Ајде вака стручњаче, гледам најактивен си тука, на сите Ноле фанови им реплицираш, како само ти да гледаш и разбираш тенис...
Голема работа што сте кажале ти или РокенРола, кога не сте објективни... Значи збориме за моменталната форма на играчите, а тоа кажува дека Ноле е далеку пред другите... не дека другите се слаби, туку Ноле е во голема форма... дека Надал е вон форма, не би рекол, бидејќи на скоро секој турнир оваа година играше во финале, но тука имаше големи проблеми со Ноле, еден земан сет во три финалиња на Мастерс турнири... Друго, неможе просечен играч да биде константно 5-6 години во врвот на АТП листата (во поголем дел меѓу први три)... Просечен играч може да се каже дека е пример Белучи (врв на кариера му е полуфинале на Мастерс турнир)... и неможе просечен играч да ги победи по три пати во рок од 4-5 месеци најдобриот тенисер во историјата на тенисот и најдобриот тенисер според АТП листата...
На Надал, 80% од гренд-слемите и турнирите му се освоени на земја, ако идеме според ваша логика, тогаш Надал не е константен и комплетен тенисер, бидејќи освен на земја, добри резултати не бележи и на другите подлоги...
И за тоа последното, не биди смешен молим те... како прво не си компетентен да зборуваш што ќе се случи наредната година... живи здрави ќе видиме дали ќе одбрани пола или сите турнири од оваа година...
Затоа велам не сте објективни... кога моментално најдобар тенисер е Ноле, тогаш или Надал не е во форма, или го ебат колената, или бил преморен, или не бил мотивиран, или ја свртете темата како Надал имал повеќе титули (читај минато), или пак Ноле е просечен и не константен играч, па неможе да ги одбрани титулите наредната година (читај иднина)... ама кога Надал е најдобар, е тогаш противниците како мед и млеко да им тече, како да немаат проблеми со премореност, повреди, тогаш однапред се знае дека Надал и следната година ќе освои се итн. итн... Патетики сте... поздрав