овај

379553b2-44a1-4fa5-93c1-5e03694345bc.jpg


c1dce551-8673-48bf-b2d8-630ec1b395c7.jpg


Го има и спојлерчето на задниот капак, маска со 4 фара од ГТИ 2-ка и штопови од поновата верзија (а би требало да има како овај на сликата).

За метални браници незнам дали ке најдам (и каде), а за лајсни на праговите прв пат слушам. Ај најди ми некое сличе да видам како изгледаат пошо оваа машинерија ги нема тие. Лајсните странично средина ги има сите но се штрафени со штрафови, ке треба тоа да го средувам.
 
Лајсни на крила и врати, стојат на оние пластичните типли како Х (икс) буквата исти како на 101/128, Лада... а на исти такви стојат и лајсните на прагот.
Сличе...еве сличе...


Е сега...за браниците...оној редизајнираниот 1 има пластични...
 
Жолтиов Голф 1 ми е 100 пати поубав од овој горе. Само да се направи low-rider :vozbud::vozbud::vozbud:
 
^ Koлку само не е добра. Единствено вратата ми е интересна ххахах. Не знам шо ментеше треба :kesa:

Џиш со среќа да го дрифташ :)
 
Го имам видено Голфов... :kesa:

Кога не личи ме момци, не личи. Кич си е кич.
 
Еве и слики од машинеријата.

Внатрешноста е ваква, сликава е за пример не е оригнална (според она што го ископав по интернет таблата и маската е од ГТИ единствено фали економот кој карбураторските модели го немаат) ама воланот не е.



А еве како изгледа надворешно, според мене е сосема солиден. Вратите затвараат лесно, има на некои места одвишок кит и најбитното нема многу корозија на прв поглед, кога ке се растури и извади се до 0 ке видиме што ке излезе :)

golf1l.jpg


golf2.jpg


golf3w.jpg


golf4g.jpg


Браникот напред веќе го извадив, исто и левиот ретровизор :). Имаше мака, вратата не се отвараше од надвор, излезе дека рачката е скршена, па нова рачка 350 денари, на сликата веќе новата е монтирана. Сега малку со ретровизорот се занимавам, движењето на стаклото е механичко со сајла од натре, но од стоење сајлите се запечени и не работат. Па малку WD40 2 од 3-те проработија, да ја направам и последната и ретровизорот оди на место од каде што го извадив.

Инаку бандажите предни и задни се различни, незнам колку ке можам да најдам два исти како предните (13-ки се), највероватно овие ке одат за железо/алуминиум (или ако има некој заинтересиран нека пиши пп ке ја наредиме работата) а ке земам почоечки - бар четирите исти да се. Но додека да дојде до таму, овие ке бркаат работа.
 
Џиш...ѕадните бандаши се некои Абарт мислам...или во секој случај за некоја италијанска макина...најди како задните, или евентуално, некои АТС (можеби најдобра опција...или оние ББС како шпици...таман да си одговараат. Предните се некако модерни :)
На ова ќе одат пластичните браници од Голф 1, и маската од 1...која лесно се прави ГТИ :)
Добра фарба и оние лајсните на задните крила (сични на оние што ги барам) и евентуално на праговите и готов си. И...вистинските натписи на третата врата ти фалат :)
За жмигавците и штоповите, среди ги со П2000 и Пурол (како што е опишано во темата Направи сам). Така и ретровизорите ќе ги средиш.
Внатре...гледам имало некои обиди за средување тапацири со штрафови :)
Мислам дека не е проблем да најдеш здрави...
Механички...види си што ќе правиш.
Еве нешто од тоа французите како прават таму...
http://www.forum-auto.com/automobiles-mythiques-exception/section5/sujet382678.htm
 
Сликата од внатре не е од мојот голф... ја начекав на нет и ја ставив за илустрација.

Инаку планирам да му ставам вакви бандажи,

bandas.jpg


a тие назад се премногу неоригинал, дури и штрафовите не пасуваат па оригиналните ги најдов во багажникот со резервната гума.
 
Па тоа се ATS бандажи
 
Џиш, тие што планираш се ATS...
Задните чувај ги, ќе се најде некој што прави нешто од ФИАТ или 101/128/Југо, ќе му се најдат...
 
Има еден екстра реставриран бордо-металик Голф 1 во Куманово со тесни метални браници и боја како огледало полирана. Ако го најдам некаде паркиран обавезно го сликам за форумов.
 
Струмикс спомна некои натписи што фалат, јас ќе надополнам ако не е проблем.

Оригиналните бандаши за ГТИ се закон, да можеш такви да најдеш ќе биде топ. Во Кавадарци такви возат на Опел Кадет...

Ќе ти требаат лепенки по праговите и вратите (црни), дел од задната врата (на багажник) треба да се фарба црна...

Рачката на менувачот мислам имаше специфичен детал, изгледа како топче за голф...

Има уште некои работи, ама кога ќе дојде време до тоа. Вака по сликите изгледа добро.
 
Оригиналните бандаши за ГТИ се закон, да можеш такви да најдеш ќе биде топ. Во Кавадарци такви возат на Опел Кадет...
Дај сличе де... вака не ми иди кои се оригиналните. Ако ги видам, можно е да налетам некаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom