Кога правите муабет за Бориело, стајте го во ист кош со Џила и Пацини, не со остала багра универзалци ко Кваљарела, Јакинта и Ди Натале, значи дилемата за местото класичен шпиц е од следнава тројка, Џила - Пацо - Бориело, односно, 1 од овие мораше да отпадне, според Липи, Бориело е тој кој не заслужува место за ова СП.
Останатите колку толку се универзалци, па Јакинта кај Раниери по потреба знаеше и ко крило да изигра во 4-4-2 формација, или во 4-3-3, односно, со останативе може по потреба да се импровизира, додека со Пацини, Џила и Бориело може да се тера на една и само една позиција на теренот.
Нема резон да бидете со ставот дека Бориело требал да биде земен а Јакинта оставен, и? Која е логиката да бидат земени тројца класични шпиц играчи кога и онака само за 1 има место во први 11, затоа и реков, дилемата била таа, еден од онаа тројка напаѓачи да биде изоставен, што е и логично, 1 шпиц и една асална алтернатива за истиот да има во тимот.