Обичен тренинг натпревар без никаква важност, дури не беше ни официјален. Ама голот ме остави без текст 10 минути и се уште не ми се верува дека се случи.
Македонија (во времето на Хаџиевски) неколку дена пред квалификационен натпревар на гости со Малта играше на Градски а спаринг партнер и беше Цементарница (или ФЦУ тогаш не е важно). Некаде во второто полувреме влегува во игра Игор Саша Николовски, еден од подобрите играчи во тоа време. Оди човекот во одбрана кај што му беше местото, доаѓа топката до него, и овој застанува некако збунет, публиката во исчекување... и во еден момент се заврти кон Милошески и постигна ефектен автогол! Изгуби компас човекот на која страна се наоѓа :pos2:. Уште се сеќавам на изразот на лицето на Перо на голот ништо не му беше јасно...
После ова имаше смеење на јужна до крајот на натпреварот а една група навивачи на Цементарница си тераа сеир цело време. Мене и ден денес не ми е јасно што му бидна на човекот ама начисто ме шокираше...
Неколку дена подоцна постигна гол против Малта (овојпат на вистинската страна) и се извади за глупоста. Пред некое време видов и клип на youtube со слична ситуација од некое првенство. Оф топик, имам видено и тројка на кошаркарски (исто неважен) натпревар на истиот начин, со тотално губење компас...