Фан Клуб: Италија

Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Моментално - Дрво е ;)

Јакинта е најдобриот напаѓач што Италија го има во моментов, јадете си вие колку сакате сеа . . .

Да беше тој Пацини подобар од него веројатно немаше ни да игра за Сампдориа, ќе играше во еден големите 3 клуба, дури беше продаден и од 4 пласираниот тим на Италија, каде што главен беше Џила, тоа кажува многу, сеа ќе кажете не сеа гледа кај игра, али се гледа верувајте, шампион Италија стана со играчи од големата четворка плус Гросо од Палермо, не моќе играчи од Сампдориа, Каљари . . . да играат за Италија и ние да очекуваме титула, факт е дека Италија нема голем квалитет во моментов, ќе мора да се помириме со тоа, а дека Липи треба да смени нешто треба, али сте се нафатиле кај погрешниот човек, има многу послаби од него во моментов. А да надополнам уште нешто, викате Касано, сигурен сум дека има причина што не е повикан за Италија, поради истата причина што во моментов ниту еден голем клуб не го сака кај нив, избркан беше и од Реал, има нешто кај него што ние веројатно не го знаеме најдобро, а да се разбереме фантастичен играч е но со лош темперамент, а за жал истото го гледам ка Балотели, и се надевам дека ќе се смени, жално е да се види таков талент да пропадне. :smir:
 
Член од
10 јуни 2009
Мислења
1.422
Поени од реакции
401
и мене ме страв од такво нешто, според изјавите на Липи веројатно и така и ќе биде, сепак тој требаше на овој куп да проба со некои помлади играчи(кога веќе и самиот кажа дека не му значел многу)

јас многу ќе се израдував доколку видов на овој куп ваков состав :


..................................................Буфон..................................................


Мота.........................Сантакроче................Киелини.................Сантон




..................................Монтоливо...........Де Роси.....................................



Пепе(подобар нема)....................Касано....................................Џ.Роси


......................................................Пацини..............................................



па некако бавно одат тоа измените, ако пробуваше тактики и измени овој куп беше вистинска можност за тоа, а не тој да го вади Роси и го пушта Тони е вака не се прават измени
Составот е супер,само мислам на местото на САнтакроче треба да игра или Легротаље или Гамберини,барем јас така мислам,Ако сака Сантакроче да игра мора прво да го повикат а најважно е да се покаже а ке добие прилика,До светското знаеме има уште една год.До тогаш РОСи и КАсано да играат во супер форма,Пацини верувам дека и оваа сезона ке во добра како што беше минатата,А и да не го заборавиме Аквилани кој на квалификациите со Црна ГОра постигна 2 гола.СЕ Гледаме и се најубаво:vozbud:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Џабе,овде има многу незрели за дискусија...Се фатиле ко пијани за стап,за Јакинта и Липи и цитираат на секој збор против овие двајца.
Ало бе друга е поентата!!!
Италија како репрезентација и Липи како селектор зад нив имаат цела нација,претставуват некого.И тие Италијаните не ги боли дали е тренер Липи или Донадони.Тие не сакаат да се брукаат.А се избрукаа и на ЕП и сеа.И пак викам,сеа не се избрукаа што не освоија еден ваков куп,или што изгубија од Египет,а беа растурени од Бразил.Се избрукаа со играта или со неиграта,поточно.Не се виде некоја спремна тактичка варијанта.

И некој праша кој би бил бољи од Липи?! - Па тоа никој не знае..Немаат пробано.
Ај ич нека не пробуваат и ќе се молат сите во Липи додека е жив.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
не се срамота поразите на италија срамота е неманјето визија за игра, слаба борбеност на тимот на овој куп.
некој ќе рече што е куп, ама за италија секоја утакмица па макар и пријателска си има своја тежина, на овој куп репрезентативците ја усрамија фудбалската италијанска јавност.
редовите не им беа поврзани, немаше мидфилдери кои ја убиваат противничката игра со што одбраната беше под постојан притисок која ионака имаше катастрофално издание. немаше креативност од средината ниту добри топки за напаѓачите, кои па и воопшто не се трудеа да ја поправат анемичноста на тимот. италија изгледаше жалосно на купот.
во моменто италија и нема играчи за друга формација сем 451, тука и ја наоѓам грешката на липи.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Џабе,овде има многу незрели за дискусија...Се фатиле ко пијани за стап,за Јакинта и Липи и цитираат на секој збор против овие двајца.
Ало бе друга е поентата!!!
Италија како репрезентација и Липи како селектор зад нив имаат цела нација,претставуват некого.И тие Италијаните не ги боли дали е тренер Липи или Донадони.Тие не сакаат да се брукаат.А се избрукаа и на ЕП и сеа.И пак викам,сеа не се избрукаа што не освоија еден ваков куп,или што изгубија од Египет,а беа растурени од Бразил.Се избрукаа со играта или со неиграта,поточно.Не се виде некоја спремна тактичка варијанта.

И некој праша кој би бил бољи од Липи?! - Па тоа никој не знае..Немаат пробано.
Ај ич нека не пробуваат и ќе се молат сите во Липи додека е жив.
Како не пробале од 1982 година пробале и никој не успеал да триумфира, а и после Липи не успеа Донадони, такашто не може да се каже дека не е пробано.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
не а бива италија нешто ногу е падната незнам шо е работата ама нема и доволно квалитет нема салам напагач одбраната катастрофа у среден ред нема салам креативец на пирло му е одминато времето
каа а гледам италија исто каа македонија да а гледам
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Составот е супер,само мислам на местото на САнтакроче треба да игра или Легротаље или Гамберини,барем јас така мислам,Ако сака Сантакроче да игра мора прво да го повикат а најважно е да се покаже а ке добие прилика,До светското знаеме има уште една год.До тогаш РОСи и КАсано да играат во супер форма,Пацини верувам дека и оваа сезона ке во добра како што беше минатата,А и да не го заборавиме Аквилани кој на квалификациите со Црна ГОра постигна 2 гола.СЕ Гледаме и се најубаво:vozbud:
Аквилани е повреден но набрзо ќе се оправи за новата сезона и ќе ја врати довербата кај Липи, тој во мојата тактика добро би се снашол и на местото на Монтоливо и уште подобро на местото на Касано :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Аквилани е повреден но набрзо ќе се оправи за новата сезона и ќе ја врати довербата кај Липи, тој во мојата тактика добро би се снашол и на местото на Монтоливо и уште подобро на местото на Касано :)
Аквилани е многу добар фудбалер, но ќе биде доста тешко одма да ја врати репрезентативната форма, бидејќи не играше скоро цела сезона, а тоа е долг период..Инаку, кога е во форма Аквилани е еден од најдобрите играчи во средината што ги поседува Италијанската репрезентација, и се надевам дека многу би допринел за зголемувањето на нивото на играта на Италијанската репрезентација..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Аквилани е многу добар фудбалер, но ќе биде доста тешко одма да ја врати репрезентативната форма, бидејќи не играше скоро цела сезона, а тоа е долг период..Инаку, кога е во форма Аквилани е еден од најдобрите играчи во средината што ги поседува Италијанската репрезентација, и се надевам дека многу би допринел за зголемувањето на нивото на играта на Италијанската репрезентација..
кажав јас ќе има на располагање цела година да си го заслужи местото во Италија, колку би бил подобар средниот ред со Монтоливо и Аквилани отколку со Пирло и Гатузо(Амброзини не сакам да го спомнам)
но проблемот за на светското ќе биде во навалната линија, уште еднаш ќе повторам колку Липи да ги бира играчите тој нема да има напаѓачи од калибарот на Виља и Торес(тоа ме многу нервира и е најболна работа за Италија)
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Како не пробале од 1982 година пробале и никој не успеал да триумфира, а и после Липи не успеа Донадони, такашто не може да се каже дека не е пробано.

Види сеа какви коментари...Па дај нека го најдат некаде Енцо Беарзот или Виторио Поцо-овој има освоено 2 Светски првенства со Италија.Сигурни опции им се.
Абе другар се менуваат времињава,му помина времето на Липи.Мислам дека е момент да се најде некој помлад,помодерен стратег за Италија.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.879
Поени од реакции
8.739
Види сеа какви коментари...Па дај нека го најдат некаде Енцо Беарзот или Виторио Поцо-овој има освоено 2 Светски првенства со Италија.Сигурни опции им се.
Абе другар се менуваат времињава,му помина времето на Липи.Мислам дека е момент да се најде некој помлад,помодерен стратег за Италија.
донекаде и си во право можеби и треба на италија нов тренер
замисли го составот на Италија на светското 2010год исти со оној од пред 4год. или повеќето играчи во прва постава, па тогаш би добил удар, сега во другиот дел од квалификациите Липи треба да пробува нови варијанти со некои помлади играчи пример Касано, Пацини, Роси
па и на бековските линии може да го проба Марко Мота, да му дава се повеќе шанса на Монтоливо, но очекувам и Сантон да заигра ма да е многу млад ама мислам дека вреди да се ризикува
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.873
Поени од реакции
23.230
Јакинта е најдобриот напаѓач што Италија го има во моментов, јадете си вие колку сакате сеа . . .

:pos2::pos2::pos2:

Тој не е најдобар ни у својот тима а не у репрезентација бе

Па Пацини е млад бе чекај овој има 30 години а у животов цел дал 4 гола за реп, од кои 2 со НОВ ЗЕЛАНД

Од што е толку добар во овие квалификации најдобар стрелец на Италија е Де Роси кој игра ДМФ, значи ФАКТ е дека нападов на Италија не го бива, не само Јакинта туку и Тони и Кваљарела

Исто и ФАКТ е дека цела сезона оваа Јакинта даде 14 гоа а Џилардино 25, Пацини 20, Инзаги 16-17 ( 90 % во втората полусезона )

Баравте факти еве ви факти, јакинта не го бива, гет овер ит


а што Бразил е просечна екипа?па не е срамота да се изгуби од Бразил,кога веќе пишуваш гуглај ти,со ме замараш мене,па баш ради тоа дека е пријателска бе човек,тоа ти викам,ја глеам само интераши критикуваат играчи на јуве,Јакинта па Јакинта,што не зборите толку за Тони?само Јакинта,и што беше толку полош од другите напаѓачи?

а купов што ти е толку битен тебе?:) побитно е купот да се освои или светско?сеа пак ќе дрвиш за моментална форма


Ало бе не е ова Македонија па ќе речемо ајде Бразил е тоа не исплескаја ка мали деца и никому ништо, и ќе беше никому ништо Италија да имаше игра, болното у сево ова е што Италија веќе читај добро година и кусуер нема игра, у квалификациите не игра којзнае што искрено, два три пати се повлекоа, јас не ги напаѓам играчите на Јуве, напротив јас првиот реков Пирло да се седне на клупа да му дојде памет дека не е незаменлив, да се пробаат децава пошто Факт е дека Италија не игра во овој момент, и мора да се менува под итно скоро пола тим, за да не губиме од египет и хомоси да и даваа голои :smir:
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.005
Поени од реакции
393
Исто и ФАКТ е дека цела сезона оваа Јакинта даде 14 гоа а Џилардино 25, Пацини 20, Инзаги 16-17 ( 90 % во втората полусезона )
Ааааа жими левово.. Или ти не пратеше Серија А како што треба или на жими мајка кажуваш.. Јакинта почна да игра во втората полусезона ПРВ ТИМ, и тоа после повредата на Амаури.. Ако ти не го пратиш Јуве, има овде кој да го прати!! А за Џилардињо дај молимте не треси зелени.. Муту беше повреден скоро цела сезона, и сите акции завршуваа преку Џилардињо.. А Инзаги 16-17 даде во последните 3 утакмици?? О мој боже!!:toe:
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Слабо, многу слабо Италијанциве. Им требаат драстични промени.
Јас мислам дека само Манчини е човекот кој може да ги извади од кашава и да ги изведе на прав пат. :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Како го оценувате ова:

Селекторот на италијанската репрезентација Марчело Липи последните два дена е под жесток притисок од италијанската фудбалска јавност поради дебаклот од Бразил во третото коло на Купот на Конфедерациите и елиминацијата од ова натпреварување уште во фазата по групи. Веројатно никој не очекуваше таква судбина за "аѕурите" кои се актуелни светски прваци, но и сигурно чекорат во квалификациите за Мундијалот 2010 година каде се на чекор до пласман.

Уште еднаш до израз дојде фактот дека италијанската селекција е премногу стара, а фудбалерите, делумно и поради тоа што сезоната заврши пред помалку од еден месец, не се доволно подготвени во овој момент. Од тие причини речиси сите во Италија се едногласни дека е потребно подмладување и почетокот на промовирање на една нова генерација кај "аѕурите".

"Се надеваме дека Купот на Конфедерациите ќе му послужи на Липи како добра лекција пред враќањето во Јужна Африка идната година и при дуелите со други противници", пишува Газета дело спорт која е и најблага во критиките кон селекторот што пред три години ја однесе Италија до четвртата светска титула.

"Време е селекцијата да биде обновена за да се одбрани титулата. Неопходно е вклучувањето на неколку млади фудбалери, дури и треба да им се покаже вратата на неколку играчи кои беа ѕвезди на Мундијалот во Германија. Има многу варијанти меѓу младите фудбалери, но прашање е дали ќе бидат искористени правилно", стои во Кориере дела сера.

Но, со ова не се согласува самиот Липи кој не ги прифаќа критиките од новинарите за младите фудбалери.

"Кажете, кои млади играчи?", им се обрати тој на италијанските новинари и продолжи: "Нив треба постапно да ги вклучуваме во репрезентацијата. Треба да останеме со мирни глави и да имаме на ум дека искуството на вакви натпревари е многу важно. Не можеме одеднаш да ставиме седум или осум млади играчи, тие треба да созреат за вакви натпревари. Роси овде ги одигра сите три натпревари, не цели, но имаше добра минутажа. Значи, знам што зборувам, не мислам да го менувам планот, а знам дека можеме многу подобро од ова", рече Липи.

За италијанската репрезентација ова беше дебитантски настап на Купот на Конфедерациите, но оствари само една победа и тоа во првото коло против САД кога направи пресврт и по 0:1, славеше со 3:1. Во другите две средби доживеа срамни порази, прво од аутсајдерот Египет со 0:1, а потоа од петкратниот светски првак Бразил со 3:0, но сите три гола беа постигнати уште во првото полувреме и тоа во период од само осум минути.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom