Многу чудни работи ми се случиле, но мојата атеистичка природа секогаш наоѓа некакво логично објаснување.
Но ова неможам да го заборавам.
Минатата зима, бевме во парк и пиевме. Беше петок, 13ти февруари. Не студеше многу, но сепак дуваше некој чуден ветар. Како што седевме, покрај нас помина една циганка, несредена, преостанатите заби и беа златни, имаше долга црвена коса и искинат кожен мантил. Се гледаше дека на времето била преубава, имаше убави црти ама беше некако запуштена. Можеби и не беше циганка, туку имаше прилично темен тен. Помина покрај нас неколку пати, и како да сакаше да ни се приближи, ама немаше како.
По некое време, дојде, и некако не можеше да не фокусира. Беше или слепа, или со многу оштетен вид. Ни рече, ај видете го телефонов, треба да се јавам, ама незнам како, и ми го даде телефонот. Се нажалив, и и свртев кај што требаше, ама бројките беа некако чудни, беше во странство, ама имаше нешто што ми создаваше страв. Бројот на кој се јави не постоеше, и таа ни се заблагодари за помошта и си отиде. Не тргна два чекори напред, се сврте и ни се приближи.
Бевме три. Само јас и една другарка зборевме со неа, третата не проговори буквално ништо и се сврте накај неа, што не зачуди, таа не кажа ни збор. Почна да и кажува за иднината. Јас знам дека ме потфати малку од виното, ама бев свесна што се случува. Откако и кажа, почна на другата да и збори, и и кажа многу работи за неа што стварно имаат смисла. Се сврте накај мене и престана да збори. По некое време, негде 10-15 секунди, ми вика: "Ти... Ти имаш толку цели во животот, и незнаеш од кај да почнеш, ама ќе успееш, се плашиш да се одлучиш за она што го сакаш цел живот, ама да знаеш, само на тој факултет ќе постигнеш нешто. И ќе се заљубиш, поточно ти веќе си заљубена, ама не го знаеш тоа, и да знаеш, со твојата прва љубов ќе има компликации, ќе бидете разделени на два континенти, но ќе најдеш некој нов, со него ќе се омажиш и ќе имаш две деца, машко и женско, машкото ќе го крстиш по првата љубов, но не треба да се плашиш, затоа што колку и да сте разделени пак ќе бидете блиски".
Инстинктивно ми се насолзија очите, се збунив, незнаев што да правам, и еве, сега, по една година, многу голем дел од ова што ми го кажа се оствари.
Жената ја снема по десет секунди. Незнам каде отиде, како да испари. Никогаш повеќе не ја видов низ парк.