Фан Клуб: Пелистер

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Повеке срека наредниот пат... иако ми е мака тоа е тоа.
Од пенал во крајните минути да губиш е ... :nenene::nenene::nenene:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ете зашто Пелистер не помијна ќе играше со Црвена Звезда


 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Штета што Пелистер не влезе во второ коло,храбро се држевте до 83та минута,ама се случи што се случи и тоа е тоа,останува во минатото исто како и вчерашниот убедлив триумф на мојот сакан Вардар над прилепска Победа. А иднината вели дека сега на 24ти не чека нова историска битка со вас,спремајте се момци ќе биде јако, туку не дека провоцирам,само сакам да ве прашам како е ситуацијата во Пелистер пошто знам дека пред мечот со АПОЕЛ ве дрмаше финансиска криза,на 24ти сакам да видам многу посилен ривал одошто тоа вчера беше Победа која се држеше само во првите 45 минути,со вас очекувам рамноправна битка до последен здив и до последен свиреж на судијата па нека победи подобриот.
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
Може некој да каже која е страницата на чкембарите
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Може некој да каже која е страницата на чкембарите
www.ckembari.tk
Јас ја држам.

@JovoSKMk
Ситуацијата во клубот не е нај нај.Откажаја спонзорите.Ама важното е тоа што костурот на тимот во глобала се задржа.Си отидоа Само голманот Пашовски и дефанзивецот Илир Елмазовски.Вчера пристигна и Деловски офанзивен играч поранашен пелистерец.Ке видиме до 24 има време.Ке видиме и за гостување како ке биди шо ке биди.Ама биди сигурен како со Победа шо поминавте нема така да си помините.:).Позз
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
www.ckembari.tk
Јас ја држам.

@JovoSKMk
Ситуацијата во клубот не е нај нај.Откажаја спонзорите.Ама важното е тоа што костурот на тимот во глобала се задржа.Си отидоа Само голманот Пашовски и дефанзивецот Илир Елмазовски.Вчера пристигна и Деловски офанзивен играч поранашен пелистерец.Ке видиме до 24 има време.Ке видиме и за гостување како ке биди шо ке биди.Ама биди сигурен како со Победа шо поминавте нема така да си помините.:).Позз
Уште еден играч го напушти Пелистер и тоа еден од клучните, Менде Степановски. Жал ми е за Пелистер и не сакам да му се случи судбината од пред неколку години кога испадна од Прва лига. Инаку што се однесува до натпреварот со Вардар мислам дека немате шанси дури мислам дека и ќе поминеме полесно одколку со Победа, единствено доколку не играте како на последниот натпревар на Градски со 9 играчи во одбрана.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Ама биди сигурен како со Победа шо поминавте нема така да си помините.:).Позз
Па и 5:0 би бил различен резултат од оној со Победа :) , реалноста е дека Вардар е фаворит меѓутоа само на хартија,сето тоа ќе треба да го потврдиме со надмоќна игра на теренот како во прво коло против По(д)беда.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Клубот им е отиден у курац. Како тргнале до 24ти, ќе останат без асален играч. Петарда не им бега. А и заслужуваат затоа што лани многу се занесуваа. Само сега да ги видам колку се силни.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Фаворити сте да.И да изгубиме невервам дека со многу разлика.
@Gokso-Имаш поздрав од Миранда
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Фаворити сте да.И да изгубиме невервам дека со многу разлика.
@Gokso-Имаш поздрав од Миранда
ЈОЕ имаш поздрав од сите стрелци кои гуи даваа головите изминатите 8 години, односно тоа се годините колку што немавте победа над Вардар.
П.С. Мала провокација, не е ништо надвор од нормалното. Веќе реков сакам силен Пелистер за да се врати публиката и во Битола. Не ни требаат екипи од типот на Милано, Башкими, Влазрими... кои служат само за инциденти и траат по 3 сезони. Ни треба стариот ривалитет добро познат меѓу нас навивачите.
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
joe - зашо не се отвара страната на чкембари
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
joe - зашо не се отвара страната на чкембари
Се отвора бе незнам оти тебе не ти отвора кај мене се е супер.Само мора регистрација за да читаш миселења.
@fa997
Уживај.Сите сакаат силен Вардар и силен Пелистер сите македонски фудбалски експерти во нивните колумни порачуваат дека само силни пред се овие два клуба можи да напредни фудбалот во Македонија а јас мислам не само фудбалот туку и ракометот.
Па да се надеваме на подобри денови.Вардар оваа година е шампион,а голема е веројатноста и двојна круна да освои оваа сезона.Тиња е спортот во Македонија.Се да се знаело однапред кој ке биди прв кој втор трет и т.н.За албанските клубови ете полека полека се чистат остануваат уште Милано и Ренова да се натпреваруваат таму каде што им е местото (од втора лига па надолу).
Пак ке речам да се надеваме на подобри денови кога пред се јаки клубови ке бидат Вардар и Пелистер а после нив исто така тимови со традиција како Победа,Беласица и т.н каде ке крени и навивањето во Македонија и спортот воопшто.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Далеку од најдоброто издание на Битолските фудбалски „ѕвезди“! Започнаа добро, уште на самиот старт поконкретни и подобри од противникот. 12та минута корнер за Пелистер, Миранда центрира, мешаница во шеснаесетникот на гостите, топката стига до Момировски на втора статива и него не му е тешко да погоди празен гол. Пелистер води 1-0. Публиката задоволна. Се навестува добар фудбал. Меѓутоа, околу 30тата минута го видов најнепромислениот потег што може да се направи на еден натпревар. Степановски тргнува во дриблинг, поминува еден играч од гостинската екипа и намерно го удира со лакт по лицето. Спиркоски без размислување му покажува црвен на Степановски, а овој пак без никакви замерки го напушта теренот. Очигледно беше дека фаулот го стори намерно и без буквално никаква причина.
Тука веќе малку спласна играта и добро што полувремето се ближеше оти немаше да биди чудо ако Турново постигнеше гол.

Второ полувреме релативно обичен фудбал, без некои ептен сериозни шанси. Турново покажаа дека не се многу квалитетна екипа и играат невидено груб фудбал, особено врз најдобрите поединци на противничкиот тим, во случајот Миранда. Пелистерските ѕвезди веќе почнуваат да трчаат помалку, Главевски не излезе од офсајд, не покажа ништо, Блажевски без посебна мотивација. Димов и Јованов стандардни, Миранда пожртвуван. Околу 70та минута и ладен туш за Пелистер. Контра напад на Турновци и гол! Добро што и стрелецот на голот се прерадува, отиде кај корнер знаменцето, го извади и доби жолт картон, што значеше и исклучување. Силите на теренот израмнати, ама Пелистер без некоја особена желба да постигни победнички гол. Тука, Хусеин конечно ја прави долгоочекуваната измена и излегува Главевски а на негово место во игра влегува Драган Димитровски. При самиот крај на натпреварот, кога веќе почнаа да се губат надежите, брз напад на Миранда, одлично се снаоѓа во противничкиот 16ник и упатува прекрасна топка кон Димитровски, а тој ја користи целосно и Пелистер доаѓа во водство од 2-1. Во буквално последниот напад, по уште една контра, Симоновски со одличен прием, упати добар шут и победата беше запечатена. Конечен резултат 3-1.
 

worca

Get well soon....
Член од
19 февруари 2008
Мислења
740
Поени од реакции
15
Pelister Vardar

Epa druze vaka.... jas na 24-ti sum na stadionot....epa so APOEL se drzevme, ama tie se prokleti grci....i na krajot se stepaja gi zagubija nervite i to beshe....A samo znam deka nema da bidi lesno kako lani na Gradski....ama ke vidime....A deka ima finanskiska kriza imashe ama eve veke se isplateni zaostanatite plati na fudbalerite i ima povedra atmosfera...Mongolot(biznismen i sopstvenik na 30% od akciite na Pelister i sopstvenik na nekolku fabriki i golemi taksi kompanii) veti renoviranje na stadionot i pogolemi dobivki na fudbalerit....Vsushnost koga sme veke kaj duelot PELISTER - Vardar samo edno neshto da se znae....Za pobeda na d vas....nagrada za sekoj fudbaler od po 1.500 evra.....sepak dopolnitelen motiv....Deneska(protiv Turnovo) pokazaa slaba igra....go potcenija protivnikot, Stepanovski jade crven karton....taka da bez nego vo Sk....ama ke bidi....Pozzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzz
 

Kajgana Shop

На врв Bottom