Потрагата по нашите 5 минути?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Како ги замислувам ?
Па некој(а) да ми речи „Еве сеа почнуват твојте 5 минути“, и јас кутриот од шо не ќе знам шо да напрам ќе ми поминат во размислување и дво и повеќе умење
 
Моите пет минути ги замислувам како бранам дипломска. Значи тие почетни пет минути ќе бидат можеби одлучувачки за понатамошниот развој на настаните на целиот настан. Се замислувам како стојам пред три професорки кои ме знаат као фин дечко и кои само сакаат да си потврдат дека пред себе имаат дипломски гуру. Фино ги гледам од сите страни, дискретно се смешкам но сепак не превише затоа што не личи да изгледам дека сум дошол надуван на дипломска.
Почнувам да ја бранам темата на дипломската строго концентрирајќи се на темата и гледајќи како да убацам некоја шега успат за сликата да биде уште подобра. Во првите пет минути е исто битно да не бидам прекинат или лесно збунет затоа што тоа би дал лош тек на настаните.
После тие пет минути следува останатиот дел од испитот и секако делењето бомбониери на крај.

Иам уште 2 години до ова, боље да почнам да се спремам . . .
 
Тотално мачење. И ке плачам. Сигурно нема да изигравам мачо фраер пред смрт.
 
Тотално мачење. И ке плачам. Сигурно нема да изигравам мачо фраер пред смрт.

Okej very smart... но сигурно не се мисли на тие 5 минути од животот пред твојата смрт уствари од кај знаеш како ќе умреш и дали ќе плачеш и ќе се мачеш. Најверојатно се мисли на шанса или момент за нешто што не си го доживеал, не си успеал да го оствариш или пак си го пуштил од раце велејќи си ќе дојдат и моите 5 минути ...ќе биде (:
 
Okej very smart... но сигурно не се мисли на тие 5 минути од животот пред твојата смрт уствари од кај знаеш како ќе умреш и дали ќе плачеш и ќе се мачеш. Најверојатно се мисли на шанса или момент за нешто што не си го доживеал, не си успеал да го оствариш или пак си го пуштил од раце велејќи си ќе дојдат и моите 5 минути ...ќе биде (:

Само 5те минути пред да умреш имаат сигурен крај. Затоа не се знае кога ке биде твојот прајм тајм и колку ке трае и со тоа неможам да замислувам.

И да. 5 минути е симболично, знам.
 
Оние 5 што ги замислував веќе ги доживеав.Му приредив најголемо понижување и болка до дното на душата на тој што највеќе ме повреди.Буквално беа тие метафорички 5 минути.Уживав додека се случуваше тоа и додека бев ладна-камен спрема неговите солзи :pehar::devil2::devil2::devil2:
Нема повеќе 5 минути.
Наредните убавини и задоволства во животот ги замислувам со мојата најголема љубов воедно и единствената причина за која постојам.
:back:
 
Па тоа би биле првите 5 минути од новата година откако во завршната годишна сметка од мојата фирма ќе внесам 1,000,000 профит. :pos2:
 
interesno

kako gi zamisluvate pa zaprasajte se....... sigurno koga ke si dojdat site kocki od mozaikot na svoe mesto togas :)
 
Он: Не ги замислувам никако. Ниту се обидувам. Само знам дека кога е потребно ќе дојдат.

Сега веќе имам претстава отприлика како ќе изгледаат :) Барем дел од тие 5 мин. Само знам дека ќе бидат мнооогу слатки. Заситувачки доволно за преостанатиот дел од нив.
Знам дека ќе дојдат и одвај ги чекам. :гррр:
 
Знам само дека нема да траат 5 минути. Ќе траат подолго. Многу подолго.
 
Некогаш се вели тоа од страна "Ке дојдат твоите 5 минути"во случај на некоја нервоза или пак некој ти кажал нешто па те исмејувал и се вели токму тоа и чекаш да дојде тој период и да му "плеснеш" во лице.

Моите 5 минути си ги замислувам како минути во кои би немала ниту еден проблем,односно би заборавила на се и ке свртам нов лист.Во кои би се смеела на сите глупости кои сум ги правела,би кроила планови што понатаму...секако ако дојдат:wink:
 
Моите 5 минути?
Најверојатно нема да сфатам дека се тие тие, и ке поминат како секои, сеуште чекајки ги да дојдат.
 
Како 300 секунди од нешто што е поголемо. Во принцип гледам резултатите од мојот труд да траат повеќе од пет минути;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom