ај да се надоврзам, кога веќе зборувате за тренерите.
Кадија, Кадија, Кадија, бомбастично го најавивме, се сеќавам по интернет цела ноќ барав податоци за него, како има успеси со Ловќен (ги победил и Партизан и Звезда во иста сезона), како осовил европско првенство, како настапувал во евролига со Будучност. Да навистина има успеси, но на нашиот тим никако да му тргне посериозно, со Кадија го победивме Вардар во Скопје, Пелистер во Струмица, изгубивме од Фени во Кавадарци, во плејофот 3-1 против МЗТ, пораз во Скопје, 2 победи дома и една во гости. а сега со Фени два пораза во Кавадарци, и една победа во Струмица, се вкупно 6 победи и 4 порази, хммм.
Сменивме три тренери оваа сезона, од Арсич бев задоволен, од Давитков разочаран (а и не очекував многу), Кадија многу повеќе верувам во него отколку што се постигнуваат успеси ама тоа е, не е се до тренеро има и нешто повеќе во играчите. Барем да може да се избори за еден Брејк во кавадарци (наша последна шанса за спас).
Но по последново што го слушам и читам, како изјавата на Стратос дека тренерот не го бива, па тоа што се глупирал во соблекувалната во кавадарци, ја намалуваат вербата во него. Најмногу од се ме нервира тоа што е ептен нервозен и на натпреварите понекогаш таа нервоза ја пренесува и на кошаркарите, тоа го забележав вчера во Кавадарци, на тај маут почна да се кара со Пуповиќ и тај се изнервира зема тресна крпата и седна на страна.
Можеби требаше да остане Арсич, повеќе ќе ги уиграеше кошаркарите, имаше време. Но најмногу од се треба да се вратат или Стратос или Влаикидис.