abe protestantizam e sirok poim imas tuka metodisti, baptisti, adventisti...trista i peeset ama taka e zborot, nego martin Luter ucel soglasno Sveti Avgustin i biblijata za predestinacija, a denes mnogu protestantski crkvi go napustile toa ucenje.
Мартин Лутер, пријателу, земајќи си слобода слободоумно да го толкува Светото Писмо, му направил „мечкина услуга“ на ѓаволот за полесно да може да ја распарчи и да ја разедини Црквата Христова. По неговиот „изум“ (како ќе ти фати умот) тргнале и многу други слуги на ѓаволот - Милер, Елена Вајт, Расел и уште многу други, кои, се разбира, имале „визии“ и разговарале со Бога.
Се согласувам дека „протестантизам“ е широк поим, но, би додал, и „извор“ на искривување на учењето на Црквата.
Еве, доказ за тоа дека протестантизмот е идеен извор на сектантството (читај-кривоверството).
Во САД владее „демократија“ (читај - ѓаволократија), и како последица на неа, ѓаволот се обидува да ја растури Црквата Христова.
За ова да го можам да го потврдам ќе се послужам со статистички податоци од 1952 година. Имено, во оваа година таму постоеле 261 верска организација, сите регистрирани пред државните власти, од кои на протестантите им припаѓаат 238.
Во постарите протестантски верски заедници (отпадници од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква), т.е., оние, чии почетоци се од XVI до половината на XIX век, спаѓаат овие „заедници“:
Една американска епископална црква;
Дваесет лутерански цркви;
Четири реформаторски цркви;
Пет адвентистички цркви;
Шеснаесет евангелистички цркви;
Девет цркви на кверите;
Дваесет и седум цркви на баптистите;
Седум Божји цркви;
Шест цркви на мормоните;
Четиринаесет цркви на менонитите;
Дваесет и две цркви на методистите;
Седум цркви на педесетниците (пентекостни);
Единаесет цркви на презвитеријанците.
Во поновите протестантски секти, што настанале во текот на последните сто години, спаѓаат:
Сионска црква;
Осветената света Христова црква;
Црквата Божја или верата на Авраам;
Сојузот на животот и доаѓањето;
Апостолската борбена света Божја црква;
Обединетата христијанска црква на светоста;
Црквата на вечниот живот;
Божјата црква на Христовите светии;
Црквата на Евангелието;
Црквата на назореите;
Црквата на откровението;
Црквата на живиот Бог;
Црквата на новиот Ерусалим;
Евангелската црква на обединетите браќа;
Огнениот столб;
Светата црква на огненото крштавање;
Слободната сионска Христова црква;
Домот Давидов;
Христијанската наука;
Јеховините сведоци;
Христовите ученици;
Црквата на Емануил Котеш;
Црквата на знакот на отворената Библија..........
И, замислете, сите, погоре наведени, имаат „континуитет“ од Христа наваму - (времето на нивните основања и родоначалници не важи) и благодат да го проповедаат Христа и да го толкуваат Светото Писмо, по примерот на гореспомнатите, свети мартин лутер, свети милер, света елена вајт, свети расел и уште многу свети (читај - заблудени) слуги на ѓаволот.
Значи, набројавме многу „вистини“. Жално и трагично.
Наместо во последните и судбоносни моменти до крајот на животот (светот) да бидеме со „здружени сили“ и вистински, согласно со Писмото да го прославуваме Бога и да го намалиме притисокот на човекоубиецот, ние правиме обратно. Но, Црквата Христова, и во вакви, би рекле, „ненормални“ услови се обидува да го спаси тоа што може да се спаси. Господ нека се смилува над нас што правиме „човечки“ религии.