Родителско право на шамар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека прво треба да се проба со убаво,а ако не оди тогаш ќе дојде тоа што верувам дека на ниеден родител не му е сеедно да го направи.
Некои деца само така се разбираат,џабе се разни муабети и казни.
Би оправдала шамар,ама во екстремно лоши случаеви кога детето несака да се смири и кога тера инает на повозрасните.:pipi:
Или, може родителот да жали за авторитетот кој не можел да го воспостави додека детето се` уште било многу мало, па сега сака да го наметне со помош на сила.
Запамти, детето никогаш не тера инает на претпоставените, доколку тоа претходно не му било толерирано и дозволено.
Не секогаш децата се криви што родителите премногу попуштаат, и после кога гледаат дека работите излегуваат надвор од контрола, преминуваат на физички начин на воспитување.
Сосем погрешно.
 
Јас не сум за шамар...ама ич не оправдувам тоа. :nenene: Според мене тоа е најглупиот начин да се воспита едно дете. Може се со збор, ама на тоа треба да се мисли на време, уште додека е детето мало треба правилно да се воспита и нема да дојде ни до ситуација за употреба на сила.

Јас за среќа не можам да се пожалам од моите од тој гледен аспект бидејќи ме немаат истепано. Се случувало некогаш да ми удрат шамар, али некогаш сум сама крива за тоа [ако нешто им одвраќам особено кога се нервозни]. (татко ми тоа, мајка ми е помека, али построга).
Ама сепак е во граници на нормалата и не е ништо страшно, се заборава :smir:
 
Тоа „право“ во сите нормални земји е забрането и за било каква гребатинка и модрица на детето доаѓаат социјални служби и го одземаат детето , се додека родителот или родителите на сфатат и поправат.Но, тоа го одлучува судот.
Не се сложувам со оваа „метода“ на воспитување на детето, бидејќи кога се мали децата тие се tabula rasa (празна табла) и впиваат знаење и љубов од страна на родителите.Доколку самото тепање , или па во секој случај малтретирање на детето прерасне во поголемо насилство, што тогаш? Детето дома ќе биде светец и мирно , а на улица ќе биде исто како нив.Но , не секој случај е таков.Има малтретирани деца кои потоа се повлекуваат во себе.Најчесто малтретираните деца во детството стануваат bulies и потоа излегува дека самото дете е криво , а не тие што го научиле на тоа.
Што се однесува до тоа дали мене моите некогаш ме удриле , одговорот е негативен.Јас со татко ми никогаш не сум била блиска и не е запознает со многу работи за мојот живот, така да немал ни потреба.
Со мајка ми сум неразделна (не сум галениче) и можам да се пофалам дека ниту еднаш во животот нема кренато рака на мене.Посакувам сите да имаат таква мајка.Жената е хипик.Ѕвер :)
 
Рака врз дете не ни треба да се помисли да се крене!!!(да не пишувам 20.000реда сеа)

Јас не сум за шамар...ама ич не оправдувам тоа. :nenene: Според мене тоа е најглупиот начин да се воспита едно дете. Може се со збор, ама на тоа треба да се мисли на време, уште додека е детето мало треба правилно да се воспита и нема да дојде ни до ситуација за употреба на сила.

Јас за среќа не можам да се пожалам од моите од тој гледен аспект бидејќи ме немаат истепано. Се случувало некогаш да ми удрат шамар, али некогаш сум сама крива за тоа [ако нешто им одвраќам особено кога се нервозни]. (татко ми тоа, мајка ми е помека, али построга).
Ама сепак е во граници на нормалата и не е ништо страшно, се заборава :smir:

Точно!
 
Едно плеснување по гз не го воспитува дете, но го освестува и освежува :) Не верувам дека еден од вас не добил такво освежување :) Не зборувам за тепање и малтертирање (тоа е друга приказна).

Тоа „право“ во сите нормални земји е забрането и за било каква гребатинка и модрица на детето доаѓаат социјални служби и го одземаат детето , се додека родителот или родителите на сфатат и поправат.
Во голема заблуда си :) И те како се плескаат па за толку малку никој не реагирал, некогаш ни на поголемо не реагираат. Не е ни во другите земји така средено ко што мислиш.
 
Треба да се има за право, како не, се слушате ли шо лафите? Ќе го трпам јас како ми се гали на 15 години и секоја година ја повторува истата грешка? Едноставно ако нема разбирање со разговор единствено што преостанува е ќотекот... :toe:
така е брат,за некои не треба разговор,само ќотек(некои како мене :toe: )
 
Treba deteto navreme da se vospita da ne dojde do situacija da se krene raka, ako dojde do takva situacija dzabe e veke, ne raka ako sakas i nozite kreni gi isto ti se fakja, deteto nema da se promeni, moze samo da se izrevoltira i uste poloso da stane.
 
Ја, на пример, би напишала вака: шамар=дотерување на памет.
Шамарот го гледам како врска меѓу светот на фантазијата и реалноста (т.е стедство за враќање во реалноста). И што е најважно-што порано го попиеш првиот, поспремен си за живот...и коа ќе размислам подобро, барем првиот пат треба да е од (со) некој кој го сакаш...:smir:
 
Треба некогаш една воспитна за детето, но да не се претерува и да не се малтретира тоа е веќе друго. Јас сум кркал ќотек ко мал па еве ме здрав, прав ништо не ми фали, за разлика од многу што ги знам кои дома ги гледаа во стаклено звоно па сеуште се разгалени лигуши и уште плачат ако им речеш НЕ. Има ситуации кога детето си заслужува шамар кој не треба да биде силен но од самата постапка малиот ќе се расплачи и ќе ја научи лекцијата. И ве молам воспитниот шамар да не го мешате со насилство врз децата.
 
Само мама смее да ми удри шамар!
Од ќотек признавам само шамар у образ ,се` друго е претерано и одвишно!
Последен пат си добив шамар у трето одд. и добро се сеќавам на случката и знам дека си ја заслужив казната.
Секогаш сум била мирна ,а и кога сум збеснувала најчесто ми држеле „лекција’’ ,никогаш не ме тепале.
Сметам дека подобар ефект врз однесувањето на детето има еден сериозен разговор отколку ќотек или казнување.
Мене отсекогаш повеќе ме болеле зборовите отколу ќотекот.
 
Ја, на пример, би напишала вака: шамар=дотерување на памет.
Шамарот го гледам како врска меѓу светот на фантазијата и реалноста (т.е стедство за враќање во реалноста). И што е најважно-што порано го попиеш првиот, поспремен си за живот...и коа ќе размислам подобро, барем првиот пат треба да е од (со) некој кој го сакаш...:smir:

Шамар=прекасно дотерување на памет.
Не е до децата проблемот што се деца.
Проблемот е до ваквите како тебе, ќе дотеруваат памет со шамари, кога не можат со зборови.
Браво, одличен начин да се врати изгубениот авторитет.
Немам коментар.
Некои луѓе едноставно немаат право да бидат родители..
 
па кога се мали да.... само така слушааат...но кога ќе пораснат ... не знам глупаво ми е ... мене таткоми не ми удрил шамар од 14 год.. вика се срамам да те тепам види колку си голем
 
И сега? Смеам или не смеам да му акнам една и да го залепам за ѕид? Црево више боли и не е у глава, као пендрек :)

Инаку за шамар, тоа е нешто најпогрешно, како и по задник (зборам за нормални удари, не како комарец). На лицето може да се акне по нерв па да му се искриви лицето, а и на задникот има нерви кои може лесно да се погодат. Воопшто удар во глава, стомак...слични места носат огромен ризик (во средина на стомакот има нервен јазол кој, ако се погоди-а не е тешко-може да донесе лоши последици).

Ако веќе се мора (сепак според мене е излишно, непотребно е тепање), поарно по грб затоа што има најмала можност за повреда (подебела кожа, поголеми мускули...). Освен ако е некој ѕвер па успее да удри некого во кичма. Тогаш боље нек се отепа самиот.

Треба да е доволно погледот од родител за дете да послуша, во краен случај припрема на рака. Се друго е терсене и со можни психофизички последици. После цел живот некој ќе се јаде.

Резиме
Ќотек не, осим ако се мора-во краен случај. Посебно кај повозрасно дете (кај мало што велат -по малку е здраво).
 
По газе, можеби...Се друго, не поштујем! Не прави никад на друг тоа што не сакаш да ти го прават тебе. (зошто децата би биле исклучок-спротивно треба да си поригорозен)

Срциња убави, знаат да те извадат од кожа ама шамар? Сепак-не!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom