Законот веќе се донесе и ни се читаше соопштение дека секој ученик што ќе биде виден со мобилен телефон ќе биде казнет. Хаха интересно само тешко за реализација. Пак сите продолживме да ги носиме телефоните, и ученици и професори и никој не спомнал ништо за законот. Помина „ради реда” и се заборави тоа.
Знам дека телефонот не е неопходен, се може и без него ама мора да признаеме дека во денешно време веќе не е луксуз туку потреба, дефинитивно ако еден ден го заборавам телефонот дома глупо ми е, веќе навика ми станало тоа, а и не гледам причина поради која ги забрануваат.
Нема да се снимаат клипчиња, нема да се препишува?
Постоеле разни глупости во школо и ќе постојат. Со забраната на мобилните нема да се решат проблемите, туку со воспитување и внесување почит кон моралните нешта за еден ученик. Додека културата ни е на вакво ниво, секогаш ќе има глупости без разлика со телефон или без него.