Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа сум на два ума...
или BENQ што пишав пред 2-3 дена, или NIKON L21. Сеа Никонот е за 400 ден. поскап али сепак име си е име :). Шо мислите вие, совет? Или па ако знаете некој друг до кај 3600 препорачајте. tnx :)
 
Дјуд. Фото апарат за 3600 денари.... Заеби.
Ако можеш да купиш некој од оние што чинат околу 6000 денари Ок, ако не.. купи си вакво... со мобилен телефон можеш поквалитетни фотографии да правиш.
 
Вчера сосема случајно го забележав SX120 на излог на продавницата на СЕТ во ГТЦ. Значи цената на фотоапаратот во СЕТ е 700 денари помала од Pix+ и 1800 денари помала од Genel.
Прашањето ми е дали има некаков downside на купување на фотоапаратот од СЕТ наместо од Pix+ да речеме?

И уште едно прашање, дали некој во Скопје ги забележал новите Eneloop батерии? Благодарам. :)
 
СЕТ се уште една од фирмите кои препродаваат Canon опрема. Исто ти се фаќа од кај и да купиш. Ако го начекаш за 10.000 или слично купувај додека не го снемало. Одличен однос цена/перформанси.
 
СЕТ се уште една од фирмите кои препродаваат Canon опрема. Исто ти се фаќа од кај и да купиш. Ако го начекаш за 10.000 или слично купувај додека не го снемало. Одличен однос цена/перформанси.

Фала ти Тончи, ми беше од голема помош.
 
Здраво, ај ако може добро туторијалче* како да се дојде до квалитетно апаратче за околу 150Е +/- релативно мала отстапка на цената. Апаратот би се користел за хоби/аматерски кликања и кратки снимања, добро би било да работи на заменливи (на полнење) батерии (ААтип) зошто немам намера да после одреден период превртувам цела македонија за одреден тип на внатрешна батерија ако изгуби капацитет или слично...

* - web/име/локација на продавница каде би можел да се набави во македонија

фала
 
Амц....:/ .
2 пати додека бев под гаранција го менував кодакот(од пред 3-4 год),за да на последниот му рикне дисплејот од неидентификувани причини.(не го имав употребувано неколку месеци и сам си беше рикнат)Тоа само со производ од Амц може да се деси.
 
Така ти се погодило, порано многу се жалеа од амц, ама незнам дали уште ги прати истата среќа.
Не ми текнува на други моментално, еве ќе се најде друг што ќе даде предлог.
 
јас лично не би го препорачал l110 пошто го имав и не сум баш задоволен,некако ми е направен како за тупи луѓе,скоро се е сведено на автоматско подесување,а ако сакаш да чкрапаш дирекно тогаш е добар.
 
Фото апаратче за околу 15-16 иљадарки?

Ае баталете тоа никоните. Никон само фул фрејм се ОК.
До 15 илјадарки Најдобар е Canon POWERSHOT SX130 IS. Во Генел е 14.000. За уште илјадарка и нешо ќе си купиш Sanyo Eneloop батерии со капацитет 2700 mhA. и после ќе фуче :)
 
Имам прилика да работам со Кановов, стварно е добар, само што е неверојатно гласен (буквално како да има рѓосани делови внатре :)), а другото е горе-долу супер. Има добар оптички зум, па трпи бааги кроп на слики.
 
Го немам штракано. Еден колега има ваков, и има многу убави фотографии... или поради ќерка му такво мислење имам... како да е. Патем сигурно не е погласен од Nikon D3 :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom