Ви се случила некоја натприродна работа?

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Се регистрирав на форумов специјално за оваа тема бидејки многу ме интересираат вакви натприродни појави и се што е паранормално. Мене лично немат ми се случено многу чудни работи на кои сум обратила посебно внимание, но сепак има се случено да слушам гласови, кои ми зборуваат нешто но не можам да ги разберам што сакат да кажат. Тоа се случуваше до пред 2 години од тогаш немат се појавено пак. Но, сега ке ви раскажам за една случка која им се случи на моите родители пред околу 20 години. Пред мене тие имале друга керка. Еден ден мајка ми била сама дома со сестра ми, татко ми на работа, и како да и се чуло нешто дека има пред вратата. Кога ја отворила внатре од никаде влегла една црна овца и отишла веднаш во спалната во креветчето на сестра ми и таму се измочала. Мајка ми не знаела чија е овцата и затоа ја заврзала пред зградата за едно дрво ако некој си ја препознае да си ја земе. Но овцата никој не ја зел. Се распрасувале низ комшии да не е нивна но никој не ја видел предходно. Другиот ден овцата не била пред зградата повеке. После многу кратко време (околу еден месец) сестра ми се разболела од леукемија и по два месеци починала. Кога отишле мајка ми во црква по немилиот настан му раскажале на попот што им се случило и тој им рекол дека всушност овцата била пратена од господ за да ја дадеме ку*бан на црквата, на некој начин да ја жрвуваат овцата за сестра ми. Тие не си земале многу здраво за готово кога тоа се случило бидејки не верувале во такви необични појави но сега се многу суверни за такви работи.
Колку несекојдневна приказна ...и чудна
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
2.144
Зошто кога си одеше накај дома не си помисли: ``Сега ќе ја видам дома Џесика Алба во ноќница!``! Кога ти тргнало, нека ти оди....

Mene ova mi se slucuva sekojdnevno.Sama doagja mislata "Ej od koga ne sum go videl ovoj, ili ne sum prael nesto" i dali nareden den ili istiot ke se sluci toa sto sum go razmisluval.Ali sama doagja mislata :))
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
Не знам колку можам ова да го наречам натприродно, но во секој случај е мистериозно :). Два "флеша", две привиденија ми се случија денеска. Од работа идам накај суд, требаше да земам нешто, и така замислен покрај Универзитетска библиотека, си зборам сам на себе (во себе)- "Замисли сега ќе го видам Мишко (кумот), на споредната врата од Апелација". После некои 100м. повторно ми се завртеа истите зборови во глава, иако ни најмалку не сум ни помислувал на тоа, ниту фала богу сум опседнат со човекот, ниту сум го видел скоро 2-3 месеца.
Влагам низ таа споредна врата, надвор насобрано луѓе ("Змиско око" ги судеа) и пред мене искача кумот и ме глеа, си се поздравивме, он брзаше за на судење, а јас у наредни 10 сек. се осеќав ко да сум паднал од Марс.
После се враќам назад низ трговски, и коа и да поминам ми текнува на едно мало кученце што се шлае низ трговскиот и си викам, еј сега гарант ќе го видам. Не поминав ни 30 м го гледам си спие до една продавница.
Чудно или не, јас сум задоволен од моите денешни визионерски способности :).
Тоа е законот на привлекување, тоа што го мислиш се материјализира. Документарецот д сикрет или книгата го објаснува ова :) мене ми се случува секој ден битно да е да не мислиш негативно и да се чувствуваш убаво.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да се надоврзам на постот на PowerMKD, мене ми се деси таква работа, тешко дека некој ќе ми поверува али ај...

Гледав фудбал Македонија - Нигерија и поима немам од каде ми дојде таква мисла, си викам што доколку снема струја на Градски, која еуфорија ... (поима неам од каде ми дојде ваква чудна мисла, стварно). Не заминаа 15 минути, Градски во мрак :pos:
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Тоа е законот на привлекување, тоа што го мислиш се материјализира. Документарецот д сикрет или книгата го објаснува ова :) мене ми се случува секој ден битно да е да не мислиш негативно и да се чувствуваш убаво.
....ne e bas zakon na privlecnosta... toa e sosem normalna rabota , toa e glasot na naseto ...vise jas..koj preku potsvesta dopira vo budna sostojba do nas i moze eda ni kaze sesto , voglavno stvari od idninata(bliska), zasto ako se od dalecna i onaka ke gi zaboravime...treba da sme dovolno cisti i da sme prisutni, vo segasnosta , rastereteni , bez mnogu misli vo glavata, bez nekoja konkretna cel , bez napnatost..togas stvarame prostor da se cue toj glas...ako znaeme da go slusame moze da imame golema korist od toa....neka se seti PowerMKD dali onaa sostojba sto ja opisav e slicna na taa vo koja se naogjal koga ova mu se slucilo i neka pise...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.419
Поени од реакции
6.056
Септемврито ,која случајност ми се случи :)
Одам да вежбам во теретана ,се погоди да е празна но не за долго пошто дојде другарчето од кого ги купував книгите во средно.После него дојде другар што учи со мене во клас.И на крај дојде другар од другар со кого имам муабет...Е сега ништо не ќе беше чудно ако тројцата немаа исто име- Павел,и тројцата се единствените Павели што ги знам .
 
\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Септемврито ,која случајност ми се случи :)
Одам да вежбам во теретана ,се погоди да е празна но не за долго пошто дојде другарчето од кого ги купував книгите во средно.После него дојде другар што учи со мене во клас.И на крај дојде другар од другар со кого имам муабет...Е сега ништо не ќе беше чудно ако тројцата немаа исто име- Павел,и тројцата се единствените Павели што ги знам .
Тука нема ништо натприродно, чиста случајност. Еве на пример јас во едно искачање во кафич еден се видов со 5ца мои другари кои се викаат Марко xD
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Јас сум многу скептична кога се во прашање натприродни работи, можеби затоа што никогаш не сум била сведок на некоја таква случка, ниту пак сум почуствувала нешто такво. А додуша супер ми е вака, несакам мирот да ми се поремети со т.н. натприродни работи, не ми требаат такви искуства.
 
HardCore

Cylon
Член од
4 февруари 2010
Мислења
139
Поени од реакции
38
Се регистрирав на форумов специјално за оваа тема бидејки многу ме интересираат вакви натприродни појави и се што е паранормално. Мене лично немат ми се случено многу чудни работи на кои сум обратила посебно внимание, но сепак има се случено да слушам гласови, кои ми зборуваат нешто но не можам да ги разберам што сакат да кажат. Тоа се случуваше до пред 2 години од тогаш немат се појавено пак. Но, сега ке ви раскажам за една случка која им се случи на моите родители пред околу 20 години. Пред мене тие имале друга керка. Еден ден мајка ми била сама дома со сестра ми, татко ми на работа, и како да и се чуло нешто дека има пред вратата. Кога ја отворила внатре од никаде влегла една црна овца и отишла веднаш во спалната во креветчето на сестра ми и таму се измочала. Мајка ми не знаела чија е овцата и затоа ја заврзала пред зградата за едно дрво ако некој си ја препознае да си ја земе. Но овцата никој не ја зел. Се распрасувале низ комшии да не е нивна но никој не ја видел предходно. Другиот ден овцата не била пред зградата повеке. После многу кратко време (околу еден месец) сестра ми се разболела од леукемија и по два месеци починала. Кога отишле мајка ми во црква по немилиот настан му раскажале на попот што им се случило и тој им рекол дека всушност овцата била пратена од господ за да ја дадеме ку*бан на црквата, на некој начин да ја жрвуваат овцата за сестра ми. Тие не си земале многу здраво за готово кога тоа се случило бидејки не верувале во такви необични појави но сега се многу суверни за такви работи.
Не постои поп кој ке ви каже дека треба да дадете курбан а камо ли курбан во крв. Последниот курбан е Исус.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.419
Поени од реакции
6.056
Тука нема ништо натприродно, чиста случајност. Еве на пример јас во едно искачање во кафич еден се видов со 5ца мои другари кои се викаат Марко xD
абе малце да разбијам монотонијава од духој,гласови и привиденија...

и не се секирајте ако слушате гласови,ништо натприродно само еден од првите симптоми на шизофренија.
 
АздисаноСакавче

Passionate Hentai Fan
Член од
19 декември 2010
Мислења
155
Поени од реакции
13
Како мал бев сведок на необична случка.Бевме на гости кај тетката на мајка ми,седевме до доцна во дворот на куќата.Одма до куќата имаат помала куќа со две собички и ходник кој ги користат како летна кујна,со една врата и прозорци свртени кон дворот каде што седевме.Се беше ОК,пред да си легнеме теткава ја заклучи вратата од таа куќа.Утрината стануваме,женава оди да отклучи за да прави појадок таму,кога од таму излегува мало дете може имаше 5~6 год.И најбизарно беше тоа што детево излегува и онака не изигнорира и ноншалантно си отиде по улицата,не беше ни исплашено,ни прегладнето,изнемоштено,најнормално облечено си излезе и си отиде.Ние во шок,немаше шанси да беше влезено дента оти речиси цел ден седевме во дворот,ќе го видевме,а и двете соби се мали неможе да се скрие внатре и никој да не го види.Вечерта вратата беше заклучена,прозорците не беа чепкани,ништо од внатре не фалеше и се си беше на место.Кое беше детето и како беше влезено си остана мистерија и до ден денес се присеќаваме на таа случка кога одиме кај роднините.
 
K

kalimer0

Гостин
Пред неколку години во спалната соба на огледалото во ќошот го здогледав ликот на Св. Петка кој за кратко време исчезна. Незнам што беше но сигурен сум (или само мојот мозок е сигурен) дека го видов Нејзиниот лик. Инаку Петковден ми е куќна слава.
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Не дека е натприродна појава, меѓутоа е случка за која што неможам да дадам логично објаснување. Имено идев со кола да играм фудбал, дресот ми беше ставен на совозачкото седиште. Го зедов другар ми и за да му направам место го зедов дресот и внимателно го префрлив на задното седиште! Кога стигнавме до стадионот дресот го нема. 100 пати после тоа ја префрлив колата и дресот уште не се појави.:toe:
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не дека е натприродна појава, меѓутоа е случка за која што неможам да дадам логично објаснување. Имено идев со кола да играм фудбал, дресот ми беше ставен на совозачкото седиште. Го зедов другар ми и за да му направам место го зедов дресот и внимателно го префрлив на задното седиште! Кога стигнавме до стадионот дресот го нема. 100 пати после тоа ја префрлив колата и дресот уште не се појави.:toe:
Мене ми се има десено нешто слично. Како мала имав слагалица една, ми беше омилена и нонстоп ја редев и ја научив напамет. Делчињата седеа во една голема округла лимена кутија.
Една вечер кога ја редев ми фалеше едно делче. И буквално цела соба ја пребарав, кога фатив да рикам и татко ми и мајка ми почнаа да го бараат делчето, во кутијата 100 пати видов не беше, је превртував. Слагалицата ја растурав и ја редев уште два пати со надеж дека ќе се појави од негде ама ништо. Не го најдовме. И фино лепо си ги вратив делчињата во лимената кутија. Утредента кога станав од спиење, прво се фатив за слагалицата. Сите делчиња ги имаше, сите беа во кутијата.
 
Ако ништо друго, твојата приказна има хепи енд! (Се зедоја на крај :) :) :))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom