Фан Клуб: Пелистер

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Eпа зашто тогаш ако сте правеле кореографии и користеле пиротехника во минатото, тоа од страна на Комити во недела го оквалификувавте како шминкерај и веднаш го отфрливте како нешто непотребно во навијачкиот свет? Затоа што според вас (тие тука што пишуваа, и на ултрас форумот) само срце и глас биле потребни.
Одеднаш(само за недела дена) се смени ситуацијата па и покривни знамиња станаа ваша одлика.
Или немавте за што да им префрлите па моравте за глупости да се фаќате?
Другар сепак не сме сите битолчани дел од чкембари на форумот па за да кажуваме ние што како кога и зошто со кореографиите...Јас никаде не сум прочитал тоа да го окфалификуваме како ''шминкерај''..отсекогаш и кај нас имало кореографии ама како што ти потенцира томас _бт тоа е одлика на комитите и неможиме во тоа поле да ги стигниме...или како што велиш скопјани немаат за што да префрлат за навивањето бројката и фудбалот па се фатиле за кореографиите и пиротехниката е тоа ми изгледа на очај и немање на доволно аргументи за навивањето..исто и некни кога имаше чкембари во скопје никој тука на форумот не спомна''битолски пички'' туку се фатија за кореографијата.:kesa: а претхоно цела недела дробевте како нема да дојдиме како сме се плашеле не знам што не знам како..пази на иста трибина
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Eпа зашто тогаш ако сте правеле кореографии и користеле пиротехника во минатото, тоа од страна на Комити во недела го оквалификувавте како шминкерај и веднаш го отфрливте како нешто непотребно во навијачкиот свет? Затоа што според вас (тие тука што пишуваа, и на ултрас форумот) само срце и глас биле потребни.
Одеднаш(само за недела дена) се смени ситуацијата па и покривни знамиња станаа ваша одлика.

Или немавте за што да им префрлите па моравте за глупости да се фаќате?
Пази сега,КОРЕОГРАФИИТЕ никогаш ни биле,ни се,а мислам дека нема никогаш да бидат главна одлика на Чкембари како група.
За пиротехниката секогаш како шо кажав и во претходниот пост била користена,и тоа во голем број,не само на стадион,туку и во сала (светлечки факели за во сала) биле палени на голем број ракометни утакмици во минатото
Тоа шо некои пишеле некој на некои форуми,Комити шминкери вакви такви,тоа си е нивна индивидуална работа-се одлучи на ниво на група,водачите си одлучија, да се прави кореографија,и тоа не е никаква контрадикторност со некои постови шо некој ги пишел на форуми:smir:.
На форум секој можи шо сака да пиши!!!Тоа си е негов став,не на целата група.
Лично мој став како поединец е дека добрите кореографии им даваат посебен шмек на утакмиците,само да не се претера,и повеќе простор да му се остави на навивањето и изборот на песни,а не кои и колку најлони ќе ја украсат трибината.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.752
Поени од реакции
2.420
Океј другари кореографии бакљади правите ама помалце од нас(на ова поле сме подобри)во гостовања исто така, бројка на утакмица исто така во песните сме по оригинални.И за срамота беше она во Скопје кога дојдовте вие со 1 транспарент а лозари со 2:tapp:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Океј другари кореографии бакљади правите ама помалце од нас(на ова поле сме подобри)во гостовања исто така, бројка на утакмица исто така во песните сме по оригинални.И за срамота беше она во Скопје кога дојдовте вие со 1 транспарент а лозари со 2:tapp:
Добро друже,подобри сте ок,задоволен сеа?:wink:
За кореографиите кажав.
Кај сме правеле ние добри баклијади како вас,нема шанса:kesa::pos2::pos2::pos2:
Шо е тоа добра баклијада?:kesa:

Хаха,за траснпарентите!!!!:pos2:
Па добро бе,колку траспаренти требаше да носиме, 15?:kesa:
Ај другиот пат ќе земиме 20 транса,и ќе се фалиме со бројката-:kesa::pos2:
Доволен беше главниот ударен транс ЧКЕМБАРИ и се е кажано,+ немаше место да поставиме повеќе транса зошто бевме качени на средина на трибина,а + бевме малку ПОпретплазливи овој пат,знаејќи шо се случи пред 2 години,кога неколку ваши редари сакаа да ни украдат транс :)),па и сега лесно можеше да се повтори нешто слично!!!
А за Лозари шо си носеа 2 транса,тоа си е нивна работа и никогаш не сме им замериле за тоа-дечките се супер,секогаш се редовни,лојални,коректни кон нас-па никогаш од нас немале проблеми за бројот и бојата(се мисли на сината и црвената боја на нивните транспаренти кои во неделата ги носеа во Скопје) на трансовите кои ги носат.
Со нив уште од поодамна имаме супер односи, ги сметаме за братска група.
И секогаш нивните трансови стоеле до нашите!!
Не знам шо е чудно овде.а најмалку шо е срамотно?:tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.770
Поени од реакции
71.750
Добро бре мајко му стара уште ли ќе се караме кој имал подобри кореографии и слично? Секој по свој пат нека си гледа да се одржат своите навивачки групи. Гледам Чкембари сте се фатиле за тоа дека се сме биле деца. Океј, во нормални утакмици, просечна возраст на трибина ни е по 17 години (значи има и основци и постари и средношколци). За дерби веќе се знае дека сите одат и тука нема дилема! Мене многу ме радува како стојат сега работите вои Скопјево. Во последниве години има многу голема популаризација на Вардар и Комити кај помладите генерации, и едноставно ми се исполнува душата. Уште помило ми е што се редоивни на сите утакмици и затоа одржуваме релативно голема бројка за разлика од сезоните од почетокот на милениумов кога ситуацијата беше прилично катастрофална. И тие ќе пораснат еден ден, а сега са,мо стекнуваат поголемо искуство. Многу ми е помило сега кога гледам пополни трибини па макар има се повеќе и повеќе млади ликови кои се соживуваат со Вардар, за разлика од минатото каде што на утакмици со Башкими, Брегалница, Шкендија и други екипи се собиравме едвај по 100-тина души. Дербиња скоро и да немаше пошто и Слога и Пелистер беа втора лига, па во сите тие години запад се полнеше и се правеа кореографии само на дуели со Работнички и на финалето со Победа. За сите тие години имаше и помали групи кои одеа по гостувања по 50-тина души. Ситуацијата беше просто жалосна само поради тоа што имаше некои дебилни мислења меѓу населението дека ЛИМИТОТ НА ОНИЕ КОИ СЕ НА ЗАПАД ТРЕБА ДА БИДЕ 18+. И што видовме ние во тие години?? Во Македонија секако бевме број еден, но бевме доста доста слаби:nesvest:
Сега да ти е мерак да отидеш на утакмица. Не има секаде во фудбал, по гостувања, на поважни ракомет утакмици, за репрезентација ја даваме главната поддршка (што е нормално бидејќи утакмиците се играат во Скопје), направивме многу за Вардар и доста други работи. Е вие имате некое друго гледиште на работите. Уште се водите по таа политика дека треба да идат постари членови, кои често си имаат некои други обврски (работа и слично, пошто не е исто кога си помал и кога кур те боли имаш слободно време по сто саата). Е затоа на обични утакмици нема ни по 10 навивачи:smir: Едноставно кај вас не гледам смена на генерации:toe:
За едно нешто можам да признаам. За обична публика слободно го прогласувам Скопје за најнефудбалски град (воглавнои поради тоа што стадионот се наоѓа сред ненаселено место, а луѓето ги мрзи да попешачат малку за до градски:tapp:), и секогаш ми е мерак кога гостуваме по други градови кај што се пополни трибините со обична публика (Битола, Прилеп, Кичево,Тетово...):helou:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.425
Поени од реакции
28.533
Добро друже,подобри сте ок,задоволен сеа?:wink:
За кореографиите кажав.
Кај сме правеле ние добри баклијади како вас,нема шанса:kesa::pos2::pos2::pos2:
Шо е тоа добра баклијада?:kesa:

Хаха,за траснпарентите!!!!:pos2:
Па добро бе,колку траспаренти требаше да носиме, 15?:kesa:
Ај другиот пат ќе земиме 20 транса,и ќе се фалиме со бројката-:kesa::pos2:
Доволен беше главниот ударен транс ЧКЕМБАРИ и се е кажано,+ немаше место да поставиме повеќе транса зошто бевме качени на средина на трибина,а + бевме малку ПОпретплазливи овој пат,знаејќи шо се случи пред 2 години,кога неколку ваши редари сакаа да ни украдат транс :)),па и сега лесно можеше да се повтори нешто слично!!!
А за Лозари шо си носеа 2 транса,тоа си е нивна работа и никогаш не сме им замериле за тоа-дечките се супер,секогаш се редовни,лојални,коректни кон нас-па никогаш од нас немале проблеми за бројот и бојата(се мисли на сината и црвената боја на нивните транспаренти кои во неделата ги носеа во Скопје) на трансовите кои ги носат.
Со нив уште од поодамна имаме супер односи, ги сметаме за братска група.
И секогаш нивните трансови стоеле до нашите!!
Не знам шо е чудно овде.а најмалку шо е срамотно?:tapp:
Потсмевај се ако не признавај ни за тоа само сети се што беше на 10 години ЛФ и од 87 година па навака со бакљи и димни само последнава година комити не палат од јасни причини!Посебно нека ти текне на 93/94 сезона што беше!
А за братсвото со Лозари не ви замерувам али како може една навивачка група да дозволи такво нешто?Еден транспарент носи нававчка група што дошла да го бодри својот клуб а навивачка група што се само браќа со кој стигнат да има повеќе трансови од вас?Како викаш немало место за вашите а за лозари имало?Песни да не праам муабет вие немате ниедна ваша песна само крадете и на нас ни се к*р ни се качивте за една песна од земунците.За кореографии си призна, а бројка каде каде сме повеќе од вац, а за гостувања нејчам ни да праам муабет!Ж
ПА ДАЈ КАЖИ ВО ШТО СТЕ ПОДОБРИ?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Потсмевај се ако не признавај ни за тоа само сети се што беше на 10 години ЛФ и од 87 година па навака со бакљи и димни само последнава година комити не палат од јасни причини!Посебно нека ти текне на 93/94 сезона што беше!
А за братсвото со Лозари не ви замерувам али како може една навивачка група да дозволи такво нешто?Еден транспарент носи нававчка група што дошла да го бодри својот клуб а навивачка група што се само браќа со кој стигнат да има повеќе трансови од вас?Како викаш немало место за вашите а за лозари имало?Песни да не праам муабет вие немате ниедна ваша песна само крадете и на нас ни се к*р ни се качивте за една песна од земунците.За кореографии си призна, а бројка каде каде сме повеќе од вац, а за гостувања нејчам ни да праам муабет!Ж
ПА ДАЈ КАЖИ ВО ШТО СТЕ ПОДОБРИ?
Па кажав детално за трансот,пак се запнавте во него-еден беше земен и доволен беше само тој!!!
А Лозари своите трансови си ги ставија на ограда:smir:Не беа напред на шипка!!!
Немам намера да се докажувам колку баклијади имале Чкембари низ годините,-а во никој случај не реков дека комити НЕМАЛЕ добри баклијади!!!
Има еден куп видеа на You tube,барем денес е времето на интернетот и луѓето можат да видат шо се случувало во минатото.
За баклијади низ годините би рекол дека сме тука некаде израмнети.
За песните-седи не ме зафркавај-па 80% од песните и ритмовите на нашите групи се крадени од северот:smir:е сега од кај ги крадат тие е друго прашање,и тн,итн....
И да сакам не можам не го негирам фактот дека ние имаме малку повеќе песни (вие само една од Таурунум Бојс)кои се од збор до збор препеани на македонски,недостаток во секој случај за двете групи!!:kesa:
За бројките- за нијанса побројни сте на фудбал оваа сезона,гледано на сите утакмици на домашен терен,не само на дерби мечевите.
Тука сте во предност оваа сезона,барем досега!
Има подобрување кај нас во последно време во однос на бројката на фудбал,се надевам дека со тек на време ќе се врати бројноста од пред 2 сезони.
На ракомет имавте неколку добри изданија,посебно во ЛШ-но и ние не заостанавме нималку на тој план,3,4 супер изданија на Чкембари(со Вардар,Одорхеи во Челенџ куп,Металург,ВВ Тиквеш) на ракомет+ направивме 4 ракометни гостувања оваа сезона(Струга,Прилеп,РесенмКавадарци) во ракомет+ присутни сме на сите средби на домашен терен на РК Пелистер за разлика од вас кои навивате само на дерби утакмиците со Металург и нормално на евро-мечевите-ова е голем минус за вас како група,немој само да ми го даваш стандардниот одговор на многу Комити:дека примарно ви е да го бодрите ФК Вардар,а РК Вардар во втор план:kesa:
А за тоа кој е подобар,нормално е дека ќе има спротиставени мислења на форум,секој ќе си ја брани својата група и џабе ќе се трупаат постови на темата.
Помина дербито се гледаме наредна сезона,се надевам на уште подобро издание на двете групи!!!
 
1 болд. Тоа македонсиот недостаток и јас сум за многу песни да не се пеат зборам за нас како дај гол игра магично итн итн...али ивие да не ги пеете и многу други групи у нашава земја!Али ако престанеме тие да ги пееме ке треба да пееме 2-3 песни максимум 4 да пееме цела утакмица!А имаме многу добри наши песни кои можат да се препеат и да звучат многу добро:toe:
2 болд.Секако дека во прв план ни е ФК него РК и скоро сите утакмици поготово сеа коа се помести времето се уклапаат со крајот на 2 полувреме фудбал и прво ракомет додека да отидеме ке заврши ракометот.Али јас сум многу против тоа да се иде само на побитни утакмици на РК ВАРДАР, јас скоро секоја утакмица на РК го следам колку сум во можност али тоа е тоа.И вие сте подобри на ракмоет не викам не али се надевам и таму ке се срекаваме почесто:vozbud:
се гледаме наредна сезона:helou:
 
Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
доста бе бакљи имале тие , да ви купам и петарди да пукате .... седи не влегвај немате душа , умрени сте за куро ви се бакљите .
 
Член од
17 септември 2009
Мислења
34
Поени од реакции
1
Nasmevki i pobedi pod Tumbe kafe

Kako da e sudeno natprevarite na Pelister i Vardar ovaa sezona da zavrsuvaat so minimalni 1:0 za domasnata ekipa. Vo ulogata na heroj vo koja bea Marjan Altiparmakovski vo 10 I Simeon Hristov vo 21 kolo vo nedelata bese Aleksandar Veljanovski. Mladiot reprezentayivec vo kategoriite pod 20 godini go krunisa svojot odlicen mec so vtoriot gol ovaa sezona, sigirno za nego najvazen vo karierata. I vo derbito vo esenskiot del A.Veljanovski bese klucen covek so asistencijata za pobedonosniot gol, no sega vo proletnoto derbi go zasluzi epitetot igrac na natpevarot. Imeno toj najmnogu pretrca na terenot, sekogas bese opasen so udari od dalecina, a i dodavanjata do soigracite skoro sekogas bea navremeni i na mesto. Taka Pelister go zavrsi ovoj proleten mini-ciklus so 9 od moznite 12 osvoeni boda i se zacvrsti na cetvrtoto mesto na tabelata. Samo Vardar i toa vo Skopje im dade gol na pelisterci vo 360 prvenstveni minuti. So toa se potvrduva faktot deka Pelister tesko prima gol. Vo natprevarite od prvenstvoto pod vodstvo na Naum Ljamcevski zelenite primile samo 4 gola (od koi dva nevazni po konecniot skor od Sloga J. i Teteks), a onie od Renova i Vardar vo samiot finis od sredbite.
“Site sme presrekni sto go dobivme ovoj mec i posebno sto toa go napravivme vo vakov ambient, pred skoro poln stadion i so podrska na nasite simpatizeri i “Ckembarite”. Ova ne e limitot na ovaa mlada ekipa, mozeme i blisku do Metalurg koj nema golema prednost pred nas. Pelister odsekogas isfrlal talenti vo seniorskiot tim, pa taka ke bide i ovaa prolet. Nikomu ne mu e lesno koga igra so nasata ekipa.” zavrsi Ljamcevski.
Edinstveni preokupacii za bitolskiot strucen stab se povredite na Nikola Petkovski i Nemanja Bradonjic. Kapitenot ke otsustvuva najmalku eden mese, a dvojno pomalku nadvor od fudbalskite tereni ke bide srpskiot internacionalec. Site ovie sredbi koi minaa i narednoto gostuvanje vo Kumanovo, za zelenite e samo podgotovka za prviot mec od polufinaleto na Kupot so Rabotnicki, koe vo Bitola se smeta za mec na godinata. Nadezta e i na toj mec “Tumbe kafe” da bide poln kako vo nedelata i fudbalerite da se nadminat sebesi protiv na hartija podobro rangiraniot protivnik.

Vardar zavrsena prikazna, sleduva Milano

Fudbalerite na Pelister i popladnevo treniraa kako sto podobro bi go podgotvile gostuvanjeto kaj Milano v sabota. Kumanovcani zagubija so 3:1 vo 3 kolo vo Bitola, no zatoa so sluzbeni 3:0 slavea vo mecot do 14 kolo na koj bitolcani zadocnija I ne go odigraa mecot. So pette osvoeni boda na psolednite tri meca, Milano mora ozbilno da bide svaten ako bitolcani smetaat na bod ili tri od ova gostuvanje.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.287
Поени од реакции
5.161
Секоја чест за фудбалерите :vozbud::vozbud: тврд натпревар, повеќето се играше на половината. Секоја чест и за кореографијата, мислам дека е една од подобрите во последно време :bravo: само заеба ветерот каде ја потскина малку ама :toe: помина..... Кај комитите не сакам да зборувам многу, кажува одма копираната парола од CPB, а за навивањето дека сте подобри од нас - малку потешко !!!!

ПОМАЛИТЕ УЧАТ ОД ПОСТАРИТЕ
РАСТЕТЕ ДЕЦА :smir:

Z

ziko bt

Гостин
имаја добри 10-15 минути ама ни одалеку не беше нивна лекција за навивање
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.156
Поени од реакции
7.854
Пелистер - Вардар 1:0 (0:0)

28 Март 2010

Голот на младиот Александар Велјановски по добрата акција на нападот на фудбалерите на Пелистер му донесе нему, на неговите соиграчи, на Чкембарите и на сите под Тумбекафе, многу радост, а во одличниот амбиент само гол недостасуваше по 60 минути игра.

Градски стадион под Тумбекафе. Гледачи: 3.000
Сидија; Марјан Марковски од Охрид. Помошници: Кирил Негриовски и Симе Грденовски од Струга
Делегат: Даре Ивановски од Прилеп
Стрелец: Александар Велјановски во 57 минута
Жолти картони: Т. Велјановски и Алтипармаковски кај Пелистер, Силјановски кај Вардар.
Играч на натпреварот: Александар Велјановски од Пелистер

Пелистер: Павловиќ, Брдаревски, Ристевски, Ганчев, Цветковски , Т. Велјановски, А. Велјановски (од 84 минута Магловски), Стевановиќ (од 56 минута Симовски), Љамчевски, Алтипармаковски, Илиев (од 79 минута Питошка).
Вардар: Симов, Илиевски, Симовски, Митрев, Џангаровски, Мојсов, Силјановски (од 70 минута Спасевски), Положани, Ѓурѓевиќ, Трипуновски (од 82 минута Христов), Настевски (од 84 Пандовски).
Фудбалерите на Пелистер одиграа дисциплинирано, слушајќи ги наредните на тренерот Љамчевски, а токму тоа и донесе и победа.
Амбиентот на стадионот под Тумбекафе си ги направи своето, а на амбиентот не останаа и “пелистерци“, кај кои желбата за победа беше голема.
Нововлезениот напаѓач Симоновски ја започна акцијата по лево, ја продолжи Илиевски, а Александар Велјановски стави точка на акцијата која ги остави бодовите во Битола.

Науме Љамчевски, тренер на Пелистер по завршувањето на натпреварот рече:
-Во еден ваков амбиент каков што беше под Тумбекафе денес, а го направија “Чкемабрите“ и останатите љубители на фудбалот, нема играч кој не би гола максимумот. Моите фудбалери дадоа максимум, му се реванширавме на Вардар. Со оваа победа над Вардар и нерешенито резултат на Металург нашите амбиции за место погоре на табелата се пореални.
“Чкембарите“ и останатите под Тумбекафе на висина на задачата

28 Март 2010

Одличнито амбиент кој го направија навивачката група “Чкембари“ беше надополет со тријадната публика, која поради силниот ветар не беше во број каков што сите посакуваа.

Навивачката група“Комити“ пристигнаа со пет автобуси, но петегој кој го направија кога заминуваа од стадионот, и ги каменуваа и ги вреѓаа случајните минувачи во градскиот парк секако е за осуда, а секако и фрлањето на бакли и предмети во еренот за време на натпреварот.
Од друга страна навивачите на Пелистер не направиме никаков “прекршок“ во текот на целиот натпревар.
АТАНАСОВ СО “ЧКЕМБАРИТЕ“
За разлика од другите претседатели на Пелистер кои дерби натпреварите ги следеа од ложата на клубот, сегашниот претседател Ванчо Атанасов дербито со Вардар го гледаше од трибината која е резервирана за навивачката група “Чкембари“, а оттаму громогласно ги бодреше своите фудбалери.

-Секој знае да седи во ложа, но денес беше потребно да се стимулираат фудбалерите од трибините, апубликата беше 12 фудбалер. Навреме реагиравме од трибините и дојдовме до победа, радосен во шега изјави по натпреварот претседателот Атанасов.
УПРАВАТА ГИ ВРАТИ КАРТИТЕ
Членовите на управата на Пелистер, добија гратис влезници кои требаше да ги поделат на свои пријатели, но потпретседателот Пеце Стојчевски пред средбата ги доби најголем дел од влезниците назад, со објаснување дека ги убедиле оние кои треба да добијат гратис, дека само ако купат влезница и платат 100 денари ќе му помогнат на клубот.
-Сега кога ми ги вратија влезниците и си купија на каса, знам дека сме на добар пат Пелистер да биде клуб, како секој европски, рече радосен Пеце Стојчевски, кој додаде и дека битолчани со овие градски манири имаат доверба во оваа Управа која го води Пелистер.

По победата на Пелистер над Вардар, нема одмор за “пелистерци”

29 Март 2010

Пофалби од сите страни за победата на Пелистер, а посебно за “Чкембарите“ кои достојно го бодреа својот тим, без ниту еден инцидент, без фрлање во терен и други проблеми.

Фудбалерите на Пелистер немаа време ниту да се израдуваат на вчерашната победа, бидејќи од денес веќе се во нов подготвителен циклус за саботното гостување во Куманово. Денес имаа поштеда не тренираа два пати, но веќе од утре продолжуваат со два тренинзи на ден.

По преспиената ноќ и средувањето на впечатоците од дербито, тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски вели:
-Разултатски не можам да не бидам задоволен, бидејќи победа над Вардар не мала работа, а кога тоа ќе се постигне на еден ваков прекрасен фудбалски амбиент, успехот е позначаен. Одигравме добро, колку што можеше да се одигра против еден Вардар која беше насочен кон одбрана. Постигнавме гол по добра акција, а и го одбранивме до крајот. Фудбалерите дадоа максимум, а одиграа без штедење. Ова е генералната оценка, но секако дека има, забелешки кон некои од нив, за работи кои не треба во иднина да се повторуваат, туку не треба воопшто да ги нема кај некои. Но, за тоа има време и начин како да го решиме.
Сепак најсреќен во Пелистер, оправдано беше Александар Велјановски. Аце, како го викаат соиграчите, за неговата игра во неделата под Тумбекафе вели:
-Секој од нас посакуваше да биде во составот на Пелистер за ова дерби, а се израдував кога тренерот ме прочита во составот за ова дерби. Тоа е секако успех за мене да бидам стартер на оваа средба, а ако додадам дека го постигнав голот кој ја донесе победата, нема да биде нескромно ако кажам дека многу се израдував. Без разлика дали јас или некој друг постигнеше гол, радоста ќе беше иста, не само кај мене туку и кај сите соиграчи. Довербата која ја добив од тренерот мора да се заслужи и секако да мотив за повеќе, а сите мои размислувања се движат во таа насока.
За разлика од “комитите“ кои имаа проблеми со полицијата, како велат самите, во Битола, навивачите на Пелистер, демонстрираа како треба да се навива за својот клуб без да му се нанесе штета, туку да му се помогне. Без никакви инциденти, без фрлање во терен, без ни најмали расправии со полицијата, без лични навреди и “Чкембарите“ за пример ја одработија работата вчера. Да се надеваме дека и во иднина ќе има вакви натпревари, на кои сите ќе се докажат дека најзначајно е името Пелистер.
 
Z

ziko bt

Гостин
многу ме радва ко ке кажват вакви муабети од управата дека сакат да направат подобар Пелистер и секоја година да се бори за Европа ке видиме во иднина дали има вистина во овие муабети
 
Kajgana Shop

На врв Bottom