Во однос на условите за кредити, каматни стапки мислам дека најдобри се Стопанска банка, е сега имаат еден голем минус во однос на тоа што имаат стар недоволно обучен кадар и поради тоа има многу голема гузва на шалтерите, но исто така не треба да се заборави дека мнозинството пензионери зимаат пензија токму од Стопанска банка и сега за да не одат во пошта и сметките ги плаќаат во банка, при што се одзема многу големо време додека се префрли сега не знам тоа како се вика во комјутерот ама еден вид како подпрограма е на главната програма и за секоја сметка се уклучува посебна подпрограма, исто така има луѓе кои што одат и непотребно во банка мислам не е толку итно, како на пример имаат орочени девизи и секој месец одат да си видат колку камата имаат добиено овој месец, еве денеска кога бев на еден му напишале нешто на книшката и сега не сакал таква да биде па сакал нова да му се извади, па ај убедување дека тоа напишаното било од службеник и така требало и на него се изгуби пола саат. Сепак понекогаш вината е и кај клиентите, а за проблемите во врска со чекањето ред имам пишувано маил на кои ми имаат одговорено дека биле во тек со тоа и се ќе направеле за да се намалело чекањето со часови.