Родителско право на шамар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Со шамарот ништо неможе да се реши, тој не може да е решение на ниту еден проблем.Џабе е удирање кога нема добивка од тоа некаква.Се се постигнува со разговор а шамарот не оправдува нисту една цел.
 
Мора да имаме контрола над децата и во одредени сиуации да покажеме авторитет,но треба и да внимаваме на кој начин.Шамар како шамар ќе го боли детето психички,па за нареден пат малку ќе се подзамисли пред да направи некоја глупост.Само јас не сум ни за тоа,ако успееш со зборови или на поинаков начин да го искараш детето за некоја постапка можеш да бидеш задоволен,а не кога детето не прави нешто затоа што се плаши од тебе.Поубаво е кога не прави нешто бидејќи се срами да те разочара,поради зборовите кои подоцна ќе го болат отколку шамарот.Не треба деца да се тепаат,никое суштество живо не треба да се тепа.Не сме животни,се може а смирен начин да се реши.
 
Понекогаш е потребно тоа пошо некои деца не се разбираат само од збор. Во денешно време децата се премногу разгалени и потребно е да се воспостави ред. Но треба да се има и граница.
 
пред се ... треба прво да се проба со разговор ... затоа што со разговор се решава се... но доколку детето не слуша што му се збори ... и доколку мора да се применат некои поинакви мерки ... тогаш оправдувам ... инаку не баш :smir:
 
Со шамарот ништо неможе да се реши, тој не може да е решение на ниту еден проблем.Џабе е удирање кога нема добивка од тоа некаква.Се се постигнува со разговор а шамарот не оправдува нисту една цел.

Точно така :)
 
Мислам дека прво треба да се проба со убаво,а ако не оди тогаш ќе дојде тоа што верувам дека на ниеден родител не му е сеедно да го направи.
Некои деца само така се разбираат,џабе се разни муабети и казни.
Би оправдала шамар,ама во екстремно лоши случаеви кога детето несака да се смири и кога тера инает на повозрасните.:pipi:
 
И јас не се сложувам ама муабетов треба да го правиме кога ќе имаме деца:helou:
 
Така си е бе ilija.И јас дури немав деца се чудев кога ќе видев некои накострешени мајки како викаат по децата и ги ќофтаат и се прашував како можат онака со децана?Ама сега и јас си имам дечиња и јасно ми е дека на дете што се дрецкат од земја не можит со збор да му се објаснит.Си сакат малце ќотече ама по газето
 
јас сум против ова пошо многу шамарење имам јадено... не кријам... знам како е и дури за ништо да јајш шамар... сепак уште мислам дека на мое дете нема рака да кренам пошо поминав многу во плачење и сл. работи знам како е некој ко ќе ме удреше се помалку го сакав и сеуште е така и мислам дека некој ден ако ме удрат нема да можам да се воздржам па или ја или тој шо ме удрил ќе завршит вболница...
 
Со шамарот ништо неможе да се реши, тој не може да е решение на ниту еден проблем.Џабе е удирање кога нема добивка од тоа некаква.Се се постигнува со разговор а шамарот не оправдува нисту една цел.

Точно, до никаде не води шамарот како воспитна мерка.Но, до сите деца, тинејџери, не допира разговорот и гледат само шо побрзо да заврши, да ги проголтат досадите што ги стварат родителите и да продолжат по свое.Поради размазеноста на некои од децата денес родителите понекогаш го употребуваат шамарот и со тоа здобиваат страхопочит кај детето со што ќе се размисли двапати дали ќе сака да си ја повтори грешката.Кај некои тоа не пали ама родителите шо имаат убаво напрцени деца(по нивна заслуга) пробуваат и со разговор, шамар, покачување на тон.....Ако е вистински изгубена контролата над детето уште порано тогаш шамарот ќе е за родителот.
 
Мислам дека прво треба да се проба со убаво,а ако не оди тогаш ќе дојде тоа што верувам дека на ниеден родител не му е сеедно да го направи.
Некои деца само така се разбираат,џабе се разни муабети и казни.
Би оправдала шамар,ама во екстремно лоши случаеви кога детето несака да се смири и кога тера инает на повозрасните.:pipi:
Потполно се сложувам со тебе. :pipi:
 
Треба да се има за право, како не, се слушате ли шо лафите? Ќе го трпам јас како ми се гали на 15 години и секоја година ја повторува истата грешка? Едноставно ако нема разбирање со разговор единствено што преостанува е ќотекот... :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom