Забрана на мобилните телефони во образовните установи!?

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување

Забрана - да или не


  • Вкупно гласачи
    139
Г

Грејвдигер

Гостин
како што чув,за кратко време ке биде донесен закон за забрана на поседување на мобилните телефони во школите и училниците..се затоа што учениците ја злоупотребуваат примената на мобилните телефони за време на часовите..дали сте за или против за забраната
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
НЕМОЖЕ!!!!!!
телефонот претставува потреба!
што че правиме сега? ќе идеме во европа а ги немаме основните средства за комуникација!
а и знаеме што се случува, учениците ги исклучуваат мобилните а секој час слушаме ѕвон од мобилните на прогесорите!
епа нели СИТЕ СМЕ ИСТИ НА ШКОЛО?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Абе ај коа бев ја основно тогаш мобилни имаа три од триесет деца, па да речеш ликсуз е, ама сеа сите имаат мобилни па нема зашто да се забранува кога стварно е потреба. hehe:
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Прво професорите нека научат да не се јавуваат на сред час кога им ѕвони мобилниот или додека некој ученик раскажува тие да си пишуваат смс, па тогаш може и ние учениците ќе се однесуваме поинаку.
Телефоните се потреба,а за злоупотреба на прво место се професорите,па тек после ние идеме...Нас ако ни ѕвони моб(сме заборавиле да го ставиме на вибрации)одма летаме надвор од час...а ако на професорот му ѕвони никому ништо.Е не иде така!
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Се сложувам со другите.Кога тој закон ќе важи и за професорите,може да дискутирам,ако не,нека не се мачат со законов:icon_lol:
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Поефикасно е во училиштата да се постават уреди за блокирање на сигнал од мобилни телефони, како во Милениум.. е тек тогаш сите ќе бидат еднакви.
 

CT

Член од
21 февруари 2007
Мислења
384
Поени од реакции
2
I shto dokazhuvaat so ova? Shto e POENTATA? Nema da se snimaat porki? Pa ke zemat KAMERA NAJSELSKA SO STALAK, TRI METRI DOLGA.. NE PISUHVA NIGDE DEKA E ZABARNETO TOA.. glupot zhiva. Idioti
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
И да има и да нема пак ке се носат to e to

Оф топик:И да врне и да вее поштар пошта носи :)
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Ne bi trebalo da ima zabrana za mobilnite vo obrazovnite institucii, bi mozelo da ima zabrana za na cas da ne se koristat, zasto e glupavo aj sega profesorot raskazuva i pocnuva da zvoni eden mobilen, pa drug, pa tret itn i sto ke stane toa? cas nema da bide... zatoa za na cas da se isklucat t.s. na vibracii da se stavat
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Кај мене во школо се забранети веќе 2 години и пак го носам и никому ништо. Кога дојде еднаш директорката да не претресе јас го скрив телефонот во опремата физичко и утре пак го носев :) Ни закон нема да ме спречи, ни ништо :)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
P.Overdrive напиша:
Поефикасно е во училиштата да се постават уреди за блокирање на сигнал од мобилни телефони, како во Милениум.. е тек тогаш сите ќе бидат еднакви.
најпаметно решение! зашто? па бидејќи ти и да го носиш нема да можеш да го користиш и нема зашто да те претресуваат итн... не е само работава ѕвонење на час, пишување пораки и од страна на учениците и од страна на професорите. работава е се повеќе деца го злоупотребуваат мобилниот за перфектен начин за препишување преку handsfree. да се стави уред за блокирање на сигналот-најефикасна работа.
едит. не гласав бидејќи ја нема четвртата опција. па можеби мобилниот ќе притреба во некој итен случај додека се децава во училиште или после завршувањето на часовите.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Гласав ЗА. Зошто? Затоа што мобилниот телефон е измислен за КОМУНИКАЦИЈА, како потреба да се искомуницира со некој човек, а не да биде злоупотребуван знаеме сите што се не излезе од школите а тоа е снимено со мобилни телефони. У школо се иде да се учи а не да се дрви на телефон
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Не. Лично мене, мобилниот ми е потреба и не го користам за снимање на порничи во ВЦ-ињата. Што се однесува до учениците што се однесуваат девијантно, треба тие да се казнат, а не да се забрануваат мобилните.
 

VORTEX

Кафански човек
Член од
10 мај 2006
Мислења
673
Поени од реакции
1
НЕ!!!!! Колку пати ме извадил од го**а телефонот и го гледам како средство за комуникација, а за препишување има милион начини со кои не се запознаени професорите. За снимање порничи да не збориме ако е за тоа ќе земам дигиталец и пак ќе снимам, мислам дека тој пристап со забраната за носење мобилен е погрешен, мислам дека е подобро да има ригорозни санкции за оние кои претеруваат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Зашто да се забрани носењето на телефон во школо?Има многу други работи кои треба попрво да се забранат,како што е одењето на школо во алишта како за во кафиќ или у диско а не овде да ми забрануваат да го носам телефонот.
А ако веќе забрануваат да носиме телефони,нека им забранат и на професорите да ги носат.Откај па знаеме дека тие не ги злоупотребуваат?:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom