Се вели Тимче мило ми е шо се запознавме
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
(п.с. не му замервај)
_________________
Да се вратам на Италија:
Се изначитав разно разни глупости низ темава и искрено никој не е баба ванѓа да погоди добитна комбинација за следното светско од сега. Факт е дека Липи е светлосни години пред нас во однос на познавање на играчите и во однос на познавање на тактика. На крај краева дури и да не е. Наградно прашање: колкав е просекот на години кои се потребни една репрезентација да освои светско првенство. Еве конкретно за италија. од 18/4 = 1 титула на 4.5 светски = 1 на 18 години.
Епа браво типот донесе титула со состав кој не беше нагласуван како главен фаворит (значи фаворит од втор степен) и сега најдовте да јадите кромид за неговиот кредибилитет да ја води репрезентацијата. И за шо? За два меча шо ги загубил на некој последнокласен турнир. Целта на овај турнир меѓу другото е испитување на силите на тимот. Значи еве имаја шанса старата гарда да покажат дали сеуште знаат да трчаат. Очигледно некои од нив имаат две леви копачки. Заклучок: Очекувајте некој од оние шо се тетеравеја на терен да си земат поголема рамка и да си го урамат дресот од последниот меч во репрезентацијата.
Трач.ком заминаја малку подалеку и пласираја теорија дека Липи меќу другото и блефира (т.е. се заебава) за пак да ги јади на психолошки план догодина. Не е ненормален да троши тактики на чкљ турнир. Додуша малку е претерана теоријава ама имајќи ги предвид италијаните све је могуче. Кога најмногу треба тогаш удираат.
На велам дека Липи е безгрешен ама има дебел кредибилитет да се заебава барем до следното светско.
Читајќи ги постовите на сите тука најголемата грешка на Липи е шо не земи да му го попрај најубајо заб на Роналдињо и не го слика за италијански пасош па Миланезите да бидат задоволни. Или пак да земи да го натурализира Занети оти загреота нема кој да игра од таму за репрезентација. уфф да бе го заборајв месијата Сантон. Детето добило две три пофалби и одма го зтавивте на местото на Замброта или Гросо. Ок нека се покажи па нека игра. Колку шо го памтам против манчестер беше изгубен во свемирот и очекувате на тврда утакмица да игра некој пубертетлија.
Аха да завршна мисла. А знајте деца зошто пола Јуве е во Италијансата репрезентација?
1. Политиката на Јувентус е да составува тим со најдоброто од Италија.
2. Јувентус има една од најдобрите младински школи во италија па има пол позиција за 1.
3. Липи намерно ги носи играчите со кои планира да ја гради репрезентацијата во Јувентус со цел тие дабидат уиграни. (кога веќе сме кај уигрувањ. наградн прашање. колку меча заедно имаат изиграно киело и кана)
4. Ова не е само за денес ова е традиција која важи децении наназад.