хаха, ве читам и се смеам...
Диоди колку сакаш има по 3-4 денари една, исто така и отпорници. За врзување, е боза, баш како што е дијаграмот погоре. Диодите почнуваат да светат на 1.25 волти, нормален работен напон им е 4.5-7 волти... затоа мора да има отпорник. Во спротивно со 12 волти, ќе изгорат.
Маката е кој ќе ги нареди во инструмент таблата и тастерите... таму стои стандардна сијаличка која е значително поголема од диодата, а и дава поголема светлина. Ај тоа со големината, ќе ставиш две диоди, и ќе ги затвориш со силикон од позади, ама најголемата мака е кој ќе се нафати да ја растури цела кола за да го направи тоа... има прилично многу работа, за малку ќеиф.
Ако не си ентузијаст и сам да земиш да средуваш, тешко дека ќе најдиш мајстор шо ќе ти се нафати... или ќе ти се нафати, ама ќе ти побара 100 еврони, па ти ќе се откажиш
ова горе чинам Опел Омега ќе да е а?