Прв доказ дека Неси постои
Сликата на "Google Earth" би можела да биде првиот доказ дека воденото чудовиште Неси навистина постои...
Случајно до оваа фотка на координатите ширина - 57°12'52.13"N и должина 4°34'14.16"W дошол британецот Џејсон Кук.
Обожавателите на мистеричното чудовиште од Шкотското езеро беа загрижени за него, бидејќи во изминатите година дена немало ниедно јавување или траги од Неси.
"Мислевме дека климатските услови би можеле да влијаат на него.
Загрижени сме, бидејќи повеќе од една година никој не јавил траги од него", изјави претседателот на Неси фан клубот, Кери Кембел.
Чудовиштето Неси за првпат се "појавило" во 1933 година, и од тогаш секоја година десетина сведоци тврдат дека го виделе.
Минатата година, истражувачи од "Discovery" го пребаруваа езерото со сонари и подводни камери, но без значајни резултати.